анастасија аврамовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Oct 2018 14:15:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png анастасија аврамовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Огнен Здравковски ги вметна убавините на Охрид во „Разбуди ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/53197/ Tue, 16 Oct 2018 12:23:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53197

Огнен Здравковски го претстави видеото за својата нова песна насловена „Разбуди ме“, која е авторско дело на композиторот Григор Копров, аранжерот Владимир Дојчиновски и текстописецот Огнен Неделковски. 
Снимена во прекрасниот Охрид, визуализацијата ја реализираше продукцијата „НТ ентертејнмент“, под режисерската палка на Ненад Јаковљевиќ, а на Огнен друштво му прави колешката Анастасија Аврамовска, чија кариера исто така е во нагорна линија.
„Ииии драги пријатели со голема чест и задоволство ви го претставувам мојот нов спот за песната "Разбуди ме". Слушнете и погледнете, се надевам дека ќе ви се допадне!“ - напишал Оги претставувајќи го видеото на социјалните мрежи.
Младиот пејач, кој со темата „Солза“  настапи на неодамна одржаниот „Макфест 2018“, викендов настапи и на фестивалот „Златен костен“ во Петрич, соседна Бугарија, каде што ја освои наградата за најдобра сценска изведба.
Наградата ја доби токму за изведбата на темата „Разбуди ме“, а како изгледа нејзиното официјално видео дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=33&v=ab8bvAm9Egw  ]]>

Оваа девојка е откритие на „Макфест 2018“: Анастасија Аврамовска – „Ме научи да бидам своја“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-devojka-e-otkritie-na-makfest-2018-anastasija-avramovska-me-nauchi-da-bidam-svoja-video/ Mon, 15 Oct 2018 11:01:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52986

На неодамна одржаниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2018“  дебитираше младата Анастасија Аврамовска која го освои високото 4-то место, а коментарите од нејзиниот настап не стивнуваат.
Со нејзиниот глас, настапот на сцената и се разбира певливата и хитовска песна, успеа да ги собере симпатиите на публиката и жирито. „Ме научи да бидам своја“ е дело на Иле Спасев, кој се погрижи за музиката и аранжманот, додека текстот е на Даниела Хаџи – Тоневска.
Период пред настапот навистина посветено работев на целиот проект за успешно преставување на овој фестивал, за кој знам дека уште повеќе ми ги отвори вратите кон реализирање на мојот сон. Влегов во финале, освоив убаво место, се на се навистина сум пресреќна и задоволна, како од фестивалот, така и од се што ми се случива до сега, бидејќи луѓето убаво реагираат на моите две песни кои ги промовирав за доста краток период“ - вели Анастасија. Како изгледаше и звучеше нејзиното деби на „Макфест 2018“ потсететесе во продолжение: ]]>

Анастасија Аврамовска е нова тинејџ ѕвезда која веќе жнее награди со „Ти си мојот херој“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-avramovska-e-nova-tinejdz-dzvezda-koja-vekje-znee-nagradi-so-ti-si-mojot-heroj-video/ Tue, 18 Sep 2018 12:27:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48642

Младата Анастасија Аврамовска, остави осбен впечаток на поп вечерта на неодамна  одржаниот фестивал „Охрид фест 2018“.
Внуката на нашиот истакнат македонски композитор и музички работник, академик Ристо Аврамовски, има претензии да го понесе приматот на нова музичка тинејџ  ѕвезда во Македонија.
Со учеството во различни детски хорови, почнува остварувањето на нејзиниот сон за градење музичка кариера, по што следуваат настапи награди на неколку меѓународни фестивали, учеството во „Кастинг талент шоуто“ и мјузиклот „посветен на Тоше Проески - „Тајно моја“ за годинава да дебитира во поп вечерта на „Охрид Фест 2018“ со песната „Ти си мојот херој“, која и донесе две за неа важни награди:  3-то место од жирито и 2-ро место од публиката.
Музиката на наградената песна ја потпишува Иле Спасев, додека стиховите се заедничко дело на композиторот и изведувачот -Иле и Анастасија, додека аранжманот го направиле повторно Иле Спасев и Андреј Иваноски („Сирилик“).
По успехот и наградите на „Охрид Фест 2018“, младата тинејџ ѕвезда полека ги  започнува и подготовките за престојниот „Макфест 2018“, каде со својот настап ќе ја промовира и својата втора авторска песна.
Во мешувреме погледнете го нејзиниот настап и изведна на наградената „Ти си мојот херој“ од поп вечерта на „Охрид Фест 2018“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=84&v=haCyyVSvi_0]]>