амадеус бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 16 Mar 2022 13:02:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png амадеус бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 17-ти март, во ресторан „Дион“ во Скопје: „Амадеус бенд“ со вечерен настап и дневна промоција за медиумите на новата песна и видеоспот – „Београд“ и документарецот за нивниот починат член Токан   https://arhiva.vistina.com.mk/na-17-ti-mart-vo-restoran-dion-vo-skopje-amadeus-bend-so-makedonska-promocija-za-mediumite-na-novata-pesna-i-videospot-beograd-i-dokumentarecot-za-nivniot-pochinat-chlen-tokan/ Wed, 16 Mar 2022 13:01:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242884

Најпопуларниот музички состав кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи во целиот регион, ги промовира новата песна и виеоспот „Београд“ во Скопје. Промоцијата за медиумите е закажана на 17-ти март, четврток, со почеток во 12.00 часот напладне во ресторан „Дион“. Покрај присуството на членовите на бендот и македонската премиера на видеото, ќе биде прикажан и кусиот документарец во сеќавање на нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го изгуби животот од короната. По завршувањето на промоцијата ќе следат новинарски прашања, снимање изјави, интервјуа... со членовите на бендот од новинарите и заедничко дружење со нив на мала коктел закуска. Главниот настан ќе се случува вечерта, кога „Амадеус бенд“ во ресторан „Дион“  од 20.00 часот  ќе имаат вој настап, каде пред публиката ќе ги изведат своите најголеми хитови и секако ќе ја промовираат и новата песна „Београд“ во живо. Бројот на места за вечерниот настап е ограничен, а настанот ќе се одвива според важечките здравствени протоколи за Ковид 19. ]]>

На 17-ти март, во ресторан „Дион“ во Скопје: Концертна журка со „Амадеус бенд“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-17-ti-mart-vo-restoran-dion-vo-skopje-koncertna-zurka-so-amadeus-bend/ Tue, 15 Mar 2022 06:44:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243201

Најпопуларниот музички состав „Амадеус бенд“ кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи во целиот регион, на 17-ти март, четврток, со почеток во 20.00 часот во скопскиот ресторан „Дион“ ќе одржи уште еден незаборавен настап во живо. Спектакуларна журка на која Џаја и екипата ќе ги изведат своите најголеми хитови и концертно ќе ја промовираат новата песна „Београд“ на која за последен пат свири нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го загуби животот од короната. Настапот на „Амадеус бенд“ е настан на кој кога еднаш се присуствува, постојано се раскажува, а нивниот следен - не се пропушта. Бројот на места е ограничен, затоа не пропуштајте да резервирате на: 072/ 222 - 445 Настанот ќе биде организиран според сите важечки протоколи за Ковид 19.  ]]>

Сале СРВ се сети прв меѓу рокерите да ја опее оваа страшна корона – „П(л)андемија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-srv-se-seti-prv-megju-rokerite-da-ja-opee-ovaa-strashna-korona-p-l-andemija-video/ Wed, 12 May 2021 07:54:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202150

Корона пандемијата го закочи светот речиси една и пол година, менувајќи ги нашите секојдневни навики и правила на животот. Новото „ненормално“ стана „нормално“, а во сиот тој хаос на борба со невидливиот непријател кој зацрни многу човечки судбини, меѓу најпогодените еснафи беше оној, музичкиот. Или поточно естрадата, која ниту до ден денес не може да се опорави, да тргне од „лер“ , а камо ли да почне сериозно да работи и да се врати на своите стари позиции. Но во сиот тој метеж со чумата на 21-от век,  некои естрадни уметници Ковид-19 го искористија како инспирација за кретаивно творештво. Преработки, кавери  на познати стари странски и домашни хитови со нови стихови или сосема нови и оригинални музички теми, сеедно, се дел од новото творештво на старите мајстори во „новото нормално“. Кога веќе не може да се свири и настапува, тогаш барем може да се компонира и снима. Еден од оние на кои корона пандемијата им ја поттикна инспирацијата е и македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале - Рокер или Сале СРВ. По последните евторски песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, Сале има нова авторска песна, инспирирана токму од актуелната светска корона криза, насловена како „Пландемија“.   Автор на музиката и стиховите е самиот Сашко Сале Андриески, додека аранжманот го изработил Драган Ристовски - Д.Р.Д. медиа,  во чие студио ипродукција е снимена и песната. Интересно е што сале како човек кој работи и соработува со големите музички имиња од регионот, по дуетот со Бора - Чорба, соработката со Зеле Липовача од „Дивље јагоде“ и Ален Исламовиќ, и на оваа песна има познат специјален гостин, кој овој пат ги отсвирел гитарските соло делници во песната, а во прашање е некогашниот гитарист на „Амадеус бенд“, Милан Кордулуп. Песната исто така има две верзии - на Македонски и Српски јазик. Македонската верзија  е веќе промовирана вчеравечер, 11 мај 2021, додека српската ќе биде пуштена во етерот ден подоцна, односно вечерва, на 12 мај 2021 година во 20 часот. За обете е снимено и промотивно видео во студиото на Д.Р.Д. медиа, кое го изработил Драган Ристовски, а истото можете да го погледнете во продолжени, заедно со музичката приказна на Сале СРВ и неговата „Пландемија“. https://www.youtube.com/watch?v=9tTGuKQ6Myg      ]]>

Како да претчувствувал: Ова е последната снимка на починатиот тапанар на „Амадеус бенд“, на која Бојан само пред еден месец во кафеана пее – „Кога еднаш ќе ме нема, штом засекогаш ќе склопам очи…“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-pretchuvstvuval-ova-e-poslednata-snimka-na-pochinatiot-tapanar-na-amadeus-bend-na-koja-bojan-samo-pred-eden-mesec-vo-kafeana-pee-koga-ednash-kje-me-nema-shtom-zasekogash-kje-sklopam-ochi-vi/ Tue, 24 Nov 2020 13:08:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177804

Тапанарот Бојан Златановиќ, член на „Амадеус бенд“, кој почина на 45-годишна возраст од последиците од коронавирусот, на неговата последна снимка покажува како неговиот глас ги допирал и топел срцата на сите што го слушале. Пред само еден месец, Бојан ќе ја сподели последната снимка на својот Инстаграм профил, во која се слуша како во кафеана ја изведува песната на покојната Љубиша Стојановиќ - Луис „Кога еднаш ќе ме нема“. Токан како да претчувствувал дека за жал, набргу ќе го стигне судбината од стиховите во кои се пее: „Кога еднаш ќе ме нема, засекогаш штом склопам очи, кога од овој свет како снег ќе се стопам, ќе се сетиш ли дека те сакав, од голема љубов се разболев. Кога еднаш ќе ме нема, кога небо ќе постанам, дали во тебе како љубов ќе останам?“ - се пее во стиховите од оваа, за жал последна испеана песна од него.
]]>

Српската естрада во шок и неверување се простува од починатиот колега: „Зошто Боже зеде толку прекрасен човек“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-estrada-vo-shok-i-neveruvanje-se-prostuva-od-polinatiot-kolega-koronata-kosi-ne-bira-lugje-chuvajte-se-foto/ Tue, 24 Nov 2020 12:42:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177786

Бојан Златановиќ, тапанарот на популарната поп-рок-фолк група „Амадеус бенд“ почина денес на 45-годишна возраст од последиците од коронавирусот, а неговите колеги од бендот скршени од болка се збогуваат од него со лични, емотивни пораки на социјалните мрежи. „Не ми се верува дека го пишувам ова.Зошто Боже зеде толку прекрасен човек.Токане, ќе останеш засекогаш во нашите срца, ќе те паметиме, засекогаш ќе останеш најдобриот тапанар за нас.Почивај во мир и нека те чуваат ангелите“ - се зборовите со кои се простија неговите колеги од бендот својот тапанар и другар. Покрај музичарите од популарниот бенд, многу пејачи ја објавија тажната вест. Бора Ѓорѓевиќ потсети на своето запознавање и соработка со Бојан и се осврна на злобниот вирус од кој почина Златановиќ. „Момчињата од групата со кои и јас сораработував се многу воспитани и пријатни луѓе. Затоа и работевме заедно и на лично мое, но и на општо задоволство. Моето искрено сочувство до најблиските на Бојан. Оваа корона не избира, коси.  Почина Бора, менаџерот на  Лексингтон бенд, нашиот менаџер Бане Обрадовиќ тешко го мина и едвај го преживеа Ковид 19, а нашиот басист Миша Алексиќ и неговата сопруга Јасмина во моментов се во болница. Луѓе, чувајте се“ - порача Бора Чорба преку српски Курир. Композиторот Драган Брајовиќ Браја ја објави црно-белата фотографија на Бојан, а покрај неа кратко напиша: „Токане, слава ти и благодарам“. Пејачката Слаѓа - Алегро истакна дека е скршена поради смртта на колега и се прости од него на својот Инстаграм. „Немам зборови за да ја опишам тагата. Почивај во мир, добар наш“ - напиша. Преку социјалните мрежи се огласи и пејачката Ивана Павковиќ: „Патувајте со ангелите“ - сподели Павковиќ.]]>

Тапанарот на „Амадеус бенд“ почина од коронавирус https://arhiva.vistina.com.mk/tapanarot-na-amadeus-bend-pochina-od-koronavirus/ Tue, 24 Nov 2020 12:09:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177768

Тапанарот на групата „Амадеус бенд“, Бојан Златановиќ познат како Токан почина на 45 години. Тој се бореше со коронавирус и за жал ја изгуби битката. Како што пишува ало.рс, Бојан починал утрово во болница, а последните неколку дена бил на респиратор. Веста за смртта на тапанарот, прв ја објави пејачот на „Гранд“, Дарко Филиповиќ, кој преку социјалните мрежи се прости од својот пријател и колега.

Се огласи сопственикот на локалот во Кочани каде настапуваа „Амадеус бенд“: Српските медиуми измислија дека момче си ги пресече вените! https://arhiva.vistina.com.mk/se-oglasi-sopstvenikot-na-lokalot-vo-kochani-kade-nastapuvaa-amadeus-bend-srpskite-mediumi-izmislija-deka-momche-si-gi-preseche-venite/ Wed, 13 Dec 2017 12:19:13 +0000 http://vistina.mk/?p=6536

Според информација пренесена од српските медиуми „Србија данас“ и „Ало.рс“, од содржините на Вистина.мк беше пренесено дека изминатиот викенд во локал во Кочани каде настапуваше српската група „Амадеус бенд“, се случил драматичен настан, од кој момче пред членовите на групата си ги пресекло вените.
По објавата,  до редакцијата на Вистина.мк се обрати сопственикот на ноќниот клуб „Але-Дар“, Александар Алексов, кој вели дека е изненаден од пишувањата на српските медиуми, а уште повеќе е изненаден од тоа што во објавата стои и изјава на член од бендот кој потврдува дека навистина се случил крвавиот настан.  Александар објаснува дека настапот поминал без никакви проблеми.
Во саботата бев присутен во текот на целата вечер и немаше никакво сечење на вени со нож во локалот, а најмалку пред публиката. Сите присутни што беа таму се чудат на изјавата од „Амадеус бенд“ што е објавена на српски портал. Немаше ништо такво, туку напротив целата вечер помина во разиграна атмосфера без никаков проблем. Инаку, презадоволен сум од настапот на групата, момците се супер и не верувам дека тие би дале таква невистинита изјава, вели Александар.

„Амадеус бенд“ пред свои очи гледаа ужас во Кочани: Момче буквално си ги пресече вените пред нив! https://arhiva.vistina.com.mk/amadeus-bend-pred-svoi-ochi-gledaa-uzas-vo-kochani-momche-bukvalno-si-gi-preseche-venite-pred-niv/ Wed, 13 Dec 2017 10:09:14 +0000 http://vistina.mk/?p=6489

Изминатиот викенд дефинитивно уште многу години ќе им остане во сеќавање на членовите од српската група „Амадеус бенд“. За разлика од останатите настапи кои ги паметат, оној од минатата сабота во Кочани нема да им биде со убави спомени, пишува српскиот портал „Србија данас“. Имено, во дискотека во Кочани, понесен од атмосферата, момче пред сите ги пресекол вените. Настанал вистински хаос и први на помош притрчале музичарите и келнерите, а нивната брза интервенција, како и доаѓањето на брзата помош на лице место, му бил спасен животот.
Иако сакаат што побрзо да заборават на драмата што ја видоа пред свои очи, Александар Стамировиќ, член на групата, проговори за српскиот медиум како навистина се случило:
-Точно така. Неколкупати ми пријде едно момче за време на настапот и бараше повторно да ја отсвириме „Моја земја“. Кога тоа го направиве, наеднаш извлече нож и си ги пресече вените. Бевме шокирани. Келнерот кој беше покрај него брзо го изнесе надвор, а брзата помош веднаш го однесе во болница. За среќа го спасија и се заврши добро, вели Александар за „Ало“ и додава: -Беше голем шок за нас, бидејќи никогаш не сме доживеале ништо слично. Би ја искористил приликата да апелирам на сите кои не почитуваат, дека ова не е начин да се сака музиката и дека е апсолутно непоимливо да се повредуваат себе. Музиката е тука за да ни го направи животот поубав, а не да нанесува болка, вели потресениот музичар.]]>