алергии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 29 Mar 2022 12:29:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png алергии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како да ги ублажите симптомите од пролетните алергии: Методи кои вредат злато https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-gi-ublazite-simptomite-od-proletnite-alergii-metodi-koi-vredat-zlato/ Tue, 29 Mar 2022 12:29:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244721

Многу луѓе ја имаат својата омилена сезона – пролетта. Од друга страна, има и такви кои воопшто не ја сакаат оваа сезона поради алергиите и сите оние симптоми кои им го расипуваат уживањето во топлото време и престојот на отворено. Најголем извор на алергии е поленот – ситните честички кои се ослободуваат во воздухот, предизвикувајќи на многу луѓе вистинска пролетна болка. Вдишувањето на овие честички доведува до прекумерна реакција на имунолошкиот систем. Нашиот имунолошки систем не штити од разни болести создавајќи антитела, на прво место се бактериите и вирусите, од кои секојдневно се брани нашето тело. Меѓутоа, кај луѓето кои имаат алергиски реакции, имунолошкиот систем погрешно го препознава поленот како туѓо тело, па произведува непотребни антитела за да се „одбрани“ од туѓото тело. Вообичаени алергени се полен, грини, влакна од домашни миленици, храна и лекови. Како да се заштитите? Најдобар лек за пролетните алергии е колку што е можно да се избегнуваат алергени. Постојат многу алтернативни методи за ублажување на алергиите, а класичната медицина нуди одредени лекови кои ги ублажуваат симптомите. Сепак, покрај лековите, има уште некои работи на кои треба да внимавате и на тој начин да ги ублажите симптомите. 1. Туширајте се пред спиење Доколку сте биле подолго време на отворено и не сте се истуширале пред спиење, постои можност поленот да остане на вашата постелнина и да бидете изложени на алергени во текот на целата ноќ. 2. Тренинг во затворен простор Доколку сте утрински тип и преферирате тренинг во тој период од денот, треба да знаете дека концентрацијата на полен е најголема во периодот од 5 до 10 часот наутро. Затоа, размислете да го правите тренингот во затворен простор или да го промените времето кога вежбате. 3. Редовно чистете го просторот на живеење Постелнината треба да се мие на 90 степени за да се елиминираат сите честички од полен. Чистете ја правосмукалката најмалку двапати неделно и редовно бришете ја прашината, со што ќе го намалите присуството на полен во просторијата.]]>

Со пролетта дојдоа и алергиите: Важни совети за луѓето кои го имаат овој проблем https://arhiva.vistina.com.mk/so-proletta-dojdoa-i-alergiite-vazni-soveti-za-lugjeto-koi-go-imaat-ovoj-problem/ Mon, 29 Mar 2021 13:00:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196477

Најголем пролетен алерген е поленот. Кога поленовите зрна, чии честички се мали и невидливи за голото око, преку воздухот ќе влезат во организмот на некој што е алергичен предизвикуваат активирање на имуниот систем. Сите со нетрпение ја чекаме пролетта, топлото време и прошетките во природа. Но, за жал, токму пролетта е карактеристичен период од годината за сезонски алергии. Со цветањето на дрвјата поленот се ослободува и разнесува во воздухот, што предизвикува реакции кај луѓето кои страдаат од алергија. Алергија е пречувствителност на некои супстанци, додека алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Организамот на алергичните лица бурно реагира на некои појави од нашето природно опкружување кои инаку не се штетни. Носечките супстанци (алергени) кои предизвикуваат алергиска реакција, може да бидат: полен, храна, животни, отров од инсектите итн. Кај алергиите на полен може да се забележат следните симптоми: кивање, чешање во пределот на носот, грлото и очите, темни кругови околу очите (предизвикани од ограничениот проток на крв околу синусите), насолзени очи, коњуктивитис, ринитис. Некои луѓе, алергични на полен, можат да развијат и астма. Алергијата во суштина е неправилно функционирање на имунолошкиот систем и класичната медицина не ги лечи алергиите. Сите лекови делуваат на тој начин што ги ублажуваат симптомите на алергија. Таквите лекови ја блокираат реакцијата на имунолошкиот систем. Избегнувањето на поленот тешко може да се постигне, но следењето на одредени корисни совети може многу да помогне:
  • Направете тест на што сте алергични и побарајте совет од доктор кои лекови ќе ви ги олеснат симптомите;
  • Престојувајте подолго во затворен простор во текот на сезоната кога цветаат растенија на чии полени сте алергични, а дождливите денови одберете ги за прошетка;
  • Секогаш носете очила за сонце за да ги заштите очите од поленот;
  • Држете ги прозорците во домот затворени, а посебно во автомобилот, кога концентрацијата на поленот од тој вид е висока.
извор: Курир.мк]]>

Ако мајката го јаде ова додека дои, може да го заштити бебето од алергии https://arhiva.vistina.com.mk/ako-majkata-go-jade-ova-dodeka-doi-moze-da-go-zashtiti-bebeto-od-alergii/ Wed, 05 Aug 2020 12:00:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161946

Најновото истражување заговара дека децата треба да бидат изложени на јаткасти плодови рано во животот. Истражувачи од Канада откриле дека децата имале пет пати помала веројатност да развијат алергија, ако нивните мајки јаделе јаткасти плодови, а посебно кикиритки, додека го доеле и пред децата да навршат година дена. – Откривме дека воведување на кикиритки пред 12 месец на животот на бебето било поврзано со намалување на ризикот од чувствителност на кикиритки до школска возраст, посебно меѓу деца чии мајки консумирале кикиритки во текот на доењето-рекла главната авторка на студијата др Трејси Пит. Пасивното изложување на кикиритки низ мајчиното млеко и воведување на кикиритки во исхраната во првата година од животот може да ја намали чувствителноста на кикиритки до седната година на животот на детето. Националниот институт за здравство на САД ги ажурирал сопствените насоки, во јануари годинава, во кои се наведува дека децата би требало да бидат изложени на храна која содржи кикиритки уште од четвртиот месец како би се ублажиле и се сузбијат алергиските реакции. Меѓутоа, новата студија сугерира дека мајките можат да почнат да градат толеранција на бебето од првиот ден. -Ако родителите се загрижени поради воведување на кикиритки во исхраната на своето дете, а посебно на децата кои веќе имаат постоечка алергија, како што се егзем, астма или алергија на храна, важно е тоа да се направи на безбеден и на возраста примерен начин, на пример не давајќи им на децата цела кикиритка бидејќи тоа претставува и ризик од задушување, е советот на др Трејси Пит. извор: Курир.мк ]]>

Јазикот открива безброј болести – од алергии до сифилис https://arhiva.vistina.com.mk/jazikot-otkriva-bezbroj-bolesti-od-alergii-do-sifilis/ Tue, 02 Apr 2019 13:30:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=80746

Симптомите на болестите се покажуваат на различни начини, но она што веројатно не сте го знаеле е дека првите знаци на болестите може да ги видите токму на вашиот јазик! Токму јазикот на лекарите им помага при поставување најразлични дијагнози. На него може да се воочи настинката, треската, главоболката или лошата работа на дигестивниот систем. Јазикот кај здравите луѓе треба да биде розов, чист и прекриен со ситни брадавички кои ги препознаваат вкусовите. Но, кога јазикот е црвен, црн или бел, тоа укажува дека нешто не функционира како што треба во организмот. Отечениот јазик вообичаено значи дека се работи за алергија, додека темниот јазик може да значи прекумерна употреба на антибиотици или пак, дека се работи за симптоми на сида. Долгите бразди на јазикот означуваат пак, дека најверојатно се работи за сексуално пренослива болест – сифилис, а мазниот и цврст јазик укажува на недостиг на витамин Б12. Ако зборуваме за најсериозните нешта кои може да се воочат на јазикот, а тоа се токму раничките, израстоците или невообичаените крвавења, тие може да упатуваат дури и на рак на јазикот. Индиските доктори осмислија и софтвер кој би требало да помогне со помош на дигитални слики, кои ќе ги нуди споменатиот софтвер, останатите доктори полесно да воочат дали дошло до одредени промени на бојата или текстурата на јазикот, како и да воочат дали се работи за надуеност на јазикот. Софтверот засега распознава 14 различни состојби, а докторите се надеваат дека наскоро ќе можат да развијат и сличен софтвер кој ќе може директно од очите да чита одредени податоци. Она што научниците исто така го воочиле е дека дебелиот јазик може да биде главна причина за непријатното ‘рчење. извор: +инфо]]>

Ако ги имате овие симптоми, тогаш сте алергични на секс https://arhiva.vistina.com.mk/ako-gi-imate-ovie-simptomi-togash-ste-alergichni-na-seks/ Mon, 29 Oct 2018 12:00:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55055

Тешко е да се препознаат алергиските реакции за време на сексот, бидејќи некои симптоми, како што се тешко дишење, забрзано срцебиење и зголемено потење, се вбројуваат меѓу нормалните појави во текот на сексуалните игри. Но ако ги занемарите алергиите на секс, тие може да се влошат понатаму и да остават трајни последици на вашиот сексуален живот. Линдзи Доу, клинички сексолог, тврди дека алергиите на секс ги вклучуваат следните симптоми: отежнато дишење, осип, вагинално пецкање, оток, стегање во градниот кош, дури и губење на свест, дијареја и повраќање. Линдзи Доу составила список на знаци на кои треба да обрнете внимание… Најчестиот алерген Спермата е најчестиот алерген. Да, може да бидете алергични на машката сперма, но научниците сè уште не се сигурни дали жените реагираат на спермата генерално или само на одредени мажи. Во основа, протеинот во урината активира алергиска реакција, болка и пецкање. За да одбегнат алергиска реакција, жените што се пречувствителни на сперма треба да инсистираат на употреба на кондом во текот на сексуалниот однос. Но проблем е кога парот сака да зачне бебе. Тогаш, препорачливо е постапно изложување на алергенот, додека телото не се навикне и не развие отпорност или, пак, вештачко оплодување. Инаку, алергиите на спермата најчесто се прогресивни, па симптомите се влошуваат колку почесто личноста е изложена на алергенот. Дали се чувствувате болно по оргазмот? Во ретки случаи, луѓето може лошо да реагираат на сопствената семена течност, што се нарекува „orgasmic illness syndrome“. Симптомите се слични на грип, а се јавуваат непосредно по ејакулација. Растечен нос, отежнато дишење, главоболка, болки во мускулите и грозница се само некои од симптомите, кои медицината многу ретко ги поврзува со сексот. Алергични на контрацепција Околу три милиони луѓе во Америка се алергични на латексот од кој се изработени кондомите, но и многу други сексуални производи. Симптоми на алергија на латекс се вагинална иритација, пецкање и чешање. Ако реакцијата се појавува секогаш по сексот со кондом од латекс, обично во рок од еден ден, а трае еден до четири дена, најверојатно се работи за алергија. Проблем е тоа што на декларациите честопати не го пишува составот на производот. Освен тоа, многу кондоми содржат и некакви лубриканти, па алергиската реакција не мора да е предизвикана од латексот, туку од лубрикантот. Глицеринот во лубрикантите, на пример, може покрај алергиска реакција, да поттикне и габична инфекција. Лубрикантите со вкусови или оние кои предизвикуваат ладење и загревање содржат адитиви кои не се добри за женското тело. Состојката во кондомите која ги убива сперматозоидите исто така е еден од најчестите алергени. Многу жени покажуваат симптоми на пречувствителност и на други контрацепциски средства. Забележани се чести алергиски реакции на бојата од контрацепциските пилули и на етилен-винил ацетатот од контрацепцискиот прстен. Проблемот не е во хормоните, туку во „споредните“ состојки на кои честопати не обрнуваме внимание. Понекогаш алергиската реакција што се јавува по сексот, всушност не била предизвикана од самиот чин, туку од нешто друго што сте користеле, консумирале или нанеле во текот на денот. Во некои случаи, болката и непријатноста за време на сексот е физички одговор на психолошко искуство, како што е недостиг на доверба во партнерот или во самиот сексуален чин. Тоа, како и кај секоја друга алергија, може да резултира со осип. Имунолошкиот систем прави сè за да сигнализира дека нешто не е во ред, без разлика дали станува збор за физичко или психичко нарушување.]]>