ана петановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Mar 2022 13:06:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ана петановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ана Петановска и Рената Кралевска се придружните вокали на Андреа за „Евросонг 2022“ во Торино https://arhiva.vistina.com.mk/ana-petanovska-i-renata-kralevska-se-pridruznite-vokali-na-andrea-za-evrosong-2022-vo-torino/ Fri, 25 Mar 2022 13:05:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244404

Во пресрет на 66-тото издание на Евровизија, македонската претставничка Андреа ги засилува подготовките за Торино. На сценските движења работи со Билјана Пашариковска. „Ова е многу личен проект и одлучивме луѓето кои ме познаваат најдобро да бидат дел од него. Билјана е човек кој не само што ми помага да ја почувствувам сцената како мој дом, туку ми дава и поддршка и стабилност. За сценскиот настап не би откривала многу, освен дека акцентот е ставен на мојата автентична експресија и движењата само ја поддржуваат“ – изјави Андреа. Младите вокалистки Ана Петановска и Рената Кралевска ќе бидат придружни вокали на Андреа во Торино. Ана Петановска е матурантка во гимназијата Јосип Броз Тито. Професионално со музика се занимава 5 години, а од својата најрана возраст активно е музички ангажирана преку учество во бројни музички натпревари. Минатата година беше учесник на Аларм фестивал и настапуваше на Василичарскиот концерт со Македонската Филхармонија. Инволвирана е во бројни проекти и соработки, како во албумите на нејзиниот брат Стефан Петановски, Eros и Architect of Reality. Нејзината последна песна Haya е објавена во февруари годинава.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Andrea (@andreamusic20)

Рената е македонски пејач и автор со бројни национални и интернационални достигнувања во кариерата. Во сите свои проекти се потпишува како автор, вклучувајќи и песни за други македонски и странски изведувачи. Во 2010 како ексклузивец на македонската продукција Sky Eye entertainment објавува шест песни продуцирани од Зоран Алексиќ, а првиот сингл Time Time е објавен од најголемата дистрибутивна компанија во светот Radio Express Los Angeles. Нејзиниот последен сингл Queendom е продуциран и издаден во Шведска. Моментално студира соло пеење на отсекот за популарни жанрови при Музичката Академија во Скопје. Што се однесува до стајлингот за сценскиот настап во Торино, Андреа ја продолжува соработката со Цаци Паковска, која го искреира изгледот на Андреа за официјалниот видеоспот за Circles. „Комплетно ме разбира и знае точно што сакам без да и кажам. Со оглед на нејзиното искуство, сметам дека Цаци е најсоодветен избор за едно вакво важно претставување пред Европа и светот.“ – истакна нашата претставничка. Добар тренинг за она што ја очекува Андреа во Торино се и промотивните настани, а по гостувањата во Црна Гора и Романија, следни на агендата се Лондон, Тел Авив и Мадрид. „Мразот го скршив во Романија каде за прв пат ја испеав песната во живо. Тремата ја победив и сега само преостанува да вежбам и да излезам на 12-ти мај како најдобрата верзија од себе.“ – искрено вели Андреа. Евровизија годинава ќе се одржи во две полуфиналиња на 10-ти и 12-ти мај и едно финале на 14-ти мај, а Андреа настапува во втората половина на второто полуфинале на 12-ти мај.  ]]>

Ана Петановска е на повик до големата сцена со – „Викни ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-petanovska-e-na-povik-do-golemata-scena-so-vikni-me-video/ Thu, 26 Aug 2021 12:11:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216941

Младата македонска пејачка Ана Петановска има нова песна, насловена „Викни ме“. Снимена е во студио и продукција кај стариот искусен лисец Кристијан Габроски. Музиката и стиховите ги потпишува младата Анастазија Габроска, а за видеоанамацијата која ја придружува песната на Јутјуб каналот се погрижил братот на Ана, Стефан Петановски. Иако има само 17 години, нејзиниот моќен глас и настапот на годинешниот Василичарски концерт во Националната опера и балет предизвика бура од овации и аплаузи. Таа со неверојатна леснотија и жар ги изведе песните од програмата меѓу кои и “Тажна љубов среќна песна“, а присутните сакаа да знаат кое е девојчето со бисерен глас… На новинарското прашање која е всушност Ана Петановска таа едноставно ни одговори: “Јас во суштина сум едно многу дружељубиво девојче што со огромна љубов ја сака музиката, луѓето, публиката и секако пеењето кое што просто е дел од мене. Во слободно време свирам пијано и гитара, но покрај музиката, многу сакам спортување, филмови, готвење, патувања и дружења со пријателите и најблиските. Учам во гимназија и сум трета година“ - тогаш изјави Ана за весникот „Вечер“. Ана досега настапувала на многубројни училишни градски и државни натпревари, и интернационални проекти, како настапот во Турција, Истамбул. Преку музичкото училиште Ентерпрајз била и дел од проектот „Music connects“ три пати со три возбудливи проектни концерти во Скопје и во Косовска Митровица... Пројавува интерес за различни жанрови на музика како што е рок, соул, поп, џез, R&B... Како што самата ќе изјави, приоритет и е образованието. Во меѓувреме континурано работи на вокалната техника и дишењето како главен елемент во пеењето. Има многу цели кои би била многу радосна  да ги постигне, но една од нив е да настапува пред огромна публика на голема сцена, каде што луѓето во еден глас ќе ги пеат нејзините песни и како што самата вели: „Заедно ќе уживаме со вклучени блицови…“! Можеби токму „Викни ме“  е првиот повик, првиот чекор кон големата сцена: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=mLVQcjZftS8[/embed]  ]]>