андреј ѓоргиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 Apr 2019 09:57:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png андреј ѓоргиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Симона Поповска е одново „Сама“… ама, само на спот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-popovska-e-odnovo-sama-ama-samo-na-spot-video/ Mon, 08 Apr 2019 09:57:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81730

Симона Поповска има ново видео. Станува збор за екранизација на одличната емотивна балада „Сама" од 2017 година, зад која стои авторскиот тим Иле Спасев, музика и аранжман, и Даниела Хаџи-Тоневска, која ги потпишува стиховите на песната.

„Оваа песна ми е исклучително драга и иако е снимена оддамна, сепак  не сакав да остане без видеозапис. Го чекав вистинскиот момент и ете желбата ми се оствари. Се надевам дека и на мојата публика ќе ѝ се допадне видеото, од кое сум презадоволна. Навистина сум среќна што ми се случи она што одамна го посакував" - вели Симона.

Видеото е работено со режисерот Андреј Ѓоргиевски, а во реализацијата на целиот проект учествуваше веќе проверениот тим соработници на Симона - шминката и фризурата се на Бобан Тодоровски, додека за стајлингот беа задолжени Златко Јовановски и Сињори.   

Кадрите во видеото во кои доминираат убавините на нашата земја се снимени во Македонска Каменица, езерото Калиманци, и хотелот Буши.

„Сакавме да ги искористиме убавините на нашата земја. Откривме преубаво место, односно езерото Калиманци кое располага со прекрасна природа и целосно се вклопува во она што сакавме да го пренесеме. Темата на приказната е потонување во сон и чувството на осаменост. Токму и затоа сè, односно кадрите почнуваат од највисоката локација, па како што тече песната така се спуштаме пониско и завршуваме со будење и враќање во реалноста. Пораката која сакавме да ја пренесеме е дека иако е тешко да се прифати секој тежок момент во животот, особено чувството на осаменост и страв, многу е важно реалноста да се прифати како таква и да се направи обид за излез. Сè е минливо, а соочувањето со реалноста е првиот чекор во изнаоѓањето решение и излез од секоја состојба"- вели Симона, која тука не завршува со проектите и наскоро најавува нешто сосема ново.

А и време е распеаната докторка која изминативе години и е повеќе посветена на медицинската козметика, да нè почести и со својот прв албум. Дотогаш, уживајте во видеото за несудената макфестовска песна со која Симона Поповска требаше да се натпреварува на популарниот штипски фестивал „Макфест“ во 2017 година. https://www.youtube.com/watch?time_continue=141&v=M_U9sTAB4s0

]]>