ана стојановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Dec 2023 10:18:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ана стојановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во 2023 година со едно појавување на црвениот килим предизвика бура од реакции – погодувате ли која е оваа мала и слатка позната Македонка? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-2023-godina-so-edno-pojavuvane-na-tsrveniot-kilim-predizvika-bura-od-reaktsii-pogoduvate-li-koja-e-ovaa-mala-i-slatka-poznata-makedonka-foto/ Wed, 27 Dec 2023 10:17:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332573

Изминатите месеци се изнагледавме ретро фотографии од познатите Македонци кои на своите профили одговорија на предизвиците од своите славни реални и виртуелни пријатели и колеги, па покажаа какви биле како деца. Но, секогаш има нешто невидено. Овој пат, на ваквиот предизвик одговори актерката за која периодов читавме и гледавме доста. Станува збор за младата и позната актерка Ана Стојановска која во екот на зимата сподели една ретро летна, од времето кога била малечка. На плажа во костим за капење, насмеана и неодолива. На прв поглед тешко да погодите дека е таа, но оваа слатка мала е нашата Ана. Денес вистинска дама, успешна и со темперамент од кој детскиот дух не ретко е нејзина одлика.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

Неодамна таа предизвика бура рекции од изборот на провокативниот и секси стајлиг со кој издоминира на Сараевски филмски фестивал, каде беше дел од екипата на филмот на Мачневски, „Кајмак“.
 
Ана Стојановска која е препознатлива по филмовите на Манчевски беше меѓу глумиците што го привлекоа вниманието на црвениот килим, а по истиот сигурно ќе биде запаметена како највпечатлива и модно најкоментирана за 2023 година. Ана едноставно кажано доминираше со својот минималистички, но ултра впечатлив стајлинг кој го износи перфектно. Мислењата беа поделени, но ефектот беше интензивен и експлозивен. фото: Instagram printscreen/ anchi.stojanovska]]>

Другарките во диско шема за „Ноќта на вештерките“: Катарина Ивановска и Ана Стојановска маскирани, како од хорор филм лансирани (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/drugarkite-vo-disko-shema-za-nokta-na-veshterkite-katarina-ivanovska-i-ana-stojanovska-maskirani-kako-od-horor-film-lansirani-foto/ Wed, 01 Nov 2023 08:10:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324796

Секоја година на 31-ви октомври во голем број земји се слави празникот „Ноќта на вештерките“, а овој глобален тренд на маскирање од година во година не се одминува ниту кај нас. Додуша, за разлика од минатата година поголем дел од познатите Македонци како да сфатија дека ова не е во нашата традиција и нема зошто би се обележувал кај нас, па денот, одосно ноќта помина како и секоја друга, а не специјална за празикот кој се верува дека има пагански корени. Сепак, поединци, без оглед на возраста ја активираа својата фантазија и имагинација, преобразувајќи се во разни страшни ликови и суштества, па вечерта беше идеална за журка низ скопските клубови. Познатите другарки, манекенката Катарина Ивановска и актерката Ана Стојановска се споија за заедничка забава под маски, па од она што го покажаа на своите Инстаграм „стори“, инспирација веројатно им беа „Адамс фемили“. Тикви, портокалово светело, морничави маски и музика по вкус, им ја направи повозбудлива вечерта на Ана и Катарина заедно со друштвото, па моментите ги споделија јавно. Додека за манекенката и нејзиниот приватен живот, односно за наводниот инцидент меѓу нејзините екс- партнери кружат вести по порталите, нејзе очигледно не ја тангира медиумскиот фокус, па си ја тера на забава. Со или без маски, што е тука е и до каде е! фото: ERICA SIMONE/GETTY IMAGES/ Instagram printskrin/Ana Stojanovska]]>

Тамара Тодевска повлече нога: Кој како влезе во студио кај Билбилов наместо да пее, завршува на јога (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-povleche-noga-koj-kako-vleze-vo-studio-kaj-bilbilov-namesto-da-pee-zavrshuva-na-joga-foto/ Wed, 18 Oct 2023 07:02:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322794

Заради стресното време во кое живееме, сите бараме некој издувен вентил низ кој ке го канализираме тој стрес и со тоа ке си го подобриме квалитетот на живот. Бидејки велат во здраво тело здрав дух многумина од нас, вентилот го пронаоѓаме во најразлични спортски активности. Сите сме наклонети кон една или друга активност но, за јогата велат дека е активност која треба и може сите да ја практикуваат без разлика на возраста и физичката подготвеност. Прозорецот кон животот на познатите – Инстаграм, деновиве доста активно покажува дека оваа активност станува се’поприменувана во кругот на позантите, а за тоа е заслужна новата девојка на Роберт Билбилов, јога инструкторката Лејла Рамнковка. Музичкото студио на нејзиниот сакан е местото каде доаѓа музичката фела, таа често е таму, па вака или така низ муабет, секако доаѓа ред и јогата. Па така, Тамара Тодевска лежерно опуштена реши да влезе во тој јога штос, а се пофали и на „стори“, седната во јога поза, веројатно по упатства на учителката. Секако, меѓу оние кои се пробаа е и Роберт за кој оваа јога пракса веќе е дел од неговиот живот откако во истиот му влезе саканата Лејла. Во студиото на Билбилов доаѓаат доста музички имиња, па попратно со музиката, совршено се дополнува и јогата за подобра инспирација. Дека јогата е дел од животниот стил, па и кога Лејла не вмешала прсти, покажа и актерката Ана Стојановска вежбајќи дома за дополнително опуштање на врнежливиот ден. А дека веќе е искусна докажува позата која успеа да ја направи со леснотија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

Кој повеќе, кој помалку искусен, но заеднички им е обидот со ментална и физичка релаксација за подобро здравје, сосема оправдано и вредно да се проба и примени. фото:Инстаграм принтскрин/Фејсбук/Лејла Рамковска]]>

По секси стајлинзите од црвениот килим за филмските фестивали во Сараево и Црна Гора, актерката Ана Стојановска на домашен терен сервираше дупло голо (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-seksi-stajlinzite-od-tsrveniot-kilim-za-filmskite-festivali-vo-saraevo-i-tsrna-gora-akterkata-ana-stojanovska-na-domashen-teren-na-manaki-vo-bitola-servirashe-duplo-golo-foto/ Sat, 30 Sep 2023 08:12:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319622

Секој фестивал има свој црвен килим каде гостите сакаат да се покажат во своето најдобро и највпечатливо модно издание, особено дамите. Изминатиот период домашните медиуми, па и регионалните пишуваа за ултра ефектниот изглед на нашата млада и позната македонска актерка Ана Стојановска, особено за нејзините секси изданија.  Најпрвин на Сараевскиот филмски фестивал, а потоа и за стајлингот на филмскиот фестивал во Црна Гора каде беше дел од екипата на филмот на Мачневски, „Кајмак“. А ако надор остави силен импакт, на домашен терен остана перманентна со модното светло кое го презентираше претходно. Па така, на 44-то издание на Интернационалниот филмски фестивал Брака Манки во Битола, Ана Стојановска „сервираше“ дупло голо. Имено, таа на црвениот килим зачекори во дводелна металик пудресто розова нијанса на дводелен комплет. Изборот се состоеше од ултра краток топ кој го откри нејзиниот совршено рамен и мускулест стомак, а останатата голотија овој пат беше за одзади- на грбот. Макси здолништето пак од долниот дел, нималку не беше изоставено од впечатокот за комплетната визуелна слика, а таму акцентот беш ставен на светкавите синџирчиња околу струкот. И во ова модно издание Ана ја покажа својата вита фигура, па изборот и овој пат беше непогрешлив за неа и тоа како таа знае да го износи. Периодов Ана покажа дека е доминантна на црвениот килим, така што и со комплет за кој се погрижи една македонска модна куќа, изборот на Ана беше полн погодок. Фото: Ана Стојановска Инстаграм принтскрин/ International Cinematographers' Film Festival MANAKI BROTHERS]]>

Ана Стојановска одново разголена, овој пат со „бесконечно“ деколте на филмски фестивал во Црна Гора (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-stojanovska-odnovo-razgolena-ovoj-pat-so-beskonechno-dekolte-na-filmski-festival-vo-tsrna-gora-foto/ Wed, 30 Aug 2023 08:04:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315775

Храбриот избор и модната уникатност се дел од стилскиот печат на познатата македонска актерка Ана Стојановска која периодов е доста активна со премиерите на филмот „Кајмак“ на филмски фестивали низ Балканот. Неодамна доста впечатлив и коментиран беше нејзиниот избор за свеченоста на сараевскиот филмски фестивал, каде домнираше со едноставен но ултра впечатлив црн фустан кој открива повеќе кожа. Храбриот избор на едни им се допадна, на други не, но преку сигурниот и самоуверен став на Ана, можеше да се забележи дека таа го носи вистинскиот избор, на вистинското место. Екипата на „Кајмак“ продолжи и на филмски фестивал во Црна Гора, а Ана одново модно доминираше, овој пат во дводелна комбинација од маичка со „бесконечно“ деколте и сино-тиркизно здолниште кои го комплетираа нејзиниот бохо- стајлиг за оваа пригода. Впечатлива и женствена, но ненаметлива и сосема доволно дозирана со провокација која таа знае како да ја износи. Инаку, филмот „Кајмак” на Милчо Манчевски, освои Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот). Наградата беше доделена на вчерашната свеченост при затворањето на меѓународниот Фестивал Херцег Нови Монтенегро. На свеченоста, покрај режисерот Манчевски, присуствуваа и актерите од филмот Александар Микиќ и Ана Стојановска. Паралелно, „Кајмак“ ја имаше и американската премиера, на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија. Во почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште три фестивали: i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски, Балкан панорама во Измир, Турција, и „Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина.]]>

Доминација на црвен килим на Сараевски филмски фестивал: Ана Стојановска го носеше најсексапилниот фустан од кој погледот кон неа останува фиксиран (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dominatsija-na-tsrven-kilim-na-saraevski-filmski-festival-ana-stojanovska-go-noseshe-najseksapilniot-fustan-od-koj-pogledot-kon-nea-ostanuva-fiksiran-foto/ Fri, 18 Aug 2023 07:41:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314204

Најновото дело на Милчо Манчевски, филмот „Кајмак“, беше прикажан на 29. Сараевски филм фестивал во програмата „Open Air“, каде што ќе присуствува и дел филмската екипа. Ана Стојановска која е препознатлива по филмовите на Манчевски и актуелна по последниот, „Кајмак“, беше меѓу глумиците што го привлекоа вниманието на црвениот килим на сараевскиот фислмски фестивал. Ана едноставно кажано доминираше со својот минималистички, но ултра впечатлив стајлинг. Таа избрала црн асиметричен фустан со топ од горниот дел и длабок пресек кај струкот и колговите, што дополнително ја нагласи нејзината вита става. Ана чекореше заедно со режисерот Милчо и колегата Филип Трајковиќ, движејќи се меѓу нив како божица кон која погледот се фиксира. Ана на секоја од премиерите на „Кајмак“ знае модно да издоминира играјќи на карта на провокација, но сосема умерана и соодветна на нејзиниот темперамент и приликата каде се појавува. Актерката периодов е доста ангажирана и за емисијата „Во радиус“ заедно со колегата Дритон Вејсели, а се прикажува на МТВ. Во однос на „Кајмак“ наскоро ќе има и американската премиера, во рамки на 33-тиот фестивал „Синеквест“ во Калифорнија од 15 до 30 август. Се работи за еден од најголемите независни фестивали на американскиот континент. До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали. фото:Инстаграм принтскрин/Ана Стојановска]]>

Авантура во радиус: Актерката Ана Стојановска и Талат од „Преспав“ се пар (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/avantura-vo-radius-akterkata-ana-stojanovska-i-talat-od-prespav-se-par-foto-video/ Mon, 29 May 2023 07:20:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303943

Ана Стојаноска и Дритон Вејсели, Вам попознат како Талат од хит серијата „Преспав“ се пар, актерско-водителски пар. Нивната врска е вистинита и тоа како водителско истражувачка двојка во новата доку-серија насловена „Радиус“. Од минатата недела, авантурите на Ана и Дритон може да ги гледа целата нација, а веруваме дека овој актерски тандем, а и авантуристичката тема, дополнително ги прави атрактивни. Првата македонска доку-серија ги раскажува автентичните приказни од Балканот. Секоја епизода е нова авантура, ново патување низ два града, две села или два региони во гранична област помеѓу Македонија и секоја од нејзините соседни земји. Ана блеска со својата компетитивност и подготвеност за акција. Таа е ранобудник со иницијатива секогаш подготвена за нови откритија. Наспроти неа го имаме Дритон кој е повеќе „турни ме да кинисам“, со телефонот во рака постојано го бара пократкиот пат до целта, а попатно неизбежно ги открива местата со најдобра храна. Не може да не ги засакате поради нивната уникатност, снаодливост и свежиот хумор. Приказните во секоја епизода се оние кои не поврзуваат но и не прават посебни, поврзани се со културното наследство, традициите и вредностите кои се заеднички за народите на Балканот, вкусната храна и прекрасната природа на регионот, како и луѓето во чии животи и професии се препознава важноста на минатото, но и погледот кон заедничката иднина. Првата епизода, во која Ана и Дритон ja истражуваат магијата на традиционалното занаетчиство и рачните изработки во Скопје и Призрен веќе е достапна на платформата Глеј и на Јутјуб каналот Радиус. ]]>

Ана Стојановска: „Пред премиерата на ‘Кајмак’ во Токио завршив во полиција“ (ВИДЕО)  https://arhiva.vistina.com.mk/ana-stojanovska-pred-premierata-na-kajmak-vo-tokio-zavrshiv-vo-politsija-video/ Thu, 16 Feb 2023 08:02:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289118

Ана Стојановска е истакната актерка од помладата генерација. Препознатлива по филмовите на Милчо Манчевски и сè уште актуелна по последниот, „Кајмак“, таа е една од оние глумици што го привлекуваат вниманието. Како ќерка на Силвија и Ненад Стојановски, природно било да се запише на ФДУ. Денес, таа е вработена во МНТ, каде што зад себе има многу улоги и е дел од театарската сцена. Сè уште со скорешни сеќавања од светската премиера во Токио за последниот филм, таа вели: „Таму беше многу возбудливо. Прво, затоа што бевме во Јапонија, второ, нè пречекаа како ѕвезди. Иако таму се изгубив додека се шетав низ градот, па по два-три часа лутање по улиците сама, завршив во полиција. Таму, место да ми помогнат да се снајдам, затоа што ми се испразни телефонот и не го знаев името на хотелот, полицијата ме однесе во продавница, ми купи полнач и ми рече: еве ,снаоѓај се“, раскажува Ана. Кога уметноста е во прашање, секогаш е актуелна темата за разголување пред камера или снимањето љубовни сцени. Таа со смеење зборува за сцената со зелките на голите гради од последниот филм. „Имаше многу коментари. Но, види, мене не ми е проблем разголувањето. Јас пред 15 години ја снимав првата полуеротска сцена. Тогаш можеби ми било малку непријатно. Со искуството стануваш посигурен. Порано повеќе се секирав како изгледам на камера, дали сум дебела, да не ми се гледа некое влакно на ногата или слично. Кога се снима таква сцена, не е сега 'ај вие имајте секс', сепак има техника, малку луѓе се присутни во просторијата. За разлика од театар, потешко е да се соблечеш од причина што има прашина на сцената, а кога снимаш за филм, барем е чиста просторијата“, вели Ана за „Репортер“. Во сеќавањата за татко ѝ Ненад Стојановски, еден од најголемите македонски актери, вели: „Го паметам како убав, голем, светол човек. Беше многу популарен, а денес многу повеќе го доживувам како актер затоа што кога почина, јас бев мала. Денес, кога гледам негови улоги, викам бил феноменален. Мајка ми ни е најголема поддршка и на мене и на сестра ми Јана“, вели Ана и додава: „Се случило да одиме на кастинг за иста улога и јас и Јана, мајка ми ни помага, ама никако не смее да каже која е подобра, ептен ќе ѝ се скараме“, се смее актерката. Зборувавме и за Влатко Илиевски, со кого беше во љубов, па вели: „Многу го сакав. Беше многу убав и беше одличен глумец. Два дена пред да почине бевме кај него и игравме карти. Ме погоди неговата смрт“. Зборувавме за модата, а ни откри и дека одлично готви. За љубовта, пак, вели: „Сама сум уште, сакам да се заљубам, ама научив да си ги простувам грешките и да се сакам повеќе“. Гледајте го видеото (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Ана Стојановска со две зелки на градите направи сарма на Инстаграм (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-stojanovska-so-dve-zelki-na-gradite-predizvika-lavina-reakcii-na-instagram-foto/ Tue, 29 Nov 2022 08:30:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277700

Младата македонска актерка Ана Стојановска во периодот од 2007 година, па се до 2022 има остварено бројни филмски улоги во серии и играни остварувања. Ана е една од најбараните наши актерки која маестрално се покажала во улогите кои ги добива. Нејзината последна и најактуелна е во филмот „Кајмак“ за кој периодв има навалица пред кино салите во Скопје и низ земјава.
Во екот на прикажувањето, Ана на својот Инстаграм профил сподели една од сцените каде е гола, а градите и се покриени со две зелки. Фотографијата предизвика доста реакции и стотици лајкови, а не изостанаа и коментарите меѓу кои најмногу и алпаудираа на храброста, други беа воодушевени бидејќи веќе ја погледнале приказната, а пак трети беа духовити или саркастични: „Немаш ци*ки пасе тешиш со зелки“, „Зелка со ребра лизгет“, „ Ухх... што сочна салата би направил со зелчињата“, гласат дел од коментарите за фотографијата која Ана ја наслови како „Игра со зелки“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

Инаку, Кајмак е македонски филм снимен во 2021 година во режија и сценарио на Милчо Манчевски. Главните улоги ги играат: Ратка Радмановиќ, Камка Тоциновски, Благоја Чоревски, Сара Климоска, Петар Мирчевски, Александар Микиќ, Борис Чоревски, Симона Спировска, Ана Стојановска. Филмот ја имаше својата премиера за време на Токискиот кинофестивал одржан на 26 октомври 2022 година во Јапонија.
 
Жанровски, филмот „Кајмак“ припаѓа на категоријата црна комедија, иако според некои критичари е тешко да се смести во кој било жанр. Според самиот Манчевски, филмот може да се стави во категоријата „љубовен филм за возрасни“. Филмот го прикажува животот на две современи македонски семејства. Во продолжение погледнете го официјалниот трејлер за „Кајмак“: фото:Инстаграм/Ана Стојановска]]>

Елена, Ана, Лејла и Тамара на авто -трка со многу возбуда и адреналин: Познатите Македонки се покажаа на која повеќе и врие во крвта, а победничка е… (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-ana-lejla-i-tamara-na-avto-trka-so-mnogu-vozbuda-i-adrenalin-poznatite-makedonki-se-pokazaa-na-koja-povekje-i-vrie-vo-krvta-a-pobednichka-e-foto/ Mon, 28 Nov 2022 08:25:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277518

Една ретко интересна случка викендов собра четири познати Македонки кои негуваат љубов кон автомобилите и брзото возење. За да доживеат максимален адреналин и возбуда која се памети, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Ана Стојанова и Лејла Рамковска учествуваа на авто- трката „Твинго кап 2022“ која се одржа на патеката Серес во Грција. Убав ден, позитивна енергија, многу смеење, дружење и секако натпреварувачки дух. Секоја од нив изгледаше секси и моќно зад воланот, но само една беше најдобра во маневрите и педалот за гас.
Секоја се докажа колку умее или има храброст, а онаа што успеа да дојде до првото место и пехарот беше Тамара Тодевска.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Пејачката за овој успех се пофали на својот Инстаграм профил каде следбениците и честитаа. По ѕвездата која деновиве од „Бекстејџ“ ја доби за најдобра пејачка, така сега уште една награда и сатисфакција заврши во рацете на Тамара - пехарот за место број еден во женска авто -трка. Можеби периодов и се случуваат не така убави нешта на приватен план околу разделбата со сопругот, но затоа таа добро знае како да компензира со висок напон на позитивни вибрации. фото:Инстаграм принтскрин]]>