Ана Мартиновска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Jul 2021 12:31:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Ана Мартиновска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „(И)стории од долапот: Избор од македонската народна еротика“ од Ана Мартиновска https://arhiva.vistina.com.mk/i-storii-od-dolapot-izbor-od-makedonskata-narodna-erotika-od-ana-martinovska/ Mon, 05 Jul 2021 12:31:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209720

Во среда, 7 јули 2021 година, во Културно-информативниот центар на Скопје, со почеток во 19.00 часот, ќе биде промовирана книгата „(И)стории од долапот: избор од македонската народна еротика“ која ја подготви и за која напиша предговор Ана Мартиноска. Станува збор за опсежен избор од македонскиот еротски фолклор во кој се застапени сите жанри – и приказната и песната и поговорките и гатанките… Книгата ќе ја промовираат Лорета Георгиевска-Јаковлева и Мишел Павловски. Издавач е Книгоиздателството Ми-Ан. Кога станува збор за книгата, треба да се одбележи успешноста да се спои стручноста и научните критериуми со популарноста и пристапноста на делото, со што пред нас имаме издание кое добива многу поголемо значење и многу поширок аудиториум. Еротскиот фолклор е претставен дијахрониски – од ритуалните форми до современите изрази. Сето ова претставува своевидна, сериозна, опсежна и полезна антологија на македонскиот еротски фолклор, која ја отвара можноста за понатамошно истражување на оваа проблематика. Книгата пополнува неколку празнини во македонската фолклористика. Тоа е опширен избор на најразлични фолклорни жанри: песни, приказни, гатанки, баења, обреди итн. обединети околу една тематска оска – еротиката. Проектот е значаен прилог кон македонската култура воопшто, кој се стреми научната и читателската јавност да ѝ се презентира ова фолклорно наследство во таков обем и со севкупност на жанровскиот израз. Изборот е направен на принцип на широчина. Имено, широчина не само во поглед на застапените жанри, туку и широчина во однос на тоа што материјалите се репрезенти на различни сфери од народниот бит, обраќајќи се на различни етноси и возрасни групи, на различни социјални нивоа… Ана Мартиноска (Скопје, 1972) е професорка, научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми, феминистка и активистка за родова рамноправност. Учествувала со самостојни прилози во бројни национални и меѓународни научно-истражувачки проекти, како и ја голем број научни конференции и симпозиуми. Реализирала повеќе научни и стручни престои, од кои се издвојува докторскиот престој на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија во 2004. Мартиноска ги има објавено книгите: “Поетиката на македонските народни гатанки” (2002), “Голиот на гости – Антологија на македонскиот еротски фолклор” (2007), “Митот и ритуалот во македонскиот фолклор – релации и проникнувања” (2008), „Конески и фолклорот“ (2012), „Културни парадокси (Родот, етницитетот и идентитетот во фолклорот и литературата)“ (2014), „Културна фабрика (Огледи за родот, градот и популарната култура)“ (2018) и „(И)стории од долапот: Избор на македонска народна еротика“ (2020).]]>