американски сон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 May 2023 10:48:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png американски сон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ваков луксуз ретко се гледа: Ѕирнете во станот на ќерката на Кеба (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vakov-luksuz-retko-se-gleda-zirnete-vo-stanot-na-kerkata-na-keba-foto/ Thu, 11 May 2023 10:48:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301557

Атрактивната бринета, чија иднина на музичката сцена многумина ја оценија како полна со потенцијал, го живее американскиот сон, а нејзината кариера во САД е исто толку светла како и онаа што и ја предвидуваа и на Балканот. Наташа Којиќ замина во САД како стипендист на престижниот универзитет „Беркли“, беше одличен студент, а сега се занимава со компонирање музика за филмови и серии кои можете да ги слушнете во бројни странски продукции, а неодамна започна и соработка со „Нетфликс“. Сепак, она што многумина најмногу ги интересира е каде живее ќерката на Драган Којиќ, Кеба, откако ја напушти луксузната вила на нејзините родители кои со години уживаат во Бежанија Коса. Ниту на Наташа не и е лошо, бидејќи атрактивната наследничка на Драган Којиќ често на својот „Инстаграм“ објавува фотографии од станот во кој живее и кој не е ништо помалку луксузен од домот на нејзините родители на кој е навикната.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Natasha Kojic (@natashakeymusic)

Нејзиниот стан е простран, доминираат светлите тонови, а сè е хармонично дизајнирано и зрачи со топлина. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Кавадаречката фолкерка го живее својот американски сон: Се сеќавате ли на Јасмина Мукаетова? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kavadarechkata-folkerka-go-zivee-svojot-amerikanski-son-se-sekjavate-li-na-jasmina-mukaetova-foto-video/ Sat, 20 Feb 2021 08:40:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103913

Своевремено важеше за една од најубавите и најатрактивни пејачки во златните денови на македонската фголк естрада иако се проба и во забавните води. Русокоса, згодна, со впечатлива природно виткана коса, упадливо нашминкана, Јасмина Мукаетова беше препознатлива и визуелно и по својот глас.
И кога сите очекуваа дека ќе направи голема кариера, кавадаречката убавица преку ноќ исчезна од естрадата, ама и од земјата. Имено, Мукаетова ја погодија ам,оровите стрели, па љубовта и донесе „понуда што не може да се одбие“ и замина за Америка.
Оттогаш мина повеќе од една деценија, а за Мукаетова малку се слуша и знае дома. Таа се омажи за  својот сакан Трајче, по потекло кавадарчанец од Њу Џерси во 2008 година.
Основаа семејство, Јасмина роди две машки деца, синовите Диме и Зуко и со својот Тале имаат семеен бизнис.
Јасмина очигледно исполнета и среќна, преку океанот го живее својот американски сон, а песната ја остави настрана, за ретки прилики, како што беше онаа минатото лето, кога Јасмина и сопругот на годишницата од бракот, по десет години од американската свадба во Лас Вегас, решија да направат и македонска.
За сите роднини, другари, соседи, пријатели, колеги... кои тогаш ги собраа во ресторанот во винаријата во Градско, па се пееше и славеше до зори, со колегите - ѕвезди од македонската, но и од српската фолк естрада, а за микрофонот се фати и невестата!
Мукаетова, впрочем речиси секое лето редовно се враќа на кус престој во родната Македонија, а МТВ неодамна не ја пропушти можноста како јавен и национален сервис, да ја повика во една од своите магазински емисии.
Во меѓувреме иако можеби активно и професионално не се занимава со музика, Мукаетова не ја заборавила македонската песна, па последното што го направи е преработката на македонскиот фолк бисер, „Дејгиди, луди млади години“, која во нејзина изведба можете да ја проследите подолу, како и визуелизацијата на истата во прекрасното видео.
Иако Мукаетова како да „скарана со годините“, па изгледа речиси исто, како воопшто да не се променила и остарела, изборот на песната веројатно кажува нешто друго... Како чувствува душата!
Ама, како и да е, едно е сигурно: И со гласот и со стасот им русокосата кавадарчанка гордо им пркоси на времето и годините! https://www.youtube.com/watch?v=5E9mfn-4Eqg]]>