ана стрелкова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Sep 2022 12:17:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ана стрелкова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тијана Периќ низ песна ви доловува како е кога разумот молчи, а само срцето слуша во – „Сонувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-perikj-niz-pesna-vi-dolovuva-kako-e-koga-razumot-molchi-a-samo-srceto-slusha-vo-sonuvam-video/ Mon, 05 Sep 2022 05:45:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265523

20-годишната Тијана Периќ вчеравечер ја промовираше својата втора песна, насловена како „Сонувам“. За „Сонувам“ најмногу е заслужен Ѓорѓи Крстевски, кој е комплетен автор на песната, но ништо без Иван Петровски - гитара, Џоле Максимовски - бас гитара, Иле Спасев - микс и мастеринг и Сара Пројковска која ги пее придружните вокали. „Во песната пеам за љубов којашто е многу силна, толку силна што може да помине низ секаква бура од емоции и на крајот повторно да остане само чиста, силна и вистинска... Кога разумот молчи, само срцето слуша“- вели Тијана. Уникатноста во цел овој музички пакет се крие во видеоспотот. Ана Стрелкова преку својот единствен талент за цртање на песок, на целиот проект му дава една поинаква уметничка димензија. „Песната се подготвуваше пет месеци со тоа што најмногу време и труд беше вложен во тоа спотот да се поклопи целосно со песната, па затоа цртањето на песок ни одзеде многу време, но на крајот се исплатеше. Крајниот резултат е уметничко дело што ни ги задоволи очекувањата и притоа е прво вакво нешто уметничко кај нас“, открива пејачката. Инаку, ова е втора песна на Тијана, после „Писмо“, со која стана дел од македонското музичко небо. Периќ студира на Факултетот за музичка уметност и вели дека сака да остане доследна на својот музички правец, и покрај тоа што сосема поинаква музика во моментов е многу популарна. „Сонувам за успех по патот по којшто почнав да чекорам. Верувам дека секој труд и квалитет се исплатат и затоа трпеливо ќе сонувам за ‘моите 5 минути’, а дотогаш останува да работам на себе и да не престанам да се трудам и напредувам“, вели Тијана Периќ. Слушнете ја „Сонувам“ и споделете ја со вашите пријатели. ]]>