алтернативни награди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Jun 2018 11:02:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png алтернативни награди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 МАН на 16 јуни на Школка во Градски парк https://arhiva.vistina.com.mk/man-na-16-juni-na-shkolka-vo-gradski-park/ Fri, 08 Jun 2018 11:02:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31547

„МАН 2018“ или Македонските алтернативни награди ќе се оддржат по 4. пат на 16 јуни, со почеток во 12.00 па сè до 01.00 часот по полноќ, во Градскиот парк во Скопје, на добро познатата Школка. Оваа година, покрај професионалното озвучување, видео-ѕидот, професионалната бинска опрема, (како и изминатите години), наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена ќе ја примат легендите: „Лева патика“, Васко Атанасоски, „Зијан“, Канго (постхумно), „Клан Исток“, „Ноу нејм нејшн“, „Ројал Аберт хол“, „Розе Кадилак“, „Санс“, Тоше Филиповски, Златко Трајковски – ХИНКИ (постхумно), диџеј Гоце Мастер Г . На сцената на Школка ќе настапат 27 бендови и артисти меѓу кои: „Меморија“, Горан Трајковски – Готра, диџеј Гоце (С.А.Ф.), Васко Атанасоски (ХаХаХа/Бернајс пропаганда/Ф.П.О.), „Клан Исток“, „Д Далтонс“, „Аутмајнд“, „Ноу нејм нејшн“, „Последен удар“, „Шорт-фјуз хироу“, „Кепурдат“, „Ју“,  „К.У.Р.- Културно Уметнички Работници“, „Мариналеда“, „САМ“, „Мај тир“, „Фул стоп“, „Мен ин а сјут“, „Тотално опуштање“, „Фуснота“, „Ар-џи-би“, „Морфеј“, Ал Алион, „Каин“, Волтер Мани Ал Хакин – Марсо (група Зеро).
Оваа година специјална награда ќе добие и филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски и тоа не за успехот на филмот, туку за истрајноста и моќта на креацијата на режисерот кој со минимални средства успеа да го створи своето ремек-дело, што е всушност во корелација на творењето на македонската алтернативна сцена која, иако неподдржана и многупати неправедно минимизирана и исмевана, успева од година во година да реализира и материјализира голем дел од македонската уметност и култура на која потоа, по добиениот кредибилитет во светот и на Балканот, станува препознатлива и праведно вреднувана. Оваа манифестација, и покрај тоа што не е поддржана од институции или спонзори, сепак наоѓа сили веќе 4. година по ред да ја слави македонската музика, култура и уметност во ова општество каде шундот и квази-елитата сакаат да го наметнат своето господарење. Затоа на 16 јуни, сабота, во градскиот парк на Школка ве повикуваме на целодневно славење на македонската музика и култура“, порачаа организаторите.]]>

По четврти пат „МАН“- доделување на македонските алтернативни награди https://arhiva.vistina.com.mk/po-chetvrti-pat-man-dodeluvanje-na-makedonskite-alternativni-nagradi/ Thu, 31 May 2018 08:20:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29878

Претстојното, 4. по ред издание на „Македонските алтернативни награди“,  ќе се одржи на 16 јуни во Градскиот парк во Скопје.
Манифестацијата и годинава ќе го одбележи најдоброто од алтернативата, а веќе е познат и добитникот на наградата за особен придонес и развој на македонската алтернативна сцена – Тошо Филиповски. Повод за тоа е капиталното дело на музичкиот новинар „Македонската рок енциклопедија“ која беше промовирана на почетокот на месец мај годинава.
Доделувањето на МАН наградите на протагонистите на македонската алтернативна сцена, всушност е почеток на создавање на традиција и само останува да ги зголемуваме бројките на изданијата во годините што следат. Како и на претходните три изданија, забавата ќе започне напладне, во 12.00 часот, а ќе трае до 1 часот по полноќ. Повеќе детали за настанот на Фејсбук.      ]]>