алергија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Dec 2023 10:54:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png алергија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Душица Јаковљевиќ замина на бања, ама наместо да се рехабилитира, сосотојбата и се искомплицира: Водителката со деформирано лице заврши во брза помош! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dushitsa-jakovlevik-zamina-na-bana-ama-namesto-da-se-rehabilitira-sosotojbata-i-se-iskomplitsira-voditelkata-so-deformirano-litse-zavrshi-vo-brza-pomosh-foto/ Mon, 04 Dec 2023 10:54:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329754

На водителката Душица Јаковљевиќ мини-одморот во Врњачка Бања и се претвори во пекол. Поради деформираното лице таа завршила во итната помош. „Испив таблета за проширување на респираторните органи во носот и добив страшна алергиска реакција. Лицето ми отече и беше целосно деформирано“ - изјавила Душица. Водителката помина неколку дена во Врњачка Бања на одмор кога и беа блокирани дишните патишта, па посегнала по таблета за подобро да дише и нормално да спие. Душица поради работа го одложи она што требаше да се реши во октомври минатата година и сега трпи страшни последици. Имено, од обична операција на  девијација во носот се појавија разни компликации, а потоа и алергии, па неколку месеци по интервенцијата водителката се уште зборува низ нос, а дишните патишта и понатаму и се блокирани. По сето ова сега Душица ја чека уште една операција за конечно да може да дише нормално. Фото: Инстаграм/dusicajakovljevic]]>

Заштитете се: Алергијата од сонце може да биде опасна https://arhiva.vistina.com.mk/zashtitete-se-alergijata-od-sontse-mozhe-da-bide-opasna/ Wed, 12 Jul 2023 13:00:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309980

Кремите со заштитен фактор ја штитат кожата од UV зраците, но за жал не можат во целост да ја заштитат. Особено не онаа почувствителната кожа. Кај неа со најмало појавување на сонце може да дојде до црвенило, флеки, предвремено стареење… Кога зборуваме за изложување на сонце, не мислиме само кога лежите на плажа и се сончате. Во овие денови на изолација, често излегувате барем во дворот или на тераса да “ве фати сонце“. Ако сте од оние кои имаат алергија, тоа е веќе голем проблем. Овие појави на почетокот ги има на оние делови од кожата кои се изложени на сонце, но доколку не се превземе нешто на време, тогаш тоа може да се прошири по целото тело. За да се заштитите навреме, да не дојде до посериозни оштетување на кожата за почеток практикувајте ги основните правила: -не излегувајте директно на сонце во период од 10 и 16 часот. -носете капа или шешир и очила за сонце кога излегувате надвор. -нанесете крема со заштитен фактор на целото тело, особено обрнете внимание на скриените делови и на оние каде кожата е почувствителна. -пред изложување на сонце, не ставајте парфеми. Извор: Курир.мк]]>

Зошто да не?! Миа Костова ужива на остров од соништата, а еден детаљ ја замисли повеќе од вообичаено (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-da-ne-mia-kostova-uzhiva-na-ostrov-od-sonishtata-a-eden-detal-ja-zamisli-poveke-od-voobichaeno-foto/ Tue, 11 Jul 2023 06:35:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309725

Македонската инфлуенсерка Миа Костова освен убавите  дестинации на кои  патува , не ретко споделува моменти и од нејзиниот живот, а во медиумите често се појавуваат разни вести од  приватноста и нејзините лични искувства кои со леснотија ги споделува на социјалните мрежи, со цел да им помогне на следбениците да решат некој проблем во кој претходно се нашла и самата. Таа моментално ужива на островот од соништата, кој ретко е дестинација на туристите но, според неа само еден поглед  на морето е доволен  за да биде јасно  ако ви се укаже прилика, зошто баш на Корзика. Миа  од францускиот остров во Средоземното море со задоволство ги пренесува убавините во детали, а она што може да се забележи е дека се' е толку вистинско и реално на оваа интересна дестинација со богата историја и  нестварна убавина. Но, сега меѓу  сите убавини на островот се најде и една интима фотографија на која Миа покажа дека од сонцето добила алергија на кожата. Алергија, од сонце, зошто, зошто да не - со натажен емотикон таа покажа дека и тоа е  нормално. На очите таа носи големи заштитни очила за сонце, но според емоцијата која ја направила се забележува дека овој проблем сепак не е добредојден. Но и тоа се случува без разлика каде и да сме и што и да правиме, невозможно е да избегнеме некои работи кога и каде да се случат. Она најважното е да сѐ препуштиме  на сегашниот момент и да уживаме, а тоа Миа најдобро умее да го прави. А за пликовите од сонцето... Ништо страшо, ќе минат, да сме живи и здрави! Фото: Принтскрин/Инстаграм/Миа Костова]]>

Храна што треба да ја избегнувате ако имате алергија на полен https://arhiva.vistina.com.mk/hrana-shto-treba-da-ja-izbegnuvate-ako-imate-alergija-na-polen/ Wed, 19 Apr 2023 11:35:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298680

Сите оние кои имаат алергија на полен знаат дека постојат различни начини за ублажување, но понекогаш ниту еден од нив не е доволно ефикасен и покрај трудот. Една од работите што исто така влијае на алергијата е исхраната, односно има намирници кои можат само дополнително да ја влошат состојбата. Затоа, во таква ситуација треба да се избегнуваат следниве намирници: Млечни производи Млечните производи можат да го стимулираат производството на слуз, што ги влошува симптомите како затнат нос и течење на носот. Додека е активна таканаречената пролетна сезона на алергени, можеби е најдобро да избегнувате храна како млеко, јогурт, па дури и сирење. Кога имате алергија на полен, телото ослободува хистамин како одбрана од нешто што го доживува како закана. Телото може да произведе хистамин, но може да се најде и во одредени видови храна и пијалоци, вклучувајќи го и алкохолот, што значи дека редовното консумирање алкохол ќе го зголеми нивото на хистамин во вашето тело и ќе доведе до чешање на кожата и затнат нос. Кафе Ниту вие не треба да пиете кафе, бидејќи како и алкохолот содржи големи количини на хистамин, што значи дека секој пат кога ќе посакате да пиете кафе, може да ги влошите симптомите на алергија. Јаткасти плодови Иако јаткастите плодови се една од најздравите намирници што можете да ги јадете, тие исто така содржат хистамин. Ова особено се однесува на оревите и индиските ореви. Затоа избегнувајте ги овие видови на храна и обидете се да ги замените со маслиново масло како извор на здрави масти во овој период. Извор: Курир.мк]]>

Алергијата од сонце може да биде опасна, еве како правилно да се заштитите https://arhiva.vistina.com.mk/alergijata-od-sonce-moze-da-bide-opasna-eve-kako-pravilno-da-se-zashtitite/ Mon, 12 Jul 2021 12:45:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210716

Кремите со заштитен фактор ја штитат кожата од UV зраците, но за жал не можат во целост да ја заштитат. Особено не онаа почувствителната кожа. Кај неа со најмало појавување на сонце може да дојде до црвенило, флеки, предвремено стареење… Кога зборуваме за изложување на сонце, не мислиме само кога лежите на плажа и се сончате. Во овие денови на изолација, често излегувате барем во дворот или на тераса да “ве фати сонце“. Ако сте од оние кои имаат алергија, тоа е веќе голем проблем. Овие појави на почетокот ги има на оние делови од кожата кои се изложени на сонце, но доколку не се превземе нешто на време, тогаш тоа може да се прошири по целото тело. За да се заштитите навреме, да не дојде до посериозни оштетување на кожата за почеток практикувајте ги основните правила: -не излегувајте директно на сонце во период од 10 и 16 часот. -носете капа или шешир и очила за сонце кога излегувате надвор. -нанесете крема со заштитен фактор на целото тело, особено обрнете внимание на скриените делови и на оние каде кожата е почувствителна. -пред изложување на сонце, не ставајте парфеми, особено ако тие се на база на лимон. извор: Курир.мк]]>

Дали е сезонска алергија или треба да направите PCR-тест? Како да ги споредите симптомите? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-e-sezonska-alergija-ili-treba-da-napravite-pcr-test-kako-da-gi-sporedite-simptomite/ Fri, 07 May 2021 13:00:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201710

Алергиите можат да бидат придружени со течење или затнат нос, гребење во грлото и кашлица предизвикана од коронавирус. Сега секој симптом ги потсетува луѓето на Ковид, без разлика дали станува збор за кашлица или течење на носот. Еве како да разликувате сезонска алергија од коронавирус: Бидете сигурни дека немате температура. Алергиите сами по себе не треба да бидат придружени со треска. Како работат вашите сетила? Се верува дека губење на вкус и мирис е симптом на Ковид 19, што не е карактеристика на алергиите. Чешање на очите Алергиите често предизвикуваат чешање, насолзени и црвени очи. Ковид 19 не е поврзан со овие типови на симптоми на алергиски конјунктивитис. Размислете за историјата на алергии. Многумина кои страдаат од алергија имаат претходна историја на сезонски алергии. Значи, ако дрвјата или други растенија што ви создаваат проблеми веќе започнале да цветаат и сте имале историја на алергии, веројатно тоа е случај и сега. Дали лековите за алергија делуваат? Ако вашиот нос е затнат, проверете дали се чувствувате подобро со земање на пропишан антихистамин. Типично за алергиите, ќе почувствувате одредено подобрување на симптомите во рок од еден час по земањето на овие лекови, што не е случај со коронавирусот. извор: попара.мк]]>

Напревете сами едноставен, но ефикасен лек против кивавица https://arhiva.vistina.com.mk/naprevete-sami-ednostaven-no-efikasen-lek-protiv-kivavica/ Thu, 28 May 2020 14:05:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151724

Ако ве мачат пролетните алергии од полен и цветањето на природата, сигурно не знаете како да се изборите со досадната кивавица. Покрај лековите кои ги пиете и витамините за зајакнување на имунитетот, препорачуваме да пробате и природен „медикамент”.

Направете многу брзо и лесно сируп од рен

  • Парче рен, зеленчук со исклучително силен мирис, изрендајте го, а потоа прелијте го со чаша топла вода во која претходно сте раствориле лажичка мед.
  • Важно е многу добро да ја измешате смесата и сирупот е готов.
  • Ова е доза за една употреба, а потребно е да ја правите два или уште подобро три пати на ден и да ја пиете голтка по голтка. Во никој случај одеднаш, бидејќи посакуваниот ефект ќе изостане.
  • Со бавно пиење, силниот мирис на ренот и сите лековити состојки кои ги има, ќе го прекине кивањето и ќе ви помогне полесно да дишите.
]]>

Врската или бракот ви е пред крај? Ова се 4 сигурни знаци дека морате добро да размислите за вашиот однос https://arhiva.vistina.com.mk/vrskata-ili-brakot-vi-e-pred-kraj-ova-se-4-sigurni-znaci-deka-morate-dobro-da-razmislite-za-vashiot-odnos/ Fri, 22 Mar 2019 13:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78909

Најчесто, ако во односот со партнерот постојат чести несогласувања, тогаш нивниот заеднички живот е осуден на пропаст. Секако, паровите често се среќаваат со проблеми и конфликти, а токму тие разидувања можат да бидат капката која ќе ја прелее чашата. Ве критикуваат вас, а не вашите постапки Ова е неконструктивна критика од партнерот. Во овој случај, тој се лути на вашите карактерни особини и личност. Сето тоа може да се сведе на фразите “ти никогаш...”, “зошто си таков...”, “ти секогаш...” итн. Притоа, доколку нешто не оди според планот, виновникот за проблемите не се околностите во кои се наоѓате туку токму вие. Нападот е најдобра одбрана
Дали вашиот партнер е постојано незадоволен и ве критикува? Во овој случај тој пробува да ги оправда своите постапки или на критиката одговара со критика. Како резултат се јавуваат бескрајни обвинувања помеѓу партнерите. Почитта е основа на сите добри односи, без оглед дали станува збор за брак или врска. Непочитувањето и презирот се убијци на бракот. Ако вашиот партнер јавно ве исмева или ве навредува со сарказам, тогаш треба сериозно да се замислите за ваквата ситуација. Бегство од конфликт Ако личноста е повлечена и не сака да разговара, најдобро решение е да ѝ се даде време да размисли во мир и тишина. Тоа воопшто не значи дека партнерот не сака да разговара со вас – едноставно на некои луѓе им е потребно да бидат сами за да сфатат што се случува.]]>

Имате алергија или сте настинати: Како да ја препознаете разликата? https://arhiva.vistina.com.mk/imate-alergija-ili-ste-nastinati-kako-da-ja-prepoznaete-razlikata/ Fri, 15 Mar 2019 14:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77816

Календарската пролет е пред нас, но алергите веќе започнаа. Кивање, протекување, црвени очи се само некои од симптомите. Тестови не треба да се изведуваат кога пациентот е под симптоми, бидејќи му се дава одредена концентрација на алергени со кои тој веќе се бори со воздухот. Ако се сомнева дека пациентот има проблем со алергии, најдобро е да се третираат симптомите, а кога ќе помине сезоната на поленот, од крајот на октомври до крајот на февруари, треба да се направат тестови на кожата за да се видат какви се резултатите. Кога имаме вирусна настинка, имаме зголемена температура, чувствуваме слабост, имаме конвулзии, имаме чешање во мукозните мембрани, суви очи, можеби суво кашлање. Алергијата нема температура и секогаш се јавува во одредено време, ако зборуваме за поленот. извор:курир.мк]]>

8 најчести предизвикувачи на алергија https://arhiva.vistina.com.mk/8-najchesti-predizvikuvachi-na-alergija/ Tue, 25 Dec 2018 13:45:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64754

Имуниот систем е составен од разни типови на специјализирани клетки, протеини, ткива и органи. Неговата главна функција е детекција на штетните микроорганизми и нивно уништување. Кога имуниот систем погрешно ќе детектира одреден алерген како штетен, тогаш и покрај тоа што алергенот не е опасен за организмот, се активираат имунолошки реакции со цел уништување на „штетниот патоген“. Во тој случај станува збор за хиперсензитивна реакција тип 1, односно алергиска реакција – алергија. Алергија Најчестите предизвикувачи на алергиска реакција се:

УБОД ОД ИНСЕКТИ

Одредена група на луѓе развиваат алергиска реакција при убод од одредени инсекти (пчели, оси, стршлени итн.) како одговор на нивниот отров. Симптомите на алергиската реакција може да бидат различни – од благо црвенило и мал оток на местото на убодот, до гадење, замор и лесна треска, а во одредени случаи и анафилакса. Анафилаксата претставува акутна алергиска реакција предизвикана од антигенот (во овој случај отровот од инсектот) на кој телото е хиперсензитивно. Симптомите вклучуваат оток на лицето, јазикот, устата и грлото, отежнато дишење, низок крвен притисок, чешање и промена на бојата на кожата, гадење, повраќање, дијареја вртоглавица и губење на свест. Доколку не се лекува, анафилаксата може да резултира со смрт.

ХРАНА

Алергија Кај голем дел од луѓето се јавува реакција на организмот на одредени прехранбени продукти, па често причина за таа реакција се смета алергијата на храна, што во повеќето случаи не е точно. Затоа, треба да се направи разлика меѓу алергија на храна и интолеранција на храна. Алергија на храна е хиперсензитивна реакција посредувана од имуниот систем, која е одговор на одредениот вид храна. Симптомите се поизразени, а во одредени случаи и опасни по живот. Може да се јави оток на устата, јазикот и грлото, трнење на јазикот, кожни промени, па и развој на анафилактичка реакција. Интолеранцијата на храна е неалергиска хиперсензитивна реакција за која генерално не е одговорен имуниот систем. Се карактеризира со симптоми кои се помалку сериозни и најчесто се поврзани со дигестивниот систем. Најчестите нутритивни алергени за нашето поднебје се: јајце, млеко, кикиритки, пченично брашно, зрна од соја, морков, јагоди, риба и др.

ЛАТЕКС

Кондомите, балоните, медицинските ракавици и други медицински материјали се направени од латекс, гумен материјал кој содржи протеини на кои одредени луѓе се алергични. Алергиската реакција може да се развие од едноставен контакт и допир со материјалот. Клиничката слика вклучува од лесни симптоми како чешање и црвенило на кожата, до можност за развој на анафилакса.

ДОМАШНА ПРАШИНА

Домашната прашина (поточно Dermatophagoides pteronyssinus) е чест предизвикувач на алергиски реакции. Симптомите се кивање, течење на носот, затнат нос, солзење и чешање на очите и др. Превенцијата вклучува одржување на чист дом, избегнување на предмети на кои се насобира прашина, како плишани играчки или предмети од кои тешко се отстранува прашината, редовна промена на постелнината итн.

ПОЛЕН

  Симптомите за алергиска реакција на полен најчесто не се животозагрозувачки, но ни најмалку не се пријатни. Кивање, течење на носот (ринореа), затнат нос (назална конгестија), чешање и солзење на очите се само дел од симптомите со кои се справуваат луѓето кои страдаат од овој тип на алергија.

ЛЕКОВИ

Алергијата на лекови е позастапена отколку што се претпоставува. Најчесто, ако се појави алергиска реакција на одреден лек, се советува прекин на негова употреба. Доколку е неопходно да се прими лекот, докторот бара соодветна замена. Во случај да не постои замена за лекот, алергиската реакција може да се контролира со антихистамини и кортикостероиди, но само ако претходела лесна клиничка слика. Најчести симптоми се кожни промени, оток на лицето, отежнато дишење и анафилакса.

ЖИВОТНИ

Алергија Луѓето кои развиваат алергиски реакции на животни всушност се алергични на протеините пронајдени во клетките од кожата (најчесто мртвите клетки од кожата – првут), плунката и урината на животното. Во одредени случаи, за да се развие овој тип на алергија е потребно подолго време (дури и до 2 години), а симптомите може да се провлекуваат со месеци. Најчесто симптомите на алергија на животни се слични со симптомите предизвикани од полен, но постои можност да се јави симптоматологија со појак интензитет како отежнато дишење, стегање во градите, недостиг на воздух при спиење итн.

МУВЛА

Постојат повеќе типови на мувли, а на голем дел од нив луѓето развиваат алергиски реакции. Мувлите имаат потреба од влажност, па затоа се јавуваат на места каде што има влага, како што се бањата, подрумот, кујната, поткровјето, места каде што има пукната цевка за вода, места каде има трева или купчиња од исушени влажни лисја и сл. Симптоматологијата е слична како алергијата на полен и домашна прашина.]]>