александра пријовиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Mar 2024 08:18:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александра пријовиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како во бајка: Синот на музичката ѕвезда Александра Пријовиќ, Александар го прослави својот петти роденден (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/kako-vo-bajka-sinot-na-muzichkata-zvezda-aleksandra-prijovik-aleksandar-go-proslavi-svojot-petti-rodenden-foto/ Thu, 07 Mar 2024 08:18:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341398

Синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, Александар, го прослави петтиот роденден, а забавата беше организирана во игротека во Белград. Живојиновиќ направија вистинска бајка за својот наследник, но по вкус на момчето. Сè беше украсено со ликовите на Спајдермен и Хулк, во црвени, црни и зелени тонови. Балони имаше насекаде, а на централниот плакат беше испишано Аки, што е прекарот што му го даваат на личноста која го слави роденденот. На прославата се собраа голем број деца и пријателите на Александра и Филип, а присуствуваше и пејачката Марина Тадиќ, која сними прекрасна сцена од игротеката, додека гордата баба Зорица Накиќ, мајка на Филип Живојиновиќ, сподели фотографија со внукот во прегратка.  ]]>

Цеца и Прија се присетија и јавно открија за непријатностите на сцена: „Што ќе правиш, преправај се!“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/tsetsa-i-prija-se-prisetija-i-javno-otkrija-za-neprijatnostite-na-stsena-shto-ke-pravish-prepravaj-se-video/ Mon, 04 Mar 2024 07:19:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340926

Младата и многу успешна пејачка Александра Пријовиќ во емисијата „Цеца шоу“ раскажа што и се случило на неодамна одржаниот концерт во Хрватска. „Ми се случи на концертот да ми пукнат панталоните, на многу незгодно место“ – открила Александра Пријовиќ и истакнала дека кога ќе се случат вакви ситуации на концерт, нема многу простор за „поправки“. „Што ќе правиш, гурај напред и преправај се дека ништо не се случило“ – признала пејачката. И Цеца се присетила на нејзина непријатна ситуација на настап. Како што рекла, слична ситуација и се случила за време на голем концерт во Ушче.
„Такви работи се случуваат. Во Ушче ми пукна ременот на фустанот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Мили веднаш се стрча и почна да ме врзува. Но, овие работи се случуваат, нема место за паника“ – изјавила Цеца Ражнатовиќ. фото: Instagram printscreen/ aleksandraprijoviiic/ cecaraznatovic]]>

Филип Живојиновиќ имал барање од Прија за кое таа не сака ни да слушне, а во несогласувањето се вмешала и Брена?! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/filip-zhivojinovik-imal-barane-od-prija-za-koe-taa-ne-saka-ni-da-slushne-a-vo-nesoglasuvaneto-se-vmeshala-i-brena-foto/ Wed, 28 Feb 2024 10:50:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340440

Недоразбирањето меѓу Прија и Филип за „важна“ работа ги полни порталите во регионот. Александра Пријовиќ постигна неверојатен успех во Србија и Хрватска, секогаш повеќе се бараат билети за нејзините концерти и се чини дека не може да биде посреќна. Меѓутоа, нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ наводно има поинакви планови. Според него, заедничкиот престој во Америка го искористил за да разговара со сопругата и да и даде до знаење дека сака да работат на друго дете кога ќе заврши со турнејата.
Како што пишува Стар, Александра била шокирана од барањето на Филип, па му рекла дека сега не размислува за тоа и дека е фокусирана на концерти, но и на нови песни, кои планира да ги сними. Според тврдењата на домашните медиуми, Филип наводно бил груб кон Александра сугерирајќи и дека песните можат да почекаат и дека не е прифатливо да се прави голема разлика меѓу првото и второто дете. Во една прилика, наводно на шега, и рекол дека ќе се повлече и ќе престане да и помага во кариерата доколку не ја оствари неговата желба.
Според информациите кои протекоа во тамошните медиуми, по враќањето од Америка, Александра Пријовиќ ги споделила своите планови со семејството. Во дискусијата се вклучи и Лепе Брена, која го советуваше Филип дека Александра е млада и дека не треба да има проблем да се оствари втора бременост, но посочи дека сега е важно да се фокусираме на публиката и на концертната турнеја. Филип го прифати советот, но истакна дека следната година сите очекуваат добри вести од нив двајца. фото:Instagram printscreen/ aleksandraprijovic/ f.zivojinovic]]>

По Карлеуша и Прија и наша Антониа: Од грло до глуждови во леопардов принт креација, како моден тренд или комшиска имитација? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-karleusha-i-prija-i-nasha-antonia-od-grlo-do-gluzhdovi-vo-leopardov-print-kreatsija-kako-moden-trend-ili-komshiska-imitatsija-foto/ Thu, 22 Feb 2024 09:45:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339687

Покрај песните и пеењето, однесувањето, изгледот, имиџиот... заедно со доброто менаџирање се пресудни за кариерата на еден естраден уметник. Особено за пејачките, кои покрај „златното грло“ би требале да поседуваат уште грст „златни нешта“ за да успеат, меѓу кои она што прво паѓа в очи е физичкиот изглед и секако стајлингот! Од фризура до обувки и се разбира гардеробата која ја носат на себе, зашто како што вели старата поговорка: „Руба краси, руба гнаси“ е особено изразена на естрадата! Таму мора да си впечатлив, уникатен, оригинален... да не изгледаш „евтино и петпарачки“, туку стајлингот да ти биде како „од милион долари“! Се разбира, секој/а не може да си  ги дозволи скапите брендови, ама затоа мора и може да си ги задржи оригиналноста и прилагоди вкусот на сопствениот физикус и комплетен изглед воопшто. Впрочем понекогаш и со поевтини модни парчиња, ако се добро вкомпонирани, може да се изгледа „холивудски“ иако на себе не носите скапи светски марки!
Сепак, многу често на естрадата се случува сакајќи да ги следат модните трендови, поедини естрадни ѕвезди случајно или намерно да бидат исто облечени во различно време и прилики!  Онаа што прва на себе ќе го исфорсира трендот е најчесто оригиналната, останатите што по неа ќе се променат во иста или слична комбинација се „бледа копија“? Или барем така сакаат да ги прикажат медиумите и обожавателите, иако можеби и не е баш така, зашто трендот е тренд и модата не е наменета само за една личност, ама сепак... Која прва ќе ја примени откако трендовски ќе се промени, таа е „модната кралица“, а останатите се само... „една од многуте по неа“! Токму една иста модна комбинација со животински леопардов принт е пример за тоа која е која на регионалната естрада кога е во прашање последната мода! Јелена Карлеуша во тој поглед важи за неприкосновена, па уште во почетокот на ноември минатата 2023-та, и овој пат беше првата која изгледаше како „дива мачка на вжештениот естраден подиум“! Од бунда од вештачко крзно со црни дамки... ...Преку длабоко деколтиран корсет и чизми до препони со истата шара, „белградската мала од скандала“ покажа дека и овој пат е уникат! Деновиве новата регионална фолк мегаѕвезда Александра Пријовиќ имаше серија концерти низ регионот. На еден од своите настапи во преполните сали во Хрватска, од грстот модни комбинации на сцената се појави во иста комбинација од леопардов принт, само малку стилски поразлична. Место корсет, деколтирано мини фустанче над колена, чизмите слични како кај колешката, а сето тоа надополнето со високи ракавици до надлактици, секако со истиот леопардов дезен! По Хрватска и Србија, дојдовме и до Македонија...  каде по Карлеуша и Прија вака „диво“ променета ја видоме и наша Антониа! Од грло до глуждови во леопардов принт креација, како следбеник на модниот тренд или само комшиска имитација? Дилемата ви ја оставаме вам, кој како сака да го толкува овој стајлинг на Антониа, но едно е сигурно, дека и нејзе истиот ништо помалку добро не и прилега! Инаку, животинските дезени се нешто во што поретко ја гледаме Гиговска, но таа покажа дека одлично изгледа и во вакво издание. И покрај тоа што е закопчана до грло, Антониа изгледа мошне атрактивно и доволно провокативно за да ја разбранува фантазијата и дополнително поттикне возбудата на својот настап на кој вака се појавила. Патем,  креација е дело на македонската дизајнерка, кумановката Ива Спасовска и нејзиното модно ателје, а во која Гиговска исто така изгледа како „дива мачка“... Леопард, гепард или јагуар - проценете сами од шарата. Она што го пее меѓудругото на сцена, носи наслов - „Хиена“! Фото: Инстаграм/karleusastar/aleksandraprijovic/antoniagigovskaa
       ]]>

Мајката на Александра Пријовиќ проговори по веста дека пејачката е бремена, еве што откри (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/majkata-na-aleksandra-prijovik-progovori-po-vesta-deka-pejachkata-e-bremena-eve-shto-otkri-foto/ Wed, 21 Feb 2024 12:14:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339603

Борка Михајловиќ проговори по приказната дека нејзината ќерка Александра Пријовиќ е во бажена состојба. Приказните започнаа за време на концертите на Александра во Осиек, каде покажа малку поголем стомак. Сепак, нејзината мајка истакнува дека од второто внуче засега нема ништо. - Не. Не... Дај боже, јас би сакала! Едвај чекам, но засега ништо од тоа - изјави Борка за 24сата.хр. Фото: printskrin/instagram/aleksandraprijovic]]>

Александра Пријовиќ платила 20.000 евра за стајлинг: Со смелите изданија во Осиек го привлече вниманието на публиката  (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-prijovik-platila-20-000-evra-za-stajling-so-smelite-izdanija-vo-osiek-go-privleche-vnimanieto-na-publikata-foto/ Tue, 20 Feb 2024 12:02:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339387

Александра Пријовиќ не штеди на гардеробата, носи фустани од светски дизајнери, а изминатите денови одржа пет концерти во Осиек, а секоја вечер на публиката и приредуваше незаборавен спектакл. Покрај добрата забава, Алексадра покажа и 10 скапи комбинации кои ја чинеле вкупно 20.000 евра. Пејачката најмногу носеше модели на Версаче во Осиек, а посебно се потруди втората вечер кога само за фустан од овој познат италијански бренд издвои 7.000 евра. Пријовиќ секоја вечер концертот го започнуваше во уникатни модели на нејзината стилистка, па носеше златен фустан во форма на машна од 3.000 евра, додека на вториот концерт носеше црн комбинезон со сребрен вез од 4.000 евра. Третата вечер ја отворила со златен комбинезон вреден 4.000 евра, а четвртата во црна тантела по истата цена. Вториот дел од концертот беше резервиран за моделите на најпознатите модни куќи, па таа на фановите во Осиек првата вечер им пееше во „муглер“ хеланки од 350 евра и бела јакна со корсет од 2.100 евра.
Втората вечер Прија го облекла и познатиот  металик фустан од Версаче од 7.000 евра, додека третата вечер се одлучила за црн кожен горен дел и мини здолниште од истиот бренд од 2.800 евра. Таа четвртата вечер се одлучи за леопардското издание „долче и габана“: фустан од 1.450 евра, чизми од 1.150 и ракавици од 500 евра. Последната, петта вечер, Прија повторно облече шарен мини металик фустан од брендот „Рабан“ вреден 3.500 евра, а потоа се пресоблече во црн фустан „Балман“ со детали во форма на сребрени ѕвезди. Сето ова води до вкупна бројка од 20.000 евра. Фото: printskrin/instagram/uvekuzprijovicku]]>

„Прија ме потсетува на постара колешка од Србија“: Тони Цетински проговори за популарната пејачка (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/prija-me-potsetuva-na-postara-koleshka-od-srbija-toni-tsetinski-progovori-za-popularnata-pejachka-foto/ Thu, 04 Jan 2024 09:02:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333643

Тони Цетински зборуваше за изминатата година, за неговата кариера, а се осврна и на успехот на Александра Пријовиќ. „Не беше секогаш сè совршено, но беше успешна година во бизнисот. Го привршуваме албумот... да има поубави настани, а помалку лоши. Повторно, дури и лошите моменти не траат засекогаш. Мора да научите нешто. Мора да го прегрнете секој крст и да продолжите понатаму“, изјавил пејачот.
Популарниот пејач го коментираше и феноменот Александра Пријовиќ. „Ние го коментираме повеќе од една година, затоа е феномен. Супер, нека си  го искористи моментот, сега е нејзиниот момент. Таа многу ме потсетува на постара колешка од Србија“, рекол Тони Цетински, пишува „Телеграф“, но не сакал да открие која, па само додал: „Тие што ја поставија работата, добро ја поставија. Можеме да побегнеме од себе со некои модерни ритми и продукции, но не можеме целосно да побегнеме. Тоа е таа мекост што луѓето очигледно ја сакаат и треба да се искористи и секоја чест за неа“. Фото: Printskrin/Instagram/tonicetinski]]>

Синот на Прија доби прекрасен подарок од баба му: Мајката на Филип го израдува својот внук  со она што му го купи (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-prija-dobi-prekrasen-podarok-od-baba-mu-majkata-na-filip-go-izraduva-svojot-vnuk-so-ona-shto-mu-go-kupi-foto/ Wed, 27 Dec 2023 09:28:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332597

Мајката на Филип Живојиновиќ му приреди изненадување на својот внук, на малиот Александар, со што многу го воодушеви , па го сними тој момент и го објави на социјалните мрежи. Имено, свекрвата на Александра Пријовиќ, Зорица Накиќ, често преку социјалната мрежа Инстаграм споделува заеднички моменти со својот внук, а сега покажа како ги поминуваат овие зимски денови. Малиот Александар го доби првиот албум со сликички, а колку е среќен веднаш покажа и неговата баба. - Првиот албум - напиша Зорица Накиќ и додаде емотикон со црвено срце. Зорица го сликаше малиот Александар додека лепеше слики, гледајќи цртани во пријатниот топол дом. Да потсетиме, Бобa и Брена својата љубов ја крунисаа со брак, а неколку години подоцна Зорица му го даде срцето на Иво Накиќ, поради кого се пресели во САД и му подари две деца. Фото: Pintskrin/Instgaram/zo_na_ny]]>

Наташа Беквалац откри што правела кога Александра Пријовиќ и се јавила да и биде гостинка (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-bekvalats-otkri-shto-pravela-koga-aleksandra-prijovik-i-se-javila-da-i-bide-gostinka-foto/ Tue, 12 Dec 2023 08:30:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330704

Пејачката Наташа Беквалац го најави својот новогодишен настап , а по тој повод откри и како станала една од гостинките на четвртиот концерт на Александра Пријовиќ во Загреб. - Лежев на задното седиште. Спиев. Мене ме возеше менаџерот и видов дека ме бара Александра. Разговорот не траеше подолго од една минута. Така фина,  како што е таа, ме праша. Реков: „Сакам, секако дека сакам“. Кога луѓето се лесни, лесни се и договорите - изјавила Наташа. Тaa се осврнала и на изминатата година. - Беше фантастична. Имаше многу подеми и падови. Мене ми беше убава. Сите ми се убави кога моите деца се добро – изјавила таа, а потоа открила на кого секогаш ќе вели „да“. - Зависи како кој, но пријателите секогаш можат да очекуваат „да“ од мене. Фото: Принтскрин/Instgaram/bekvalceva]]>

Теа Таировиќ откри што правела кога се симнала од сцената по концертот на Александра Пријовиќ (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/tea-tairovik-otkri-shto-pravela-koga-se-simnala-od-stsenata-po-kontsertot-na-aleksandra-prijovik-foto/ Wed, 06 Dec 2023 11:46:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330163

Атрактивната пејачка Теа Таировиќ ги сумирала впечатоците од неодамнешниот концерт на Александра Пријовиќ во Арена Загреб, каде што настапи како специјална гостинка. Таа гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, а по тој повод зборуваше за концертот на Александра Пријовиќ во Загреб, каде што беше специјална гостинка, на задоволство на публиката. - Убаво, полна сум со впечатоци од Загреб, фантастичен концерт, а кога се симнав од сцената одлично се забавував. Поздрав до Прија. Тоа се некои планови за мојата Арена за следната година, но дотогаш не сакам да зборувам - изјави Теа во емисијата. Да потсетиме, на третиот од трите распродадени концерти на Александра Пријовиќ гостуваше и Теа Таировиќ. Колешките но и добри пријателки заедно ја изведоа песната „Будало“, по што новосаѓанката ги изведе своите хитови „Хајде“ и „Само на една ноќ“. Фото: Принтскрин/Instagram/tea_tairovic  ]]>