Анастасија Зулевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 12:51:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Анастасија Зулевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стефанија низ уметнички крик повикува на себеосвестување кон татковината, зашто сега најмногу сме и потребни во – „Бегаш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefanija-niz-umetnichki-krik-povikuva-kon-sebeosvestuvane-kon-tatkovinata-zashto-sega-najmnogu-i-sme-potrebni-vo-begash-video/ Mon, 19 Feb 2024 12:50:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339232

Овој видео запис е втор од четирите спотови кои се поврзани во приказната на „Девојчето со долгата коса“, според истоимениот албум кој беше промовиран на крајот од 2023-та година. „Бегаш“ е крик на македонската уметница Стефанија, пејачка, која аудио визуелно ја доловува колевката на македонскиот народ и повикува кон себеосвестување, осврт кон својот корен, кон својата земја, кон својата вистина. Песна која ги повикува сите кои бегаат од својот дом да погледнат наназад од таму каде што стигнале и да ја вратат својата љубов кон земјата што ги израсна, затоа што сега најмногу и се потребни. „Во ова невреме за сите нас кои живееме тука во нашиот дом, Македонија, правам промоција на видео записи во кои е всадена суштината за нашето постоење. Немам сила да го пренесувам крикот на оваа пресија на уметникот, кој веќе станува и ограничен во својот израз. Јас го одбирам патот на љубовта, покрај сите потешкотии, без поддршка од Општина, од држава, сама создавам и творам со целото срце. Безнадежно е, но нема да Бегам од СЕБЕ, нема да Бегам од својот корен, нема да Бегам од својата Боженствена мисија. Сé е минливо, а делата остануваат! Стилот на песната е современ синт поп со етно-џез примеси, составен е од авторска музика и текстови на Стефанија, снимани во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World. Претходно направениот аранжман на Петар Димитровски, добива нов аранжман од Стефанија, на кој свири гитара Владимир Враниќ, а нов микс и целосен мастеринг прави Владимир Аговски, кој на магичен начин ги спаси старите демо верзии и ги оживеа во нови дела.   Прекрасните видео записи ги изработува уметникот зад камера Владимир Бошковски, а видео монтажа и режија прави сама Стефанија, која всушност е и продуцент на делото со Аудио и Видео Продукцијата – Welcome to Stefanija’s Music World. Локациите на кои се снимаше спотот се местата од кои е посебно инспирирана – Анастасија Центар Битола (Anastasija Center – Performing arts, Fashion, Dance & Music Center) и еден од најстарите и најубавите манастири во Македонија Манастирот Трескавец – Света Богородица (Прилеп), издигнат високо над карпите со поглед кон Баба, Кајмакчалан и Бабуна, го има најстарото фрескосликарство од XIV век. Идејата е да бидат презентирани убавините, природните богатства и историските наследства на Македонија. Сите костими кои ги носи Стефанија се дело на нејзината мајка, моден дизајнер Анастасија Зулевска. За фризурата на Девојчето со долгата коса се погрижи Габриела од салонот со претставништво во Чикаго (Goran Coban/Chicago Hair Salon). ]]>

Младата Ања Мицевска пее во една убава, љубовна, тинејџерска приказна на глас – „За нас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladata-ana-mitsevska-pee-vo-edna-ubava-lubovna-tinejdherska-prikazna-na-glas-za-nas-video/ Thu, 04 Jan 2024 10:36:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333693

„За Нас“, музичкото првенче на младата Ања Мицевска од Битола, е вистинска оддаденост на младешката енергија и креативност. На само 13 години, Ања со зрелост и професионализам го истражува светот на музиката, давајќи ни прекрасна урбана приказна за првата љубов, првиот занес и тие слатки копнежи кои се присутни во периодот на тинејџерските години. Чувствата кои го следат зачекорувањето во светот на возрасните, во нежен стил, се пренесени во текстот напишан од Ирена Мирчевска Љац и Јулиа Мицевска. Нивните зборови совршено ги доловуваат емоциите и предизвиците при преминот од детството кон зрелоста. Музиката, компонирана од Горан Мицевски Кус, е динамичен прогресив хаус кој веднаш го освојува слушателот. Со својата заразна мелодија и ритам, оваа песна ветува да остане запаметена уште при првото слушање. Ања, заедно со талентираниот тим од Анастасија Центар од Битола кој работеше на овој проект, создаде и видео запис за песната „За Нас“. Стефанија Милевска Враниќ стои зад кореографијата, сценариото и режијата, додавајќи дополнителна длабочина и визуелна привлечност на приказната. Во видео записот покрај Ања учествува и танчерска група од Анастасија Центар: Матеја Стојчевска, Уна Димовска, Дејана Магденовска, Мартина Ристеска и Илина Мартиновска, чија улога во проектот го збогатуваат визуелниот и уметничкиот аспект на песната. Внимание заслужува и костимографијата, која дело на Анастасија Зулевска, моден креатор од Битола. Владич Бошковски бил задолжен за снимањето и монтажата на видеозаписот кој  како и целиот проект ја имаше својата промоцијана 27 декември 2024 година, за време на Новогодишниот концерт во Анастасија Центар. Настан кој беше совршена платформа за претставување на  првенчето „За нас“ на Ања Мицевска  пред пошироката публика, кое можете и вие да го проследите во видеото во продолжение: ]]>