алое вреа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Oct 2022 12:05:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png алое вреа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Поради овие фотографии ќе посакате да го украсите домот со најпопуларната билка на Инстаграм https://arhiva.vistina.com.mk/poradi-ovie-fotografii-kje-posakate-da-go-ukrasite-domot-so-najpopularnata-bilka-na-instagram/ Mon, 03 Oct 2022 13:20:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269801

Ако сте љубители на растенија и често споделувате фотографии од своите зелени „убавици“ со следбениците на социјалните мрежи, тогаш веројатно сте користеле Инстаграм и други мрежи за да разгледувате фотографии од растенија како дел од ентериерот. Една американска компанија направила анализа на хаштагови за цела низа собни растенија, а едно се истакнало како најпопуларно – станува збор за алое верата.
Хаштагот #aloevera се наоѓа под повеќе од 4,8 милиони објави на Инстаграм. Секако, една од причините е дека алое верата се употребува за разни цели во козметичката, прехранбената и фармацевтската индустрија, но освен тоа, ова растение има свое место и како украсна билка во многу домови.
Освен што е убав украс во секоја просторија, алое верата е и корисна бидејќи овој атрактивен сукулент кој е едноставен за одржување го прочистува воздухот. Тој го зголемува нивото на кислород во домот и ефикасно апсорбира одредени штетни соединенија. Кога станува збор за грижата за алое вера, оваа билка сака места со силна светлина, а добро поднесува дури и директно сонце.
Собните температури совршено ѝ одговараат, сака прозрачна земја во која е пожелно да додадете и песок, а кога станува збор за полевањето, важно е земјата добро да се исуши помеѓу две полевања бидејќи вишокот вода доведува до скапување на корените.
Во постудените периоди од годината доволно е да ја наводнувате еднаш месечно. извор:кармин/точка.ком.мк]]>