аманет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 17 Nov 2023 13:16:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png аманет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Желбата на Лаушевиќ била да го испратат во вечниот дом онака како што живееше: „Мирно и тивко“ https://arhiva.vistina.com.mk/zhelbata-na-laushevik-bila-da-go-ispratat-vo-vechniot-dom-onaka-kako-shto-zhiveeshe-mirno-i-tivko/ Fri, 17 Nov 2023 13:16:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327521

Жарко Лаушевиќ не напушти на 15 ноември, во тишина на 64-годишна возраст, а неговото заминување го остави целиот регион во солзи. Познатиот актер, Жарко Лаушевиќ зад себе остави бројни улоги по кои ќе го паметиме, а животот го помина во изолација, без преголема медиумска експонираност. Додека многу познати личности со болка се простуваат од Лауш, се шпекулира каде ќе биде погребан актерот. Како што се наведува, го чека неговото место во Алејата на заслужните граѓани, а конечната одлука треба да ја донесе семејството. Како што пренесува „Курир“, драмскиот уметник Жарко Лаушевиќ изразил желба да биде испратен во вечното почивалиште онака како што живеел - тивко и повлечено. Актерот му оставил аманет на семејството да биде кремиран и неговиот погреб да биде во Белград. Инсистирал погребот да се одвива без големи церемонии и говори, во најтесниот круг на блиски луѓе, потврдил изворот за споменатиот портал Лаушевиќ, кој е роден во Цетиње, поголемиот дел од кариерата го помина врзан за Белград, па неговата желба не изненадува. Во чест на драмскиот уметник ќе се одржи комеморација на која ќе говорат пријатели и колеги, а од него ќе можат да се простат сите почитувачи на неговиот лик и дело. Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Дамир Дервишагиќ/]]>

ВИС „Аманет“ слават јубилеј – пет години постоење со концерт во МОБ: „Многу мерак имам“ https://arhiva.vistina.com.mk/vis-amanet-slavat-jubilej-pet-godini-postoene-so-kontsert-vo-mob-mnogu-merak-imam/ Fri, 31 Mar 2023 12:29:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296139

Вокално-инструменталниот состав „Аманет“, на 1 април (20 часот), во Националната опера и балет со концертот насловен „Многу мерак имам“ ќе го одбележи јубилејот, пет години од своето постоење. Овој состав располага со богат репертоар, којшто се состои од традиционални ора и песни од повеќе региони во Македонија, изведувани на традиционални инструменти како кавал, гајда, шупелка, тамбура, ќемане и тапан. Присутните ќе имаат можност да уживаат во изведбата на народните песни „Девојче, девојче, црвено јаболче”, „Многу мерак имам, бабо” и „Зачукале тапаните” како и некои постари песни кои за првпат ќе имаат можност да ги слушнат. Ќе бидат изведени и ората “Чучук”, “Штипска крстачка” , “Ситна лиса”… Инаку, групата е составена од 11 членови: Андреј Трајковски, Роберт Ангеловски, Филип Арилон , Новица Крстевски, Оливер Настовски, Христијан Јаневски, Јане Крстевски и Никола Волканоски – инструменталисти, додека како вокали настапуваат Симона Петковска, Ивана Чаловска-Ангеловска и Ленче Димовска. Како гости, пак, ќе настапат инструменталистите Стојче Трајанов и Џељо Дестановски, како и  долгогодишен соработник на ВИС “Аманет“, Владо Дојчиноски. ВИС „Аманет” има реализирано повеќе концерти, настани и хуманитарни акции, а соработува и со неколку културно-уметнички друштва, со чија помош заемно придонесуваат за афирмација на македонскиот фолклор во светот. „Иако сме релативно млада група, нашата мисија и цел е да ја сочуваме традицијата и тоа токму ширејќи го звукот на таа традиција. За возврат, многупати сме биле наградени со награди и признанија, кои се само поттик да продолжиме да ја шириме нашата мисија, светот да ја слушне македонската традиционална песна“, велат од „Аманет”.]]>

Сузана Гавазова за Велигден остави „Аманет“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-gavazova-za-veligden-ostavi-amanet-video/ Tue, 04 May 2021 09:47:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201213

Фолк пејачката Сузана Гавазова уште од почетокот на пандемијата со коронавирус не застана со својата кариера. Како и сите колеги и таа нема настапи, но затоа снима нови песни и спотови. Нановото е песната и спотот за „Аменет“ кои ги објави за Велигден. Музиката за оваа најнова песна е на Бернард, аранжманот го подготви Минтаз Мемедов, а текстот Орце Зафировски. Песната е снимена во студиото на Минтас Мемедов “Минти Стар”. Саксофонот го отсвири Исо Ајдинов, додека пак миксот и мастерингот на истата го направи Саша Диниќ,спотот го снимаше ИН продукција и е снимен на неколку локации во Охрид и Прилеп . Погледнете: ]]>

Првиот техно фестивал „Аманет“ во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/prviot-tehno-festival-amanet-vo-ohrid/ Wed, 03 Jul 2019 11:41:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95966

Првото издание на фестивалот „Аманет“ ќе ја има честа да го отвори еден од омилените диџеи за македонската публика, човекот кај кого забавата е загарантирана – холандската ѕвезда Метју Декеј – порачаа организаторите на новиот фестивал.
„Нашите планови и амбиции се да прерасне во фестивал кој ќе биде препознатлив белег на македонската урбана и прогресивна сцена, градот Охрид и Македонија! Како значаен дел од глобалните светски трендови на целосно музичко доживување се потрудивме да понудиме ексклузивна, квалитетна и фестивалска програма. Сеопфатен настан кој за првпат се случува кај нас“, велат тие.
Програмата ќе се одвива од 26 јули до 3 август на плажата Градиште 2, како и забави на бродот „Галеб“, а затворањето ќе биде со забава на зајдисонце во „Долни Сарај“. Меѓу досега најавените имиња се и украинското дуо „Артбат“ и англискиот диџеј и продуцент Ник Фанчули, а допрва се очекуваат и имињата на домашните ѕвезди што ќе го збогатат ова прво издание на „Аманет“.
Поединечните и блок-влезниците за фестивалот се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн на kupikartizase.com.
]]>