ана стојковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Jun 2019 11:07:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ана стојковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Естрадата на купче кај македонскиот менаџер: Од Чолиќ до Вучиќ кај Кико на свадба (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/estradata-na-kupche-kaj-makedonskiot-menadzer-od-cholikj-do-vuchikj-kaj-kiko-na-svadba-foto/ Mon, 17 Jun 2019 08:53:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=93015

Како што веќе Вистина.ком.мк ексклузивно ви најави во еден од претходните написи, вчеравечер, 16 јуни 2019 во еден од елитните скопски хотели се случи и најавената свадба, на која на едно место се собраа најпознатите и најпопуларни, македонски естрадни фаци. Очекувано зашто младоженец беше естрадниот менаџер Кристијан Стефановски - Кико, кој со својата девојка, сега веќе сопруга, Ана Стојковска стапи во брак.
Чаршијата наголемо шпекулираше дека ова ќе биде свадбата на деценијата на која ќе дојдат и запеат и Цеца и Лепа Брена и Аца Лукас, Саша Ковачевиќ, Жељко Јоксимовиќ... кои сепак не се појавија.
Но затоа пак тука беше голем дел од македонската естрада меѓу кои предничеа имињата на Драган Вучиќ, кој добро се дружеше и со своите естрадни колеги и пријатели од соседството, а и со „жадињата“ на сцената.
Тука беа и Виолета Томовска, Благоја Грујовски, Кристина Арнаудова со сопругот Александар, Роберт Саздов од „Куку леле“, Лозано, Слаткаристика, Јован Јованов кој за оваа прилика за да го испочитува својот некогашен менаџер, специјално допатува дури од Канада.
Елвир Мекиќ исто така дојде од Сараево со сопругата Лејла, а Јоце Панов не пропушти да ги дружи големите ѕвезди пред, за и по свадбата.
Кога сме веќе кај најавуваните мегаѕвезди, од нив се појавија Здравко Чолиќ кој ионака веќе беше во Скопје заради својот голем солистички  концерт,  Жељко Самарџиќ и Владо Георгиев.
Тие двајца специјално допатуваа од Белград, да бидат гости, но и да ги забавуваат гостите со неколку од своите добро познати хитови.
Пееја и претходно споменатите, а сите нив ги придружуваше скопскиот „Балкан бенд“. Главна беше се разбира, кој(а) друг(а), ако не - невестата со своето раскошно деколте, која не само што се забавуваше, туку ја користеше и секоја можност со селфи да ги овековечи најважните моменти во својот досегашен живот!
Меѓу гостите имаше исто така и други повеќе или помалку познати скопски фаци, воглавном млади луѓе, а естрадно - новинарска фела ја предводеше екипата на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“.
Водителот Миро Кацаров ја делеше дружбата со познатите ѕвезди...
...A, Александар Блажевски дури и го зеде микрофонот и заедно со популарната Васка ја запеаја „Ѓурѓевдан“.
Менаџерската легенда на некогашна Југославија, единствениот Велибор Џаровски - Џаро, заедно со својата ќерка новинарката Милица Џаровска ја надополни „ол стар“ екипата на јавни и познати лица.
Се на се' свадбената веселба на музичкиот менаџер и неговата избраничка наликувала на една голема журка на која сите добро се забавувале, дружеле и фотографирале... Нешто како приватен концерт со повеќе ѕвезди од затворен тип! Како и да е, нека е со среќа!      ]]>

Се ожени музичкиот менаџер Кристијан Стефановски: Кико реши да стапне на лудиот камен, па девојката ја побара за жена (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozeni-muzichkiot-menadzer-kristijan-stefanovski-kiko-reshi-da-stapne-na-ludiot-kamen-pa-devojkata-ja-pobara-za-zena-foto/ Mon, 11 Feb 2019 09:02:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=72033

Македонскиот музички менаџер Кристијан Стефановски - Кико ( План Б, Прагма, Балканмедиа...) реши да стапне на лудиот камен. Познат по организирање на концерти на големите регионални поп и фолк  ѕвезди (Жељко Јоксимовиќ, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Цеца, Владо Георгиев, Саша Ковачевиќ, Жељко Самарџиќ...), но и по контроверзите и скандалите кои постојано го следат:  судските процеси со познати македонски музички групи, пејачи и новинари, контакти и релации со македонското подземје, палењето на неговиот луксузниот автомобил утрото веднаш по последниот од двата концерти на Здравко Чолиќ во ноември 2018...
Стефановски пред да влезе во менаџерските води со големите ѕвезди на јавноста и стана познат како момче на македонската лото девојка и ТВ водителка Марјана Станојковска.
Добро упатените тврдеа, а чаршијата наголемо зборуваше дека тој во неа бил „вљубен до уши“, а по нејзиното раскинување на нивната врска, со месеци не можел да дојде на себе, зошто љубовта со лото девојката наводно го чинела многу емоции, живци и пари.
Неколку години подоцна ја започнува љубовната романса со сегашната свршеница, Ана Стојковска, инаку сестра на попознатата Ива Стојковска, некогашна македонска ракометарка ( Еуростандард Ѓорче Петров,  Кометал Ѓорче Петров, Вардар и Приштина) која дури го облече и репрезентативниот дрес.
Но набргу потоа  се откажа од активното играње, останувајќи во ракометот како спортски директор на женската екипа на ЦЕМС.
Избраничката на Стефановски е економист по професија, а тој шетајќи со неа по разни егзотични светски туристички дестинации, одлучил деновиве да ја побара за жена, за време на зимскиот одмор, кој тој и неговата драга го минуваат во францускиот зимски ски ресорт Вал Торенс.
Ана веднаш се пофали со фотографија од свршеничкиот прстен на социјалните мрежи и пост: „Засекогаш и вечно“, а првите честитки стигнаа токму од сестра и Ива.
Инаку, идната невеста обожува на социјалните мрежи да постира фотографии со познатите ѕвезди кои нејзиниот иден сопруг ги носи на концерти во Македонија, па така младата свршеница има завидна фото колекција со познати лица.
Се разбира, меѓу сите ѕвезди, не изостанува и отвореното покажување на емоции кон партијата на власт, особено кон нејзиниот претседател, Зоран Заев.
Како и да е, Кико ја најде жената на својот живот, веруваме за „Forever & always“... Па, нека е со среќа!
   ]]>