андреа јосифова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Jun 2021 12:58:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png андреа јосифова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Жарко Димоски во „танц со љубовта“ во баладата – „Танцувај со мене“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zarko-dimoski/ Tue, 22 Jun 2021 12:55:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207924

Актерот од Театар Комедија, харизматичниот Жарко Димоски кој во последно време се појавува и во улогата на ТВ водител и пејач, ја промовираше својата нова песна „Танцувај со мене”. Текстот е дело на Жарко и Андреа Јосифова, а за музиката и аранжманот беше задолжен пејачот и композитор Димитар Андоновски, кој е воедно и продуцент на песната која и е снимена во неговото „ДА“ студио. „Танцувај со мене” е дел од неговиот проект насловен како „Equinox 4 in 1“. Спотот е сниман во нашето волшебно Кокино и егзотичниот Египет, а во него како актери и модели се појавуваат Мартин Костадиновски и Андреа Јосифова, а режијата на видеото ја потпишува самиот Жарко Димоски. Во продолжение проследете како сетотоа изгледа и звучи: ]]>

Кога актер како Жарко Димоски со песна ќе ве повика – „Ајде да наздравиме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-akter-kako-zarko-dimoski-so-pesna-kje-ve-povika-ajde-da-nazdravime-video/ Thu, 05 Nov 2020 13:55:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174788

Актерот Жарко Димоски колку добро глуми, толку добро и пее. Всушност, оние кои гледале некои од неговите театрски настапи и преставите во кои се пее знаат дека тоа е така. Жаре особено се истакна за време на карантинската криза кога „Театар Комедија“ на својата „вонредна“ сцена на репертоар имаша чисто музички онлајн настапи на своите актери, со кои им го разубавуваа и разведруваа секојдневието на граѓаните. Своите вокални квалитети ги покажал и докажал и како член на музичкото трио „Equilibrium“, но и на последниот  фестивал на забавни мелодии „Макфест 2020“ во Штип, каде Жарко за прв пат сериозно застана на естрадната фестивалска сцена. „Чест ми е да објавам дека конечно ќе се појавам во улога на пејач. Оваа сабота (19 септември) на фестивалот Макфест во Штип за прв пат ќе настапам со песнатта „'Ајде да наздравиме', за чија мелодија и аранжман се погрижи маестралниот Валентино Скендеровски, а текстот е на мојата маленкост. Се потрудивме да бидеме ведри и позитивни во ова време-невреме. Вие ќе кажете дали сме успеале во тоа“ - напиша тогаш актерот на својот Фејсбук. Месец и половина подоцна, Жарко наздравува промовирајќи го видеото за своето фестивалско првенче. И одново со свое ое обраќање во вид на порака: „Приказна за 'артистите'... Oткако ќе се изгасат камерите и рефлекторите... Kога “sвездите” ќе останат сами пред огледалото со сите нивни радости и таги, кога маските ќе паднат, борбата со себеси, потрагата по музите, поставување на прашањето дали воопшто ова беше тоа или не...Оставам на гледачите сами да одлучат како таа “борба” завршува...“ - напиша актерот во описот на видеото за песната кое е снимено во една од гримиорните и на сцената на скопскиот „Театар Комедија“. Него го режирале Емил Петро и самиот Жарко Димоски,  видео едитот е на Емил Петро, а во видеоприказната се појавува и моделот Андреа Јосифова. Како изгледа и звучи кога актерот низ песна ќе ве повика: „Ајде да наздравиме“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=oEvBWTqaFlk&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0_zzxcEvLfY4XNxf-c_ChggnLEbr1eg5a8E-BWAfzZUC4ludXaN-AlTsE]]>

Се ожени познатиот македонски актер, а за свадбата ја одбраа оваа дестинација надвор од Македонија (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-poznatiot-makedonski-akter-a-za-svadbata-ja-odbraa-ovaa-destinacija-nadvor-od-makedonija-video/ Tue, 11 Aug 2020 06:48:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162650

Младиот македонски актер од Театар Комедија, Жарко Димоски,  реши  официјално да заплива во брачните води со неговата свршеница, а сега сопруга Андреа Јосифова. Нивната свадба се случи на вчерашниот ден 10.08.2020. Венчавката на Жарко и Андреа се случи во Ровињ, Хрватска во кругот на најблиските членови и пријатели почитувајќи ги правилата и препораките за заштита од коронавирусот. Жарко преку социјалните мрежи се пофали дека веќе е женет човек. Имено, тој објави кратко видео со сопругата, а во описот напиша: „Официјално е. Среќата само што започна. Љубов. 10.08.2020“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zarko Dimoski (@zakdim) on

За оваа прилика Андреа одбра бел фустан, а и Жарко е облечен во бела комбинација и со шешир на главата. Инаку, Андреа по потекло е од Кавадарци, а во 2018 година дипломираше на Филилошкиот факултет во Скопје. Жарко пак, освен тоа што примарна професија му е актерството, имаше обид и како радио и ТВ водител  на забавна емисија. Потсетуваме, актерот ја побара својата сакана за сопруга во ноември претходната година. Честитки, среќни и вечни да сте!]]>