ана стефановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Dec 2021 13:30:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ана стефановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Драмите на Горан Стефановски преведени на италијански јазик https://arhiva.vistina.com.mk/dramite-na-goran-stefanovski-prevedeni-na-italijanski-jazik/ Tue, 14 Dec 2021 13:30:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231185

„Пред многу години му ветив на чичко ми Горан дека еден ден ќе ги преведам неговите драми на италијански јазик и благодарна сум им на сите оние кои ми помогнаа да го одржам ветувањето“ - напиша на социјалните мрежи Ана Стефановска, ќерката на нашиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски и внука на познатиот македонски драматург Горан Стефановски. Таа додава дека првиот превод на делата на Горан Стефановски на италијански јазик е финансиран од страна на Министерство за култура и е реализиран во соработка со италијанската издавачка куќа Cue Press. „Се надевам дека реализацијата на овој превод ќе и овозможи на италијанската публика да се запознае подобро со македонскиот јазик, книжевност и култура“ - додава Стефановска. Ана работи како професор по италијански јазик и литература во Ирска, а во слободно време и на дигитализација на делата на својот чичко Горан Стефановски.]]>