ана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 07 Aug 2023 07:45:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денеска е Света Ана: Направете ги овие работи за среќа https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-e-sveta-ana-napravete-gi-ovie-raboti-za-sreka/ Mon, 07 Aug 2023 07:45:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312766

Иако нејзиниот главен празник е на 9 септември, православната црква денес го празнува успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. Денес, верниците одат во манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта кај Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер. Се верува дека овој манастир има чудотворна моќ за двојките кои не можат да имаат деца. Некои и сега го практикуваат обичајот вечерта помеѓу 6 и 7 август да преспијат во манастирот за да добијат пород. Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука. Света Ана била ќерка на свештеникот Метан. Со својот маж Јоаким 50 години живеела бе деца, а потоа во подоцнешните години ја родила Марија, Пресвета Богородица. Јоаким со години бил скршен од болка поради тоа што нема деца со Ана, а приказната вели дека во една прилика отишол во пустина каде што со денови тагувал. Еден ден, му е укажал ангел кој му рекол дека господ ќе го благослови со дете, а подоцна истиот ангел го видела и Ана . Кога им се родила ќерката Марија, Ана и Јоаким му ветиле на Господ дека детето ќе му го посветат на храмот. Затоа се верува дека луѓето со ова име се среќни и носат позитивни животни промени. Фото: денови.мк]]>

Малата Ана е слатка како бонбона: Погледнете колку потпорасна ќеркичката на Татијана Стефановска (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/malata-ana-e-slatka-kako-bonbona-poglednete-kolku-potporasna-kjerkichkata-na-tatijana-stefanovska-foto/ Fri, 18 Nov 2022 07:50:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276390

Македонската фолк пејачка Татијана Стефановска минатото лето се реализираше во улогата на мајка. Тогаш, оваа вест ја изненади македонската јавноста бидејќи пејачката не навести дека е бремена, па објавата дека добила ќерка беше неочекувана. Но сега нема криење, бидејќи мама Татијана обожава да ја покажува јавно својата наследничка која е веќе потпорасната. Малата и преслатка Ана веќе е  слатко девојченце кое има една година и пет месеци и неодовливо потсетува на мајка си. Таа сега е во доста активна фаза од својот раст, период кога љубопитноста, истражувањето, последиците, кажувањето нови зборчиња, а и покажувањето љубов кој мама и тато е изразена. Во една прилика кога Ана беше нешто помала, Татијана изјави: -Имам помош од сопругот и од свекрвата и свекорот. Премногу ми помагаат и многу сум благодарна на тоа. Незнам што би правела без нив. Ова е најубавата работа што може да се доживее, но воедно и најтешката, најодговорната и затоа не знам што би правела без помошта од моето семејство, кажа пејачката за „Женски магазин“. Ана е првото дете на Татијана и музичарот Митко Безаноски, тие заедно живеат во Охрид, но Татијана често знае да појде и во родната Битола. Баба и дедо се тука за помош околу чувањето на наследничката, а мама и тато активно се посветени на настапите кои се нивна примарна професија. фото:фејсбук/Татијана Стефановска]]>

Кралот Чарлс бара дозвола од британскиот парламент наместо него да дејствуваат братот и сестрата (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kralot-charls-bara-dozvola-od-britanskiot-parlament-namesto-nego-da-dejstvuvaat-bratot-i-sestrata-foto/ Tue, 15 Nov 2022 10:22:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275843

Кралот Чарлс во понеделникот побара од британскиот парламент да го промени законот за да им дозволи на уште двајца  да дејствуваат во негово име во негово отсуство, додавајќи ги во групата во која моментално е неговиот срамен брат принцот Ендру. Во изјавата прочитана во негово име во Домот на лордовите, горниот дом на парламентот, Чарлс, кој во понеделникот наполни 74 години, побара да се зголеми бројот на државните советници за да се вклучат неговата сестра принцезата Ана и најмладиот брат принцот Едвард. Советниците, кои можат да дејствуваат во име на монархот во негово отсуство и да ги извршуваат сите освен неговите најважни улоги, како што е назначувањето на нов премиер, се избираат меѓу неговата сопруга и четворицата полнолетни кои се на ред за тронот. Ова во моментов значи дека покрај сопругата на Чарлс, Камила и неговиот најстар син и наследник принцот Вилијам, во групата се вклучени и помладиот син на кралот, принцот Хари, помладиот брат принцот Ендру и најстарата ќерка на Ендрју, принцезата Беатрис. Ова доведе до критики од некои коментатори бидејќи ниту Ендру ниту Хари повеќе не се во официјални кралски улоги. На Ендру му беа одземени повеќето титули и беше отстранет од кралските должности поради скандалот околу неговото пријателство со починатиот американски финансиер Џефри Епштајн. Во меѓувреме, Хари се повлече од кралските должности во 2020 година и се пресели во Калифорнија со неговата сопруга Меган. - Со цел да се обезбеди континуирана ефикасност на јавниот бизнис кога сум недостапен, на пример додека сум на службена должност во странство, потврдувам дека би бил најзадоволен доколку Парламентот смета дека е соодветно бројот на луѓе кои можат да бидат повикани да дејствуваат како државни советници... да се додадат и сестра ми и брат ми - се наведува во изјавата на кралот. Промената ќе бара од парламентот да ги измени одредбите на Законот за регентство - пренесе Ројтерс. Фото:Принтскрин/Профимедиа]]>

Живко Динев – екс „Браво бенд“ стана татко: Прва, па двојна радост – Жика и неговата сопруга Ана добија близначки (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zivko-dinev-eks-bravo-bend-stana-tatko-prva-pa-dvojna-radost-zika-i-negovata-sopruga-ana-dobija-bliznachki-foto/ Thu, 16 Dec 2021 08:13:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231329

Бившиот басист и вокал на „Браво Бенд“, пејачот Живко Динев, стана татко за прв пат. Прва, па двојна радост кај Жика, како што сите го викаат и неговата сопруга Ана Колевска Динев, кои по осум години во брак, ги добија близначките Мила и Миа. Двете мали принцези се долго очекуваната круна на нивната љубовна врска и хармоничен брак. Ана и Жика долго чекаа на проширувањето на семејството кое може да се каже дека дури сега е комплетно со доаѓањео на свет на двете ќеркички. Сега се тие најважните, центарот на нивниот универзум околу кои веќе почна се'  да се  врти, иако како што велат старите, ако штркот еднаш долетал, можеби ќе долета и друг пат. Но, за тоа потоа, сега се најважни Мила и Миа! Сопругата на Жика, Ана,  двете мали убавици на свет ги донела со породување во Клиниката за гинекологија и акушерство при Клининичкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и мајката и двете ќеркички се во најдобар ред.  Инаку имињата малечките наследнички ги добиле откако кумот и кумата кажале како двете девојченца ќе се викаат. „Кажи куме име“  и кумот и кумата кажаа... И тоа не едно, туку две: Мила и Миа се новите членки на среќната фамилија. И пред мајката и двете ќеркички да си дојдат дома, Жика, кој ионака е познат и самиот по веселиот дух, секогаш расположен и насмен, овој пат наместо тој да ги забавува и весели другите, заедно со браќата,  дел од семејството, другарите, пријателите, колегите... и самиот се веселеше до зори, прославувајќи го еден од најсреќните и најрадосни денови во неговиот живот. По доаѓањето на сопругата и ќеркичките дома, следуваат „слатките обврски“ околу приновите, но и работните, зашто Жика заедно со својот придружен бенд музичари се речиси „распродадени“ уште отсега за деновите пред новогодишните празници, а и во деновите по Нова Година, кога продолжува божиќната магија, која ќе ја замени новогодишата еуфорија. Како и да е на Жика и неговата Ана им останува да уживаат во она што во животот е најслатко - за прв пат да се биде родител, горди мајка и татко! Нека им се живи и здрави наследничките! Фото: Фејсбук принтскрин/Zivko Dinev        ]]>

Татијана Стефановска ја криеше цела бременост, стана мајка на Ана, а сега проговори за мајчинството: „Ова е најубавата работа што може да се доживее“ https://arhiva.vistina.com.mk/tatijana-stefanovska-ja-krieshe-cela-bremenost-stana-majka-na-ana-a-sega-progovori-za-majchinstvoto-ova-e-najubavata-rabota-shto-moze-da-se-dozivee/ Wed, 24 Nov 2021 08:02:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228527

Македонската пејачка Татијана Стефановска летото се реализираше во улогата на мајка. Имено, оваа вест ја изненади македонската јавноста бидејќи пејачката криеше дека е бремена, па на социјалните мрежи не објавуваше фотографии од нејзиното трудничко стомаче. Татијана и нејзиниот сопруг, музичарот Митко Бежановски за првпат се реализираа во улогата на родители, односно добија ќерка за која го одбраа името Ана. Отогаш целото нивно внимание, време и љубов е насочено токму кон новиот член на семејството. Пејачката не е премногу активна на социјалните мрежи и нон стоп да објавува фотографии со малото бебе. Меѓутоа, сепак знае да направи исклучок и да сподели по некоја фотографија со наследничката. Неодамна, тие направија и крштевка за Ана, а на социјалните осамнаа неколку фотографии. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/tatijana-stefanovska-ja-krshtevashe-kjerkichkata-folkerkata-zapea-na-krshtevkata-na-malata-ana-foto/[/embed] Стефановска во интервју за „Женски магазин“ проговори за мајчинството. Имено, таа откри какво дете е Ана и како и поминуваат деновите со малата ќеркичка. -Ана е едно мило но многу пргаво бебе (се смее) . Покажува што таа сака и не ни попушта за жива глава (се смее) и се мислам како понатаму ќе ја убедуваме во некои работи .Деновите ни поминуваат во хранење, пресоблекување , капење и едно од поважните работи за неа-шетање надвор. Секој плач може да се запре кога се движиме кон влезната врата. Имам помош од сопругот и од свекрвата и свекорот. Премногу ми помагаат и многу сум благодарна на тоа. Незнам што би правела без нив. Ова е најубавата работа што може да се доживее, но воедно и најтешката, најодговорната и затоа не знам што би правела без помошта од моето семејство. Татијана откри дека за време на пандемијата не се заразила со корона, но останала бремена и деновите по препорака ги поминала одмарајќи. Инаку, пејачката откри  подготвува две нови песни. фото: инстаграм/татијана стефановска]]>

Татијана Стефановска ја крштеваше ќеркичката: Фолкерката запеа на крштевката на малата Ана (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatijana-stefanovska-ja-krshtevashe-kjerkichkata-folkerkata-zapea-na-krshtevkata-na-malata-ana-foto/ Mon, 25 Oct 2021 08:44:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224363

Македонската фолкерка Татијана Стефановска во средината на јуни годинава  се реализираше за прв пат во улогата на мајка. Тогаш оваа вест дека ја изненади јавноста со оглед на тоа што немаше никакви наговестувања дека пејачката е бремена и дека ќе има принова во семејството, азашто трудничкото стомаче вешто го криеше. Татијана на социјалните мрежи поточно на својот Фејсбук обелодени дека станала мајка и добила ќерка за која до одбра името Ана. Пејачката нешто подоцна за прв пат јавно сподели и фотографија од бебенцето, иако не го покажа неговото лиценце. Среќната мајка ужива во својата нова улога и во секој момент поминат со наследничката, а убавите  моменти на радост и бескрајна среќа битолчанка и нејзиниот сопруг,  музичарот Митко Бежановски викендов, ја крунисаа со крштевката на нивното прво дете. Имено,  како што налага православната вера и убавите македонски обичаи, малечката наследничка беше крстена, а пота во нејзина чест следуваше и голема крштелна веселба. Собрани роднините од најблиското семејство и пријателите, заедно со родителите се веселеа и го прославуваа крштевањето на малата Ана. Амбиентот со декор како од бајките, со многу балони, украси, слатки, торта...   Прославата весела, во еден реномиран угостителски објект, онака како што доликува: со богата софра, расположени гости, добра музика и уште порасположени домаќини.   Свирачете добро накитени со бакшиш, а со оглед на тоа што од нивната фела е и среќната мајка, и татијана се фати за микрофонот па запеа на крштевката на својата наследничка, малата Ана. Се' на се', расположено, весело, разиграно, распенао , среќно... Епа, нека и е среќно и вечно името на малечката пинцеза! Фото: Инстаграм принтскрин/tatijana_stefanovska/bezanoskimitko
     ]]>

Татијана Стефановска неодамна стана мајка, а сега ја сподели и првата фотографија од ќеркичката (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tatijana-stefanovska-neodamna-stana-majka-a-sega-ja-spodeli-i-prvata-fotografija-od-kjerkichkata-foto/ Thu, 01 Jul 2021 07:11:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209117

Македонската фолкерка Татијана Стефановска пред две недели се реализираше во улогата на мајка. Токму оваа вест дека ја изненади јавноста со оглед на тоа што немаше никакви наговестувања дека пејачката е бремена и дека ќе има принова во семејството. Имено, таа на социјалните мрежи споделуваше фотографии од неа, но ниту во еден момент не откри дека е во блажена состојба, ниту пак го покажа трудничкиот стомак. По пристигнувањето на новиот член на семејството, Татијана на социјалните мрежи поточно на својот Фејсбук обелодени дека станала мајка и добила ќерка за која до одбра името Ана. „Голем си Господе. Благодарни и должни сте ми довека. Ни се роди ќерка. Господ секаде да дава ваква радост“, напиша тогаш на Фејсбук, а под објавата се нижеа честитки од нејзините виртуелни пријатели. Татијана Стефановска стана мајка: „Голем cи Господе… должни сме ти довека“ (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Стефановска не објавни ниту дека е бремена, ниту пак го покажа трудничкото стомаче, а по породувањето, па досега не објави ни фотографија од наследничката. Сепак, деновиве во кусите приказни на „Инстаграм“, пејачката сподели фотографија од бебенцето, поточно не го покажа нејзиното лице туку само малите нозе на бебенцето.   Дефинитивно, Татијана ужива во својата нова улога и во секој момент поминат со наследничката, а допрва им следуваат убави моменти на кои ќе се радуваат. Инаку, Битолчанка со години е во брак со музичарот Митко Бежановски и Ана е нивно прво дете.]]>

Никола Којо јавно ја престави најстарата ќерка: Ана и изгледа и пее како ангел (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikola-kojo-javno-ja-prestavi-najstarata-kjerka-ana-i-izgleda-i-pee-kako-angel-video/ Wed, 31 Mar 2021 11:03:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196889

Еден од најистакнатите актери во регионот, Никола Којо, живее затскриен семеен живот, а неговото секојдневие го прават поубаво и повесело неговите дами: сопругата Александра и нивните три ќерки - Ана и двете близначки, чии имиња не и се познати на јавноста. <Минатата година, кон крајот на март и почетокот на април, многу познати српски актери споделија снимки на кои раскажуваат детска поезија и читаат приказни за да нè расположат и да ни помогнат да се справиме со тешката ситуација во која се најдовме заради пандемијата на коронавирусот. Никола Којо, сепак, имаше нешто друго на ум. Имено, актерот со помош на својата ќерка ја изведе песната „Лепа Јања“, а пред тоа ги поздрави своите Инстаграм следбеници со зборовите: „Здраво, јас се викам Никола Којо, јас сум актер. Ова е мојата ќерка Ана, најстарата ќерка, мојата прва убов. Ќе биде музичарка ако учи и работи напорно“ - ни откри Којо.   „Нема да ви рецитираме детска песна, ќе ви отпееме една тажна љубовна песна, но нема да го пееме тажниот крај затоа што времињата се толку тешки и затоа што веруваме дека сето ова ќе заврши добро и дека сите ќе бидеме здрави и среќни“ - рече  актерот држејќи гитара в раце и пеејќи заедно со својата ќерка. Неговите следбеници беа воодушевени од талентот на ќеркичката на Никола, која нема само ангелски глас, туку и анггелски лик. Меѓу оние кои ја искористија приликата да им поделат комплименти на семејството Којо беше и фолк пејачот и неговиот имењак, Никола Роквиќ, кој напиша: „Ти ми ја разубаве вечерта! Прекрасно, ќеркичката пее како ангел“!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by nikola kojo (@nikola_kojo_pravi)

Јавните личност го прифатија предизвикот на свеста и совеста, #седамДомаза… Еве како изреагираа Тамара, Лозано, Миа, Кики, Вера, Дани, Ана, Лидија, Кнез, Малинкова, Гарванлиев… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/javnite-lichnost-go-prifatija-predizvikot-na-svesta-i-sovesta-sedamdomaza-eve-kako-izreagiraa-tamara-lozano-mia-kiki-vera-dani-ana-lidija-knez-malinkova-garvanliev-foto/ Sat, 21 Mar 2020 08:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140714

Во овие тешки денови, кога времето ни е единствен сојузник во глобалната борба со невидливиот непријател, не ни преостанува ништо друго освен да седиме, чекаме и истото тоа време „да го купуваме“ од дома, за ситуацијата од алармантна, да не прерасне во катастрофална и трагична. Предизвикот на совеста од која зависи кога и колку брзу ќе се избавиме од билошкото зло на 21-виот век што го нападна човештвотото, е предизвик на кој треба да сериозно се одговори, а всушност треба само малку да се стори, толку малку да се направи: Да се остане дома.  Така најдобро се штитиме и себе си и своите најмили, најблиските, најсаканите, најдрагите, најпочитуваните, ги штитиме сите... и познати и непознати. Со седењето дома во карантин, во изолација, всушност и ја спуштаме рампата на заразата. Во ред, можеби си ја спуштаме и себе си, на динамиката на својот довчерашен живот кој ни го наметнува модерната цивилизација, на своите навики, желби и потреби... И работни и физички и духовни, но... Што се мора - не е тешко. Се разбира, само треба да се сака, да се верува и истрае. После дождот, сонцето секогаш одново изгрева... А тогаш грее уште посилно и посветло! Покрај многуте поединечни и групни апели, препораки, упатства, укажувања... на разни единки и институциии порталот „Женски магазин“ поведе уште еднаш иницијатива за покренување на свеста да се остане дома, како најдобра заштита и пред се превенција од вирусот Ковид 19. Предизвикот на свеста и совеста наречен: #седамДомаза... јавните личности го прифатија со обете раце. Ѕвездената македонска естарада, модниот свет, водителите, актерите, писатите... уште еднаш покажа дека не само што умеат да пеат, глумат, водат, позираат и да ве забавуваат, туку уште повеќе умеат да се справат со проблемите, давајќи и позитивен пример и на својата публика, на своите сограѓани и на целото население, што е најдобро да се направи во моментов и за кого тоа најмногу го прават! Најпознатите и најпопуларни македонски пејач(к)и како Тамара, Лозано, Дани, Наташа Малинкова, Васил Гарванлиев..., потоа манекенките и топ модели Катарина Ивановска - Кики и Вера Мештеровиќ, модните креаторки Ивана Кнез и Лидија Георгиева, водителката Миа Костова, писателката и музички текстописец Ксенија Николова, нејзината колешка Ана Бунтеска, актерката Драгана Левенска... и се приклучија на иницијативата, па секој од нив одделно, на големо парче хартија напишал зоштои заради кого седи дома, праќајќи силна порака и апел, зошто и Вие треба да го направите истото. Тие, вие, сите НИЕ... да бидеме херои од дома во пижами и тренерки, за доброто на сите нас, за поддршка на белите мантили и униформите, лекарите, војската, полицијата и сите оние кои се на првите борбени линии на фиртуелниот фронт во борбата со невидливата аждаја. Да седиме дома за заштита на здравјето на најмилите, за чување на нацијата, спас на човештвото... Затоа... седете дома! За ваше добро и доброто на сите!]]>

Емотивна роденденска честитка на Горан Пандев: „Ти си нашиот живот…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emotivna-rodendenska-chestitka-na-goran-pandev-ti-si-nashiot-zivot-foto/ Wed, 13 Nov 2019 12:37:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118282

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите на сите времиња во Македонија, Горан Пандев денеска има посебна причина да слави. На неговата ќеркичка Ана и е роденден и таа полни четири години. пандев во моментов е на подготовки со македонската фудбалска репрезентација за последните два меча со Австрија и Израел во рамките на квалификациите за Европското првенство, па за жал, не може да биде покрај својата убавица за „денот што го чекаме цела година“!
Но затоа, по тој повод популарниот Гоче на својот Инстаграм профил сподели селфи-фотка на која позираат заедно со малата  Ана, а во коментарот под неа тој напишал:
„Ти си нашиот живот. Среќен роденден љубов моја“! Инаку, Пандев е татко на три деца. Највозрасниот, синот Филипо и ќерките Ана и најмалечката - Софија.]]>