андреј миске – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 Mar 2021 12:39:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png андреј миске – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Андреј Миске има да ви каже нешто како за… – „Крај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrej-miske-ima-da-vi-kaze-neshto-kakoza-kraj-video/ Mon, 29 Mar 2021 12:33:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196493

Некогашниот македонски рапер Андреј Миске,кој паралелно со кариерата го тера и шминкерско – фризерскиот занает или како што популарно се нарекува – моден стилист, одвреме-навреме и се враќа на првата љубов - музиката! Ако не повеќе, тогаш барем еднаш годишно Миске знае да исфрли нова песна, да убоде стихови, залепи певлив рефрен и срамежливо да се врати или барем да се пријави дека се' уште не и кажал збогум на музиката за сметка на  фризерајот и козметиката! Така, во 2017 Андреј Миске на старата дует песна „Те сакам за себе“ со џепната венера - Ноне и налепи видео и го закачи на Јутјуб. Една година пото, во 2018 од нигде-никаде го видовме во видеото и заедничката песна со бугарската пејачка Елица, во темата со наслов „После тебе“. Во 2019 година  не низненади кога за прв пат во обид да ја направи пејачка, ја лансираше меѓу познатите бившата сопруга на Даниел Кајмакоски, мисицата и модел Кристина Димитриевска со која во дует ја испеа нејзината дебитантска песна „Сакам пак“. Минатат година веројатно заради коронапандемијата и принудното мирување на целокупната естрада Миске не се огласи со нова тема, но затоа пак, уште на почетокот на оваа 2021 -ва година еве го најпознатиот рапер помеѓу фризерите и шминкерите со ново музичко дело. Андреј Миске и аудио и визуелно ни ја сервира суровата реалност на тацна, која ионака секојдневно ја живееме, а медиумите безмилосно дополнително не потсетуваат на неа. На сето тоа, неговите прогнози во стиховите не само што не се оптимистички, туку се депресивно песимистички, како и самиот наслов на темата насловена -  „Крај“. Дали навистина нема да биде подобро, туку не чека само полошо утре и поцрна иднина и нас и идните генерации и дали крајот е близу...? Кој може со сигурност да каже, иако Миске на уметнички начини сакал тоа да го претпостави и прогнозира. Стиховите, аранжманот, миксот и мастерингот ги направил самиот тој, додека во изведбата на рефренот му се приклучил Борче Павлевски, а лирик видеото е склопено од апокалиптични филмски сцени спакувани  од „Миске бит продукција“. https://www.youtube.com/watch?v=NAc49JfxAZA  ]]>

Предизвикот да се споделуваат фотографии од детството го прифатија и естрадните личности – најмногу жените, а само еден маж ги разбира.. еве кој и зошто?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/predizvikot-da-se-spodeluvaat-fotografii-od-detstvoto-go-prifatija-i-estradnite-lichnosti-najmnogu-zenite-a-samo-eden-maz-gi-razbira-eve-koj-i-zoshto-foto/ Wed, 25 Mar 2020 09:07:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141250

Животот во изолација од короначунмата сите не затвори дома. И познати и непознати и славните и популарни јавни фаци и обичните луѓе... речиси сите, освен оние кои навистина е неопходно да одат на работа, додека сите заедно чекаме подобри времиња. А времето „помеѓу врати и ѕидови“ не минува туку така лесно и брзо, особено ако не си навикнат да бидеш затворен дома. Затоа сите ние, меѓу кои и познатите Македонци и Македонки бараат наразлични начини да направат нешто интересно за себе и своите фанови, па почнаа да си поставуваат разни предизвици преку социјалните мрежи. Забавата бргу се прошири, па „вирусот“ наречен предизвик ги зафати речиси сите. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/foto-predizvik-od-karantinot-vaka-izgledaa-makedonskite-folk-pejachki-kako-nevesti-foto-video/ Фолкер(к)ите почнаа да си поставуваат предизвик кој, која песна да ја отпее онлајн во живо со или без музичка придружба, па да го споделат видеото, потоа дојде на ред мажените пејачки да споделат невестинска фотографија од свадбата, а еден од првите предизвици беше оној за објава на ретро фотографија од тоа, кој како изгледал во детството или раната младост. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/foto-predizvik-vo-vreme-na-korona-eve-kako-izgledaa-poznatite-makedonci-vo-detstvoto-karolina-so-bumbar-obrazi-foto/ Одговорот на рашањето за потребата зошто тоа го прават е повеќе од јасен. Ама зошто и од каде поривот да се споделуваат токму фотографии од детството е прашање на кое тешко може да се даде одговор?! Дали ситуацијата и изолацијата на луѓето им ги врати сеќавањата и носталгијата по убавите времиња, дали им ја разбуди свеста и емпатијата кон луѓето, потсетувајќи ги на „старите добри времиња“ кога се ценеа и почитуваа вистинските вредности, особено оние нематеријалните многу повеќе од парите...? Колку прашања, толку одговори, а меѓу нив само еден е вистинскиот! Или барем нему така му се чини, зашто тој, веројатно тргнувајќи од аспект на својата професија, така ги перцепира работите. А тој - некој, е никој друг туку некогашниот македонски рапер Андреј Миске. Паралелно со кариерата, Миске го тераше и шминкерско - фризерскиот занает или како што популарно се нарекува - моден стилист! Најпрвин во Скопје,па во родното Делчево, а од пред некоја година се скраси во Штип, каде отвори козметичко - фризерско студио, каде ги разубавува сите: И обичните граѓани и познатите естрадни ѕвезди и мажи и жени... Жените, особено! Затоа Миске, ако не е единствениот, е еден од ретките кој има одговор на претходното прашање: Зошто сите, особено познатите личности почнаа на социјалните мрежи да споделуваат фотографии од детството? А најмногу од нив - жените!? Не би навлегувале во коментари  дали човекот Е или НЕ Е  во право, ама ако подобро размислите... Има логика!  Зашто фризерот, најдобро ги разбира жените!  ]]>

Бившата на Кајмакоски конечно пропеа: „Сакам пак“, само не кажа со кого? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bivshata-na-kajmakoski-konechno-propea-sakam-pak-samo-ne-kaza-so-kogo-video/ Wed, 18 Sep 2019 09:35:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107495

Додека беше во брак со Даниел Кајмакоски таа важеше за тивка, нежна, неизбежна... Барем во неговиот живот, а и на фотографиите на социјалните мрежи кои момчето со „Х фактор“ за пеење ги споделуваше. Но, за жал се покажа дека  пејачкиот „Х фактор“ не е доволен за да бидеш фактор и кај жените... Не барем кај оваа, па бракот на Даниел со Кристина Димитриевска пропадна. Потоа таа се огласи во јавноста не само на фотографии туку и со свои изјави во медиумите, па тивката, нежна, неизбежна, сопруга, стана атрактивна, пожелна, секси, згодна, неопходна...  пејачка Кристина Димитри, како што се потпишува самата! Фитнесот за лична употреба, ама и како тренер останува во игра, како и кариерата на модел, кои Кристина решила паралелно да ги практикува со пеењето. Се разбира ако успее да опстои во пејачките води, во македонската мала естрадна бара полна со  „крокодили“, и домашни и оние кои доаѓаат однадвор, подготвени без пардон да проголтаат се' што ќе им се пристори за конкуренција. Сепак, и покрај сета убавина, женственост, атрактивност, сексапил... Кристина Димитри тешко дека ќе може да биде некому сериозна конкуренција. Добро, не пеат кој знае како ни една Кристина Кија Коцкар, Луна Ѓогани или незнам која друга старлета од соседството, па сепак тргнаа да станат пејачки,  многу повеќе нудејќи го она што наннив се гледа, отколку она што од нив се слуша, ама сепак... Тој пазар има друга математика од овој, нашиов! Конечно нив реалните шоуа ги направија тоа што се, па затоа можеби оттаму и не е лоша оваа идеја, во тој правец да подразмисли и нашава Кристина... И самата е добар мамец на кој  српските продуценти би можеле да зазгризат, како бивша жена на Даниел Кајмакоски. Впрочем и Кија така влета... Како актуелно жена на Слоба Радановиќ чиј брак беше во распаѓање, а потоа дури и победи, па и направи некаква кариера. Затоа и за Кики пеењето потоа може да биде само јаготка на шлагот... Само што најпрвин тортата треба да се изготви! Вака само локално ќе си потпевнува додека не и помине рокот на траење и не се најде друго дете... Поинтересно и поатрактивно! Инаку, „Сакам пак“  е авторско дело ( музика и текст) на македонскиот рапер, фризер и стилист Андреј Миске, а аранжманот го направил Јордан Манов. Во неа Миске во поголемиот дел од темата рапува, додека Кики се вклучува со својот вокал во рефрените. Она што Кристина визуелно има да го понуди се чини е многу поинтересно во видеото изработено од Sygnius Production. Додека ја слушате песната можете да уживате и во приказната, ама и во жешките кадри на сексапилната убавица, моделот со пејачки амбиции Кристина Димитри. која пее „Сакам пак“. Само не кажа со кого? https://www.youtube.com/watch?v=dFgMyr1wfpU]]>

Елица и Андреј Миска – дует за македонско-бугарска соработка во „После тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elica-i-andrej-miska-duet-za-makedonsko-bugarska-sorabotka-vo-posle-tebe-video/ Fri, 03 Aug 2018 08:25:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41361

Уште еден македонски изведувач се обидува да направи кариера надвор од Македонија, овој пат на музичката естрада кај источниот сосед - Бугарија.
Имено, најавениот видео запис и песната  “След теб” (После тебе) во изведба на македонскиот рапер Андреј Миске и екстравагантната бугарска пејачка Елица конечно ја доживеа својата премиера.
На својот официјален фејсбук профил Миске им се заблагодари на сите кои учествуваа во креирањето на видео записот кој несомнено претендира да биде балкански летен хит, а веќе наголемо се врти како на „Фен ТВ“, така и на останатите популарни бугарски музички ТВ канали. Како што претходно истакна Миске, спотот е во режија на Христо Кавалов од Пловдив, а истиот е снимен на неколку атрактивни локации во Несебар.
Погледнете ја премиерата на најновото летно остварување на Андреј Миске и Елица. https://www.youtube.com/watch?v=CAzZyIwOZ6s  ]]>

Ни крива ни должна, Ноне има нов спот: Андреј Миске на старата дует песна со џепната венера и налепи видео и го закачи на Јутјуб!? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ni-kriva-ni-dolzna-none-ima-nov-spot-andrej-miske-na-starata-duet-pesna-so-dzepnata-venera-i-nalepi-video-i-go-zakachi-na-jutjub-video/ Thu, 19 Oct 2017 10:07:18 +0000 http://vistina.mk/?p=475

Верувале или не, Ноне има нов спот!? Не, не е шега, ама не е ниту вистина дека македонската џепна венера се враќа на естрадата. Додека таа мирно плови на својот брод по светските мориња и океани, некој се досети дека од стариот музички капитал на бившата пејачка може да прави бенефит.
Или можеби само спомени и емоции се во прашање, со оглед на тоа дека идејата е исто така на бивш македонски пејач,или поточно рапер,  кој сега  има сосема професија: фризер-шминкер или што би рекле стилист!
Веројатно се сеќавате на Андреј Миске, кој сегашната професија ја работеше по скопските студија за убавина и во моментите уште кога почнуваше да прави музичка кариера. Зад себе остави неколку песни што се паметат, и по некој дует, меѓу  кој и оној со Ноне, за песната  „Те сакам за себе“ – едно од првите композиторски  дела на Дарко Илиевски ... што подоцна се покажа дека всушност ќе биде последната песна во кариерата на велешанката... Барем  сега засега!
Песната тогаш, во таа 2011-та година мина како мина, ама мина без видеоспот, зашто набргу Ноне  „се откажа“ од  пејачката кариера и замина да работи на брод. Миске стана семеен човек, па и се врати на професијата која всушност и никогаш не ја напушти – моден стилист!  Ама затоа пеењето, односно рапот... „го изеде стапот... или поточно  „мракот“.  Така, музичките кариери на обајцата останаа само во сеќевање, а песните во архивите... меѓу кои и онаа на Јутјуб!
Арно ама, Миске се досетил, па на старата дует песна со Ноне, и налепил видео со сцени од една популарна ТВ серија, чиј избор на кадри соодветствува со приказната. Дали заради тоа што Ноне, иако не пее во јавноста преку порталите и социјалните мреѓи е еднакво присутна и популарна како и кога пееше,  па на Миске му е адут повеќе, ако решил на овој начин да и се враќа на музиката или чисто онака... од забава или жал по старите добри времиња... само тој си знае!?
Ама, знае ли пејачката од дуетот, дека на нивната заедничка песна сега има и видеоспот?  Ако знае, значи се согласила однапред, ако не... кај и да е – ќе дознае... Дека Миске без да ја праша, на Ноне и го закачил... видето на Јутјуб ! А ќе дознаат и носителите на правата на филмот... или поточно, на американската ТВ серија „13 причини зошто?“ Е тогаш и тие „ќе сакаат нешто за себе“... ! https://www.youtube.com/watch?v=fJ0AIX6o95A&feature=youtu.be]]>