амал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Aug 2019 10:47:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png амал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џорџ и Амал Клуни: Брачните проблеми надминати, познатата двојка повторно чека близнаци! https://arhiva.vistina.com.mk/dzordz-i-amal-kluni-brachnite-problemi-nadminati-poznatata-dvojka-povtorno-cheka-bliznaci/ Thu, 22 Aug 2019 10:47:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103408

Брачниот пар Клуни - Амал и Џорџ, по гласините за проблемите во бракот, според странските медиуми, повторно очекуваат близнаци. Неодамна, еден извор за магазинот Латин Тајмс изјави дека додека престојувал на нивниот италијански имот на езерото Комо, Амал имала трудничко стомаче, а наводно е „фатена“ и од фотограф. Наводно, тато Џорџ во исто време е многу возбуден и многу загрижен за веста дека ќе добие близнаци. Поточно, тој се секира како покрај двегодишните Ела и Александар, тие ќе чуваат и воспитуваат уште две мали деца.
Новата бременост, наводно, ги зближила Амал и Џорџ повеќе од кога било. „Џорџ поретко патува во Лос Анџелес, така што тој и Амал отидоа на брачни совети. И сега не се караат толку често“, рекол изворот. Џорџ, наводно, веќе побарал од Бред Пит да ја преземе улогата на дадилка, додека тој ќе го побара поранешниот претседател Барак Обама за кум. Добрите пријатели Амал, Меган Маркл и поранешната прва дама Мишел Обама веќе планираат „Baby shower“ (забава за добредојде на бебињата) за доаѓањето на приновите. Сепак, досега никој од нив јавно не се огласил на оваа тема.   Извор: Космополитан Фото: Профимедиа]]>

Амал му постави строга забрана на Џорџ Клуни https://arhiva.vistina.com.mk/amal-mu-postavi-stroga-zabrana-na-dzordz-kluni/ Thu, 08 Nov 2018 09:18:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56889

Амал Клуни сериозно се исплашила по сообраќајната несреќа која ја имаше Џорџ Клуни во јули годинава во Италија, па тој одлучил својот Харли Дејвидсон да го продаде на аукција за непрофитна организација која им помага на американските ветерани. Имено, Амал му забранила на Клуни да вози мотор и побарала од него истиот да го продаде. Како што пишуваат странските медиуми, таа често го има главниот збор во домот, а актерот бил многу попустлив кон неа.
Моторот во моментов е најскапиот предмет на аукцијата, проценет е на 25.000 долари, а на истата може да се купат и патики со потписот на Елен Деџенерис, како и ВИП билети за премиерата на осмата сезона на „Игра на престолот“.]]>