александра велинова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 May 2023 08:56:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александра велинова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова ќе биде промовиранана Саемот на книгата https://arhiva.vistina.com.mk/na-kriljata-na-samovilskoto-konche-od-aleksandra-velinova-ke-bide-promoviranana-saemot-na-knigata/ Tue, 02 May 2023 08:56:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300136

„На крилјата на самовилското коњче“ од авторката Александра Велинова е нова петта илустрирана книга за деца која ќе биде промовирана во петок во 18 часот во Промотивниот Центар на Саемот на книга. Промотор ќе биде проф. д-р Кристина Николовска, а извадоци ќе драматизираат ученици од основното училиште „Блаже Конески“ од Аеродром во костими од рециклирана хартија. На 25 страници со соодветни колор илустрации, љубопитниот Алексеј и самовилското коњче преку својата авантура ја запознаваат читателската публика со убавините на Малешевските планини и ретките ендемски видови кои се наоѓаат таму. Книгата има цел да ја поттикне и развие еколошката свест од најрана возраст и праќа силна еколошка порака: да внимаваме како се однесуваме во природата со животинскиот и растителниот свет, бидејќи сме дел од неа. Прекрасните колоритни илустрации привлечни за детското око се на илустраторката Славица Купенкова, уредник на книгата е Михајло Маказлиев кој е и компјутерски и графички дизајнер, лектурата е на проф. д-р Елизбета Бандиловска, а рецензент е Љубинка Донева. Александра Велинова е новинарка, презентерка и член на ДПМ. Има напишано неколку книги за деца меѓу кои: „Бидејќи сум дете“, „Стефан во магичниот град“, „Стефан на прошетка со Ками во Египет“. и „Стефан во Дино парк“ . ]]>

2-ри април, светскиот ден на литература за деца одбележан со нова книга: „Стефан во Дино Парк“ од Александра Велинова https://arhiva.vistina.com.mk/2-ri-april-svetskiot-den-na-literatura-za-deca-odbelezan-so-nova-kniga-stefan-vo-dino-park-od-aleksandra-velinova/ Sat, 02 Apr 2022 17:42:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245188

Денес излезе од печат нова илустрирана книга за деца „Стефан во Дино Парк“ од авторката Александра Велинова. Книга во која се раскажува низ стихови и оригинални илустрации и која е наменета за децата од предучилишна и рана училишна возраст. Оваа книга е продолжување на едицијата патувања, со цел децата да се едуцираат и забавуваат преку книга. Стиховите сочинуваат една целина, во која на хумористичен начин се запознаваат малите читатели со најпопуларните диносауруси и тоа: каде живееле, што јаделе, како изгледале. Главниот лик во книгата е Стефан, дете кое како и многу други деца, го интересираат диносаурусите. Кога се наоѓа во Дино паркот, тој е јавач, палеонтолог и ловец на диносауруси, но пред сè тој ги сака и ужива во играта со нив. Извадоци од рецензиите: „Книгата со текст, надградена со илустрациите претставува возбудливо уметничко доживување по кое копнее детската душа, ум и фантазија...“ (Проф. д-р Благица Петковска) „Играта на Стефан во Дино паркот е плод на детската храброст. Тој дури и гласно ја објавува својата храброст и одлучност да истражува, да допре до дното на тајниот свет, во дадениот случај на диносаурусите...“ (Трајче Кацаров) Автор: Александра Велинова Илустрации: Игор Јовчевски Уредник: Михајло Маказлиев Лектура: д-р Лилјана Пандева Рецензија: проф. д-р Благица Петковска и м-р Трајче Кацаров Компјутерска обработка и дизајн: Михајло Маказлиев]]>

Промоција на македонска илустрирана енциклопедија за деца на Саем на книга https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-makedonska-ilustrirana-enciklopedija-za-deca-na-saem-na-kniga/ Thu, 03 May 2018 08:45:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24832

„Македонска илутрирана енциклопедија за деца“ од авторките м-р Ели Маказлиева, Татјана Грегова и Александра Велинова ќе биде промовирана на 7.5 (понеделник) во 10 и 30 часот, во рамки на 30-тиот по ред „Саем на книга“. Промотори на енциклопедијата се  проф. Д-р Христо Петрески и учениците од ОУ„Кузман Ј. Питу“ Општина Кисела Вода од Скопје и децата од градинката „13 Ноември“ од Скопје. Во неа се обработени 39 тематски содржини кои даваат основни информации за Република Македонија, за нејзините убавини, како и позначајни податоци прилагодени на возраста на детето.
Оригиналните илустрации на неверојатен начин ги презентираат содржините како неизоставни елементи кои ќе го дооформат впечатокот на енциклопедијата. Идејно-концепциската и содржинската структуираност од попросто кон посложено дава посебен белег за приемчивост и достапност за децата, дополнувајќи го дефицитот на литература од ваков вид кај нас и создавајќи драгоцен придонес во литературата за деца. Рецензенти на енциклопедијата се  проф. д-р Татјана Котева - Мојсовска и проф. д-р Сузана Никодиновска - Банчотовска, двете професорки на Педагошкиот факултет, како и на д-р Христо Петрески, писател, поет, есеист и книжевен теоретичар.]]>

Нова книга за деца – за прв пат кај нас! „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“. https://arhiva.vistina.com.mk/nova-kniga-za-deca-za-prv-pat-kaj-nas-makedonska-ilustrirana-enciklopedija-za-deca/ Wed, 20 Dec 2017 13:10:23 +0000 http://vistina.mk/?p=7300

Деновиве во издание на издавачката куќа ЕДУКА МАК од Скопје, излезе од печат првата „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“  одавторите: м-р Ели Маказлиева, Татјана Грегова и Александра Велинова, а илустрациите се на Игор Јовчевски. Оваа енциклопедија според својата оригиналност и единственост е прва од ваков вид во Република Македонија и е оригинално дело на тим македонски автори. Рецензијата е доверена на проф. д-р Татјана Котева- Мојсовска и  проф. д-р Сузана Никодиновска- Банчотовска, двете професорки на Педагошкиот факултет како и на д-р Христо Петрески – писател, поет, есеист и книжевен теоретичар. Енциклопедијата има за цел да ја поттикне љубопитноста и интересот кај децата за себе и својата татковина и првенствено  е наменета за деца од 5 до 10 годишна возраст, но има можност да ја користат сите деца и помалите и поголемите. Содржините на ова уникатно дело имаат за цел, исто така, да влијаат на децата врз формирањето на сликата за себе , како и врз создавањето и негувањето на чувството на припадност и идентитет.  Дотолку повеќе што ова дело е создадено  од автори кои ги познаваат детските развојни карактеристики и потреби. Во неа се обработени  39 тематски содржини кои даваат основни информации за татковината – Република Македонија, за нејзините убавини како и позначајни податоци прилагодени на возраста на детето.
Оригиналните илустрации на неверојатен начин ги презентираат содржините како неизоставни елементи кои ќе го дооформат впечатокот  на енциклопедијата. Идејно-концепциската  и содржинската  структуираност на тематските содржини- од попросто кон посложено, дава посебен белег за приемчивост и достапност за децата, дополнувајќи го дефицитот на литература од ваков вид кај нас и создавајќи  драгоцен придонес во литературата за деца. …„Почитувајќи ја идејата на авторката м-р Ели Маказлиева , да се направи едно вакво дело како и на нејзината долгогодишна и целокупна пишувачко-педагошка работа  во областа -литература за деца и млади, сметам дека со  ова дело е направен многу сериозен, но одличен обид да се создаде ваква книга – енциклопедија за деца, создадена со мајсторство, многу оригинална, уникатна и дефицитарна“…- меѓу другото напиша Христо Петрески во својата рецензија. Првата „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“  ќе биде промовирана во петок на 22.12.2017 година.]]>

Водителката на ТВ Нова, одново во бело: Александра Велинова по втор пат во венчаница? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-na-tv-nova-odnovo-vo-belo-aleksandra-velinova-po-vtor-pat-vo-venchanica-foto/ Thu, 23 Nov 2017 08:43:30 +0000 http://vistina.mk/?p=4480

Познатата телевизиска водителка Александра Велинова која во моментов ја гледаме на програмите на ТВ НОВА,  по втор пат облече венчаница.
Првата добро ја памети, зашто тогаш венчаница беше донесена од Франција специјално за нејзината свадба, а во неа убавата Александра изгледаше прекрасно.
Но, само неколку години по свадбата, Велинова тргна во потрага по нов свадбен фустан, по нова венчаница, што ТВ гледачите, ама и оние што не се многу упатени и запознаени со приватниот живот на водителката, (за кој и онака малку се знае), ги стави во дилема и остави во прашалници? Не е белким дека велинова се... Не - не е, с краја да е! Напротив! Во прашање е нешто сосема друго! Што би рекле, за арно е!
Имено, згодната водителка е избрана да биде заштитното лице на осмото издание на „Саемот за венчавки“, популарниот „Wedding Weekend Expo 2018“ кој  по традиција ќе се случува во хотелот Александар Палас, во терминот од 23 до 25 февруари 2018 година, а организатор на настанот е тимот на магазинот за културата на венчавките Во бело.мк!
На него, традиционално  најдобрите македонски креатори, декоратери, фотографи, ресторани... ќе бидат собрани на иста локација, на едно место и со една единствена цел - да им помогнат на идните младенци во исполнувањето на свадбениот сон - организирањето на својата свадбена свеченост.
Велинова пак, како идно заштитно лице, побрза уште отсега, навреме да си одбере репрезентативна свадбена руба, а овојпат нејзиниот избор падна на креација од  домашен креатор и тоа еден од најдобрите кај нас - модната куќа Елена Лука. Комплетно препуштена на креативниот тим на креаторката, таа очигледно уживаше во пробувањето на венчаниците, за изборот да да се сведе на  исклучително елегатна и сензуална венчаница во која таа изгледа како вистинска принцеза од свадбена бајка.  
]]>