андреј днк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Mar 2022 09:50:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png андреј днк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Др.Методи Чепреганов и Др. Миодраг Врчаковски отсега и службено „колеги“ со Андреј ДНК: Две легенди и една музичка ѕвезда со различни професии, а иста страст – музиката! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dr-metodi-chepreganov-i-dr-miodrag-vrchakovski-otsega-i-sluzbeno-kolegi-so-andrej-dnk-dve-legendi-i-edna-muzichka-dzvezda-so-razlichni-profesii-a-ista-strast-muzikata-foto/ Fri, 25 Mar 2022 09:47:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244332

Двајцата врвни македонски лекари - специјалисти, веројатно најдобрите во своите области во државата. Др.Методи Чепреганов - специјалист по невропсихијатрија и епилептологија и  Др. Миодраг Врчаковски, специјалист по неврорадиологија. Познати и признати по својата работа, резултати, трудови и остварувања во медицината и нејзините субспецијалистички гранки, но и по нешто друго, што обајцата ги врзува. Со години, нивната втора љубов е музиката. Едниот страсен гитарист, кому џезот и латино музиката му се во прстите, па несомнено да не се определел за својата лекарска професија. Др. Чепреганов  денес би бил македонска гитарска, а не лекарска легенда. Другиот некогашен диџеј, дискофил, автор на радио-емисии и радиоводите и еминентен текстописец. За неговата „Соул рели“ и денес се говори, а текстовите за некои од најубавите македонски шлагери, забавни ноти или поп песни ги напишал токму тој - Др. Врчаковски. Патем автор и организатор на манифестацијата која остана историја - „Докторите пејат“ и татко на еден од основоположниците на македонскиот рап - Раде Врчаковски - Врчак! Она што овие двајца емминентни доктори од неодамна ги поврзува со уште еден денешен актуелен и популарен „ар- ен - би и рап“ изведувач не е само музиката. Андреј Георгиевски или Андреј-ДНК, е секако актуелан музичка ѕвезда, но што бара тој во друштво на двајцата познати лекари? Соработка - да, ама не е музичка! Не барем засега! Но, затоа пак, тие тројца станаа и службено „колеги“ во иста фирма, во случајов една еминентна скопска приватна болничка установа каде двајцата доктори работат, а Андреј им се приклучи однеодамна. Но не во областа на медицината, туку како одговорен за маркетин гсекторот во болницата! За двајцата врвни специјалисти оддамна е се' познато и во медицината и во музиката, а како ќе му оди на Андреј-ДНК во новата професија, ќе видиме допрва! Конечно ниту музичката соработка на тројцата кои ги врзува истата страст - музиката, не е исклучена! Др. Чепреганов знае да свири гитарски делници и во ар-ен-би, а др. Врчаковски оддмна пишувал и текстови какви што пеат двајцата рапери... Како на пример, „Стамбол сосе Бардовци“ за „Куку - Леле“, па тогаш во некоја згодна прилика тројцата што не би се интегрирале? Засега останува секој на својата професија и негување на втората љубов или страста кон музиката. За новото работно место Андреј-ДНК, се пофали со заедничка фотографија со двете докторски легенди, под која сподели: „Тоа што не поврзува со овие исклучително посебни луѓе кои се врвни во својата сфера, едниот специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, а другиот специјалист по неврорадиологија е љубовта кон музиката. Едниот е страсен гитарист, а другиот диџеј и еминентен текстописец. Др.Методи Чепреганов и Др.Миодраг Врчаковски. Уште една работа што ме поврзува со овие луѓе е тоа што од денес сме колеги во  болничката установа, но не во областа на медицината туку како одговорен за маркетинг секторот во болницата“! Фото: Јутјуб/Фејсбук/Инстаграм принтскрин]]>

Андреј и Наум се „ар ен би – фолк“ комбинација само за на ракија и пиво или и за студио и во живо: Се подготвува ли дует од соништата? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrej-i-naum-ar-en-bi-folk-kombinacija-samo-za-na-rakija-i-pivo-ili-i-za-studio-i-vo-zivo-se-podgotvuva-li-duet-od-sonishtata-foto/ Wed, 18 Nov 2020 08:00:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176611

За естрадата, па и за оваа нашава,  обично се вртат муабети дека пејачите и пејачките меѓу себе многу „не се мирисаат“. Слабо се дружат и кога тоа го прават, повеќе е од интерес или лицемерна формалност за пред камери и фотобјективи, а во суштина не се баш блиски, а поедници дури не сакаат ниту „очи да си видат“. Муабети и кулоарски приказни колку сакаш, а вистината е секогаш некаде на средина, помеѓу двете крајности. Поединци се „смртни непријател(к)и“, а поедници пак како „браќа“ или „сестри“... И многу малку од нив, малку повеќе „блиски“... Барем, одвреме-навреме! Како и да е, некои заеднички средби, некои случајни дружби прераснуваат во трајни пријателства, па и повеќе од тоа, а од нив излегуваат моменти кои  долго, па и цел живот се паметат. Во поубавите и посреќни времиња во кафуле или кафеана,  со поголемо друштво, денес во ова тажно време на пандемија, најчесто по дома, и тоа по протокол, најмногу до четворица! Најдобар пример дека е ова жива вистина е спојот на навидум неспоивото... Ар ен би артист и фолкер, „забавњак и народњак“, две грла од ист еснаф, ама од тотално различен жанр... Обајцата врвни изведувачи, елита во својата професија, естрадни ѕвезди - парекселанс: Андреј од „ДНК“ и Наум Петрески! Обајцата се знаат и отпорано, како што и отпорано се дружат... Кога се можеше колку сакаш и со кого сакаш и во кафуле и кафеана и во ресторан... Обајцата мераклии на добро друштво, понекоја чашка, убаво мезе и добра песна. Го правеле тоа секогаш кога можеле, го прават и денес и покрај целата ситуација со корона пандемијата и сите протоколи и препреки. Ако не може во кафеана, може по дома. На гости, во опуштена атмосфера, на дружба, чашка-муабет, релаксација, можеби малку едукација... „Со татко ми и брат ми учиме ритмика со покојниот чичко Пако Де Лусија“ - напишал шеговито Андреј покрај најново споделената фотографија. Андреј и Наум се „ар ен би - фолк комбинација“ само за на ракија и пиво или и за студио и во живо?  Покрај дружбата ќе им се вкрстат ли и професионално патиштата, се подготвува ли можеби дует од соништата? Ова прашање си го поставија и обожавателите и новинарите откако осамна најновата фотографија од нивното дружење на социјалните мрежи. На неа двете ѕвезди на домашна дружба, весели, расположени и насмеани, а подоцна можеби и заедно распеани, зошто да не? Замислете само каква би била тоа комбинација, кога Наум би рапувал, а Андреј запеал трилери? Но, да оставиме времето да покаже што ќе произлезе: Дали само „мерак на душата“ за опуштање или идејата за дует во нив ќе се вгнезди, па ќе се „изроди“ и заедничка мерак песна на двете ѕвезди? Ако сепак се случи, живо сме заинтересирани како ќе звучи тој „убиствен спој?“    ]]>

На Андреј – ДНК таа му е најмила и само таа знае како… да го тетовира (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-andrej-dnk-taa-mu-e-najmila-i-samo-taa-znae-kako-da-go-tetovira-foto/ Mon, 22 Oct 2018 07:27:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53973

Летото заврши, ама не и настапите и активностите на македонските музички ѕвезди. Така, ДНК постојано имаат настапи, а меѓу деве „тезги“, наоѓаат време и за себе и своето семејство. Андреј на пример, успева да стигне насекаде. Прво на местото каде што се чувствува најраат - во студиото на Lазар Цветковски, каде очигледно постојано се крчка нешто ново за многумина, а очигледно и за ДНК.
Откако го усогласија штимот со композиторот, пејачот побрза до Куманово и  кумановско Старо Нагоричане, зашто обраното грозје не може да чека. Дилемета е само, што да sе прави? Вино или ракија? Или двете?
Откако со дужината убаво „го изгазија“ грозјето, Андреј побрза дома, зашто имаше  голема прилина и убав повод за тоа. Годишнина од бракот на тој датум и таа година е само тогаш! Затоа правец со поубавата половина во еден скопски паб на мезе, салата и пивце! Јубилејот треба да се одбележи вака некако надвор, а за „второто полувреме“ - дома... Прашајте го него!
И во сите тие работни обврски и животни уживања, едно нешто му причинува најголемо задоволство. А како и не би, кога на Андреј таа му е најмила, зашто само таа знае како... Или барем најмногу умее со него! И затоа тој се и дозволува... Па дури и да го тетовира!
А малата Јана не му ја мислеше многу, па го зема пенкалцето за да му нацрта на тато нешто, што ќе му се допадне?! Тетоважа по свое, која сакал неќел, Андреј ќе мора да ја носи на грбот... до првото влегување под тушот! „Ќерка ми е единствената жена на која ќе и дозволам се во животот“! - изјави во една прилика Андреј... и си остана доследен на зборот!  ]]>

Андреј-ДНК и другарите од средно покажаа што е тоа „мезе блуз“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrej-dnk-i-drugarite-od-sredno-na-bluz-sofra-video/ Mon, 17 Sep 2018 07:01:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48213

Андреј од ар-ен-би дуото ДНК неодамна се врати од престојот по Скандинавија. Шведска, Данска... виа Скопје, зашто само дома си е дома.
А дома, покрај сето останато те чекаат сите драги луѓе, меѓу кои пејачот на ДНК најде време и за другарите.
И тоа не било кои, туку на купче повторно се собра дружината од средно... Од трета средно музичко! Малку подпроменети во изгледот, ама само малку... Но, не и во навиките. А дружбата не е дружба без две нешта: ако нема софра и песна!
А кај нив ги имаше и двете. Масата како што е редот - полна, празник за очи и за гладниот стомак, а песната - мелем за душа! И тоа не било каква и било која. До душа во ваква пригода можеби повеќето пеат поинакви песни, ама „веселата дружина од средно“ на Андреј - ДНК си остана верна на идеалот, па запејаа... „блуз на софра“!
„Похована даска“ и мешано мевце на скара, најдобро одат со пивце и... „I've been trying...“!  Анплагд  „мезе блуз“ со акустична гитара, усна хармоника и три вокали, ама не и на суво... Затоа: „Шефе, дај уште една тура“... За „дечкиве да се обидат“ уште еднаш... „I've been trying...“!  ]]>

Андреј – ДНК открива: За убав и насмеан сурат еве што треба да ти турат! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrej-dnk-otkriva-za-ubav-i-nasmean-surat-eve-shto-treba-da-ti-turat-foto/ Wed, 21 Feb 2018 09:49:11 +0000 http://vistina.mk/?p=13461

Музиката оддамна веќе само не се слуша со уши... Многу повеќе очите, и останатите сетила играат улога во тоа кој колкава ѕвезда е и колав му е... успехот! Или каква и е... кариерата!  Видеото можеби го „уби“ радиото, ама фотошопот и особено естетската хирургија го закопаа! Арно ама има и такви кои си се познати популарни иако се натурални! особено ова важи за машките изведувачи! Еве на пример кај нас таа теорија во пракса ја докажуваат Андреј и панчо од ар-ен-би дуото ДНК! До душа со по некоја шарка ( читај: тетоважа) по раце, нозе, тело... ама останатото на нив си е природно. А за природното долго да ти трае, треба она што мајката природа ти го дала на себе да го одржуваш!
Па каква тоа ѕвезда, каков пејач ќе бидеш, ако, кога ќе се насмееш наместо низа од бисери низ вилица ти дува промаја?! Ред луфта, ред празно!
Затоа Андреј реши да не чека многу, туку веднаш отиде на ремонт... Дентален! Зашто знае дека убавата насмевка железна порта отвора... А за на стари години за да не носи „железа“ в уста реши на време да го досреди она што не му средено кога се забите во прашање. Па како што е редот, реши и да се пофали на социјалните мрежи споделувајќи фотографија со специфичен пост:
Очигледно, Андреј го знае лекот за спас: За да имаш убав и насмеан сурат, еве што треба да ти турат...! Ем добар ПР за пејачот, ем уште подобра препорака за убавата и шармантна докторка... од стоматологија.  ]]>