амди бајрам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 06 Oct 2019 09:18:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png амди бајрам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бајрам на умот: На „прав пат“, во крив правец https://arhiva.vistina.com.mk/bajram-na-umot-na-prav-pat-vo-kriv-pravec/ Sun, 06 Oct 2019 09:14:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111056

Старите рекле: „Криво седи – право збори“. Кај Заев токму обратното. Речиси цел еден мандат во премиерското столче право седи, ама криво збори! Зашто се' што ќе вети и каже – ќе излаже! Така беше и вчера, кога лидерот на СДС Зоран Заев имаше граѓанска трибина во Штип во рамките на кампањата „На прав пат“. Бидејќи се’ што досега рекол –порекол, и овој пат, откако го кажа своето,  доби серија на критики од присутните, како на пример од пензионерите, кои го потсетија што им ветил, а не исполнил во предизберието. Пред да тргне по „патот“, по кој не знае кај тера. Или знае, ама така му чини, па ги убедува другите дека можат мирно да спијат, додека тој си ја вози својата зацртана рута. Во Штип со него беа и некои од коалиционите партнери. Како Амди Бајрам на пример. И додека премиерот почна да се поти  на жешкото столче по незгодните прашања од присутните граѓани во салата за неисполнетите предизборни ветувања, Амди качен во коалициониот автобус на Заев, го фати дремка. Амди Бајрам мирно спие, убеден дека Заев го вози на прав пат! И навистина, вака кога ќе го видиш патот е прав... само што автобусот на Заев вози во погрешна насока! А многу бргу, веќе на на следните парламентарни избори ќе се покаже дека дури и кога тврди дека е „на прав пат“, Заев тера во „крив правец“!  Затоа и оние кои слатко спијат на неговите приказни додека „мајсторот ги вози“,  сосе него заедно, бргу ќе се најдат во политички ендек! Амди дури тогаш можеби „ќе се разбуди од сонот“ и ќе сфати дека последните 4 години, само си правел „Бајрам на умот“!  ]]>