алтернативно скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Jun 2018 11:39:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png алтернативно скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Алтернативно Скопје #4“ на платото пред МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/alternativno-skopje-4-na-platoto-pred-mkc/ Tue, 26 Jun 2018 11:39:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=34626

На платото пред МКЦ на 30 јуни од 19 часот ќе се одржи „Алтернативно Скопје #4“ – концерт на отворенo на шест бендови, во организација на „Млади за Скопје“. На настанот настапува „Ангза“ (Angza) – крашер-краст/панк бенд формиран оваа година, составен од членовите на „Дизиз“ (Desease) и „Борн фор слотер“ (Born For Slaughter). Понатаму, настапува „Мен ин а сјут“ (Man In a Suit), македонските „Морфин“ со кои скопската публика ќе го доживее нивниот најспецифичен и естетски филинг преку нивната маѓепсувачка музика. Меѓу листата на бендови се победниците на „Лузер фест“ - „Конспираси“ (Conspiracy), окарактеризирани како „најнадежниот млад македонски состав“. Најголеми влијанија им се „Металика“, „Санториум“ и „Лемб оф гад“. На платото пред МКЦ ќе свират и „ИлузијА“ – нов даркерски бенд формиран во Кратово. Според организаторите, тие ќе изненадат со уметничка длабочина и осмисленост на целиот сценски концепт. Најавени се и „Морфеј“, кумановски состав кој на фестивалот ќе се претстави и со новиот член (басистот Теодор Јефремовски). Организаторите велат дека аудиториумот ќе биде трогнат со нивната искреност и со специфичен музички стил. Листата на бендови ја заокружува „Тонал“, одличен млад изведувач кој публиката треба да ја остави воодушевена од неговиот перформанс. Влезот е слободен, а поддршка на бендовите ќе може да се даде преку донации.]]>