александра спировска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Dec 2022 09:11:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александра спировска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Таа е дете на познати родители, а тој и самиот е познато дете: Миа Перевска и Марко Чаласан се во љубовна врска (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/taa-e-dete-na-poznati-roditeli-a-toj-i-samiot-e-poznato-dete-mia-perevska-i-marko-chalasan-se-vo-ljubovna-vrska-foto/ Fri, 09 Dec 2022 08:54:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279204

Нејзините родители се познати, македонски јавни личности, зашто Михаела или Миа, како што ја викаат, е  најстарата ќерка на Никола Перевски - Пере од групата „Нокаут“ , која ја има од својот прв брак со ТВ новинарката на МРТВ,  Александра Спировска. Миа е на пат да ги стигне и престигне своите родители, зашто и самата веќе неколку години успешно чекори по стапките на својот познат татко. Имено, таа е придружен вокал во неговиот бенд, но исто така работи и на соло проекти, кои се поврзани со музиката, а и самата настапува забаваувајќи ги гостите со своите поп-рок сетови по најпознатите скопски локали. Иако веќе има свои авторски остварувања, Миа неодамна објави дека подготвува нова музика и најави дека истата ќе може да ја слушнеме наскоро. Тој пак е и самиот познато, сега веќе момче... А стана познат во јавноста уште како дете, кога тогаш малечкиот Марко Чаласан беше прогласен за „македонски вундеркинд“... За чудо од дете кое компјутерите и Ај-Ти технологијата во областа на нејзиниотт софтверски дел ги има „во малиот прст“  за своја возраст, што не остана незабележано во светот. За првпат се појави на насловните страници во САД во мај 2010 кога CNN објави приказна за него. Марко има 12 Microsoft сертификати и еден Cisco сертификат. Тој го добил својот прв сертификат на возраст од 6 години. Тој е најмладиот човек што некогаш го добил сертификатот MCSA, Microsoft Certified Systems Administrator кој го добил на возраст од осум години. За жал рано остана без родителите, поточно по нивниот развод остана да живе со мајка му, која набргу потоа се разболе и почина... Но Марко успеа да се избори со сите животни трагедии, тешкотии и премрежја и да ги преброди прераснувајќи во момче за кое велат дека е идниот компјутерски гениј  кого јавноста го нарече македонскиот Бил Гејтс. Но, она што малкумина го знаат е дека овие двајца млади луѓе се во љубов. Заеднички фотографии имале и досега, но последната  романтична фотосесија од градот на светлината и љубовта, божествената француска престолнина  Париз го привлече вниманието на јавноста. Миа и Марко во љубовна прегратка, со француски бакнеж на еден од триесеттината мостови на реката Сена, додека во позадина се гледа осветлениот симбол на метрополата и цела Франција, Ајфеловата кула. Дузината црвени балони во вид на срца, само ја надополнуваат романтичната фотосесија која потврдува дека  Марко Чаласан и Миа Перевска се во љубовна врска! Млади, убави, талентирани, а при тоа среќни и вљубени... Има ли поубава и посреќна комбинација во овие турболентни времиња? Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/miaperevska/Marko Calasan
   ]]>