алфа ТВ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Nov 2023 12:25:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png алфа ТВ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Водителката освен вербалната покажа уште една своја вештина: Пред да и го „пукнеш филмот“, добро размисли и кочи… Александра Бела стрела директно меѓу очи! https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-osven-verbalnata-pokazha-ushte-edna-svoja-veshtina-pred-da-i-go-puknesh-filmot-dobro-razmisli-i-kochi-aleksandra-bela-strela-direktno-megu-ochi/ Fri, 24 Nov 2023 11:43:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328425

До неодамна лице кое го препознававте од ТВ екраните на фреквенцијата на „Алфа“ ТВ, а по шест години минати во оваа ТВ куќа, од многу скоро со „трансфер“ во друг медиум иако на истата позиција. Новинар и ТВ водител, сега во видеоизданието на „Слободен печат“. Александра Бела како што сите ја знаат, однеодамна и со сменет статус во приватниот живот, во кој русокосата стана г-ѓа Вуксановиќ. Навидум кршлива, кротка, нежна, професионално вредна и елоквентна, а приватно... Прватно како и секоја жена и Бела во себе тајната ја носи... Убавината е видлива, професионалноста и новинарско-водителските вештини се гледаат на ТВ екраните, ама затоа она што не се знае и не се гледа, само на моменти може да избие на површина. Е тогаш, токму во таа  ситуација се гледа што тоа Александра се' умее, што јавноста не го знае. Деновиве Бела била на едно невообичаено место... Не барем за женско, иако  во овие денешни времиња ништо не не' изненадува. Зашто ракувањето со огнено оружје колку и да изгледа дека е машка работа, кога во свои раце пиштолот ќе го земе жена, во нејзина близина подобро  да те нема! Александра со својот сопруг деновиве заврши во стрелана. Имено, Бела за неговот роденден го однесе  (или тој неа),  на пукање! За него можеби рутинска работа било стрелањето, ама за една навидум нежна дама, прецизното гаѓањето во центарот на метата е повеќе од добра реклама!  Ако не друго, колку да видите со кого имате работа, за да не биде после дека не сте знеле. Така Александра и му го честиташе роденденот на нејзиниот  тазе маж... Со вистински омаж од прецизни погодоци, каде сите зрна завршиле таму каде што распуканата сопруга нишанела. Па сега ти погоди кај г-ѓа Вуксановиќ  дома кој ги мие садовите, усисува, брише прашина, пере, пегла... Ако треба и пее... и тоа по нејзини ноти?! А ваквата „показна вежба“ е и добар пример чисто заради предупредување и на оние другите, пред кои водителката освен вербалната покажа уште една своја вештина. Затоа, пред да и го „пукнеш филмот“, добро размисли и подобро кочи... Зашто Александра Бела стрела директно меѓу очи! Фото: Инстаграм/bela_f_now                    ]]>

Забавно-музичкото ТВ шоу “Опуштено” одново на ТВ Алфа https://arhiva.vistina.com.mk/zabavno-muzichkoto-tv-shou-opushteno-odnovo-na-tv-alfa/ Mon, 01 Mar 2021 13:33:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191888

На националната ТВ „Алфа“ одново стартува забавно-музичкото ТВ шоу “Опуштено”, кое што своевремено се емитуваше на неколку различни телевизии, како поранешната А1, Сител, МРТ1. Емисијата беше една од најгледаните, посебно кај помладата публика. За разлика од тогаш кога „Опуштено” беше препознатлива по водителите Тони Михајловски и Део, после пет години пауза во новата сезона гостите ќе ги пречекува и публиката ќе ја забавува само Тони со музичка поддршка на сајзеристот Славиша Кибровски и пејачката Нина Јанева. Со поинаков концепт, оваа позната и популарна емисија гледачите ќе можат да ја гледаат на Телевизија Алфа секој петок со почеток од 22 часот и 30 минути.]]>

“Имат- Немат„ ново музичко шоу на ТВ Алфа https://arhiva.vistina.com.mk/imat-nemat-novo-muzichko-shou-na-alfa/ Mon, 01 Mar 2021 13:21:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191881

Македонска музика, хумор, забава се нешта кои недостасуваат на Македонските ТВ канали. “Ин продукција” го реализира новото телевизиско шоу кое наскоро ќе започне со емитување на тв Алфа. Станува збор за музичко шоу во кое учество ќе земат најголемите македонски ѕвезди, Елена Велевска, Сузана Гавазова, Анета Мицевска, Стојне Николова… Телевизиска меана во која домаќин е Жанко – З’ш, кој воедно е задолжен и за хуморот во емисијата. Веќе се снимени четири епизоди, по протокол за состојбата во која моментално се наоѓаме. Емисијата освен на “Алфа” ќе се емитува и на сателитската “Ин Тв” и “Фолк клуб”. https://www.youtube.com/watch?v=RYrxuZxoriE&feature=emb_logo]]>

Главната уредничка на ТВ Алфа, Анастасија Деа Богданоска ја симна маската… на Бетмен! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/glavnata-urednichka-na-tv-alfa-anastasija-dea-bogdanoska-ja-simna-maskata-na-betmen-foto/ Wed, 02 Jan 2019 09:37:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65766

Новинарка во најчитаниот македонски портал, ТВ водителка во Канал 5, однеодамна главен уредник на програмите и содржините на ТВ Алфа. За Анастасија Деа Богданоска јавноста многу малку знае... И приватно и професионално. Ова второто, од она што можеше да се прочита или види од нејзините статии и емиси додека беше лице од фронтот на екранот на Канал 5.
Откако седна на уредничкото столче, наместо неа, останува содржините на националната ТВ Алфа да говорат. Приватноста пак... тотална мистерија! Освен за малкумина кои знаеја која е, со кого е, како се чувствува, што доживува и преживува... На нејзиното лице тоа никогаш не можеше да се забележи, а камо ли дознае. Само насмевка и длабок кристално стаклен поглед во далечина како одбранбен систем, како механизам за компензација на емоциите.
А девојката од сенка, продолжуваше и натаму да чекори по својот пат... Со секој чекор - нова надеж... Надеж длабоко скриена во нејзиното срце, дека еден ден сепак правдата ќе победи. Барем онаа, од личната борба, во која веруваше, заради која никогаш, ама никогаш не чекореше сама... И сега, кога прангите на неправдата паднаа,  а правдата и ги отвори вратите на надежта, па таа стана реалност и Деа ги отвори вратите на својата тајна. Па во тоа име, го симна превезот на мистеријата и симнувајќи ја „маската на Бетмен“,  јавно ја покажа својата љубов! Една фотографија и само една максима беа доволни: „Чекори, чекори со надеж во срцето и... никогаш нема да чекориш сам... Никогаш“!
Колку за потсетување,  Богдан Илиевски - „Бетмен“, заедно со Борис Дамовски и Владо Јовановски беа тројцата нови, кои три дена пред Новата 2019 година беа амнестирани за настаните од 27 април,  со одлука на Кривичниот суд.
Илиевски, Дамовски и Јовановски беа обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението тие се товареа дека на протестите со потпалувачки говори го потпалувале народот!  ]]>

Анастасија Деа Богдановска „се отвори“: Еве со кого уредничката на ТВ Алфа дели доза нежност! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-dea-bogdanovska-se-otvori-eve-so-kogo-urednichkata-na-tv-alfa-deli-doza-neznost-foto/ Wed, 19 Dec 2018 08:45:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63874

Некогаш новинарка во најчитаниот македонски портал, потоа ТВ лица од утринската програма и лице од „Фронт“-от на Канал 5, однеодамна главна уредничка на програмата на ТВ Алфа. Анастасија Деа Богдановска има професионална кариера со „скок од седум милји“ за кусо време, што за една млада, вредна, амбициозна... девојка е предизвик повеќе да се докаже и да покаже што се' знае и умее, која е и колку вреди во еснафот.
Од друга страна, убавицата од ТВ екранот на кој сега ја нема, својот приватен живот го крие далеку од очите на јавноста. За нејзината интима знаат само најблиските, додека оние, љубопитните, само нагаѓаат правејќи комбинации во која ја спојуваат со овој или оној, во зависност од дневната доза чаршиски муабети! Арно ама, како секој самиот е ковач на својата сдреќа, така и Деа...
„Сам си ја создаваш бајката. Или комедијата, или трагедијата. Сам избираш. Што ќе избереш?“ - како што и самата вели. А нејзинито приватен избор, нејзината бајка... Деа реши конечно да ја открие, па сподели фотографија и постиран текст, колку за да појасни: Со кого тоа Деа дели доза нежност!?
Тоа е таа, ама не и тој. Оној што е дел од нејзината лична, интимна бајка, очигледно се' уште не сака јавно до го открие, па остава јавноста сама да нагаѓа, кој тоа се крие зад превезот на маската во животот на убавата уредничка на ТВ Алфа?
]]>

Либанката Надин остава без здив: Бившата мисица, сега актерка, ексклузивно ќе ја гледате во „Чело“ на Алфа ТВ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/libankata-nadin-ostava-bez-zdiv-bivshata-misica-sega-akterka-ekskluzivno-kje-ja-gledate-na-alfa-tv-video/ Wed, 24 Oct 2018 12:09:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54386

Надин Насиб Нејем, плени со својата убавина и сексапил.

Токму затоа во 2004-та година ја претставуваше својата земја Либан на натпреварот за Мис Универзум во Тајланд. Таа се уште важи за една од најубавите жен во Либани во светот, а својата убавина и талент ги пренесе и ги вложи во актерската кариера. Таа ја има главната улога во ТВ серијата „Чело“ која од вечерва ќе се емитува ексклузивно на Алфа секој работен ден од 22:15. Покрај тоа, глуми и во сериите „Закон“ и „Извини мамо“.

Нова музичка емисја: „Фолк бокс“ на Алфа ТВ https://arhiva.vistina.com.mk/nova-muzichka-emisja-folk-boks-na-alfa-tv/ Mon, 05 Mar 2018 14:16:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14961

Од понеделник (5 март 2018) на фреквенцијата на Алфа телевизија стартува новиот ТВ-музички проект со наслов „Фолк бокс“ – телевизиски музички магазин кој секојдневно, од понеделник до петок, на гледачите ќе им ги носи најновите информации поврзани со убавата македонска песна. Сите настани, промоции, премиери и сето она што е поврзано со домашната музика ќе има свое место во „Фолк бокс“. Секојдневната 15-минутна музичка порција ќе значи интересни прилози од терен, гостувања во студио и топ листи, место каде пејачите конечно ќе можат да покажат што сработиле. „Фолк бокс“ е нашата арена на која оние кои со години го бараа својот медиумски простор за да покажат што сработиле, ќе можат да си ги измерат силите.
„Нашата идеја е да понудиме простор на пејачите за да покажат што работат. Сметаме дека вакво нешто му недостасуваше на медиумскиот простор, но и на домашната музичка сцена“, вели Борче Нечовски, првиот човек на Бокс продукција, која стои зад проектот.
Уредник и водител на емисијата, пак, е Александра Тимковска. „За мене беше предизвик да бидам дел од тимот кој стои зад овој проект, затоа што со години сум љубопитна, се разбира, како човек од светот на естрадата и медиумите, што ќе понудат музичарите. Одамна ја слушам истата приказна, особено меѓу фолкерите - дека немаат свое место во медиумите и дека сето она што го работат нема каде да се емитува и кој да го види. Шансата сега ја имаат, столчето спроти мене е празно и секогаш подготвено на него да седне некој што сработил нешто“, вели Тимковска.]]>