амбулатни возила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 31 May 2019 07:25:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png амбулатни возила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара Тодевска за амбулантните возила: „Не се искажав така како што мислев и поради тоа сакам да се извинам“ https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-za-ambulantnite-vozila-ne-se-iskazav-taka-kako-shto-mislev-i-poradi-toa-sakam-da-se-izvinam/ Fri, 31 May 2019 07:22:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90587

Впечатоците, импресиите, резултатите од 64- годишното издание на Евровизија се уште не престануваат. Оваа година наша претставничка беше Тамара Тодевска со песната „Proud“ која според гласовите на жирито го освои првото место, а според публиката се најде на седмо место. По враќањето од Тел Авив, Тодевска беше пречекана на скопски аеродром, а потоа беше гостинка во Отворено студиот на 1ТВ. Во емисијата  Тодевска ги откри првите имперсии од Евровизија, но и  дека не треба да се откажуваме од Евровизија за да се купат амбулантни возила.
„Ни фалат многу работи. Но, не е поентата да зимаме од уметноста за да дадеме за амбулантни возила. Која е поентата да не одиме на Олимпијада, која е поентата да не одиме на вавки случувања каде што може да се промовира и уметноста и спортот, да бидеме дел од Европа и да слушне светот за нас бидејќи и ние знаеме како треба“ изјави Тамара. https://www.youtube.com/watch?v=1oXj3zWbx24&t=292s По оваа нејзината изјава се крена голема прашина. Меѓутоа во интервју за „Женски магазин“, Тамара јавно се извини истакнувајќи дека била понесена од еуфоријата и не се искажала добро. „Најпрвин би сакала од дното на моето срце да им се заблагодарам на сите за несебичната поддршка и љубовта од моментот кога беше објавено дека ќе ја претставувам Македонија на „Евровизија“ па сѐ до денес. Ова беше колективен успех на сите во нашата земја и без несебичната поддршка овој момент немаше да биде тоа што е. Што се однесува до мојата изјава, понесена од целокупната еуфорија едноставно не се искажав така како што мислев и поради тоа сакам ви се извинам. Како мајка на две деца, знам колку е важно да креираме подобар свет за сите нас и секојдневно се трудам да бидам позитивен пример за моите деца и воопшто за сите околу мене“ вели евровизиската претставничка.
Таа исто така истакна дека од Тел Авив има преубави спомени и случувања, па можеби ќе и напише книга. -  Многу. Би можела да напишам книга за цело ова искуство а можеби и ќе го направам тоа. Ние секојдневно се смеевме и бевме можеби најпозитивната делегација во Израел. Владееше енергија што не може да се опише со зборови“ вели Тодевска. Во текот на целиот овој проект најголема поддршка и беше семејството, а таа се радува што конечно по неколку месеци може да им се посвети.
На прашањето што следува по Евровизија, Тамара за „Женски магазин“ вели: -  Моето време допрва доаѓа. Чувствувам дека сѐ што сум правела до сега било само генерална проба за она што допрва ќе следи. Подготвена сум за големи работи. Инаку, Тодевска утре полни 34 години, а роденденот ќе го прослави со најмилите. https://www.youtube.com/watch?v=3A65lXLNZfk]]>