александра овчарска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Jul 2022 08:01:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александра овчарска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александра од ТВ Алфа на оригинален начин и го честиташе роденденот на сестра и Елена од ТВ Телма: „Само јас знам како е да ја имаш најдобрата сестра…“ (ФОТО) (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-od-tv-alfa-na-originalen-nachin-i-go-chestitashe-rodendenot-na-sestra-i-elena-od-tv-telma-samo-jas-znam-kako-e-da-ja-imash-najdobrata-sestra-foto-foto/ Wed, 13 Jul 2022 08:00:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258339

Тие се раритет во македонскиот ТВ етер... Две сестри кои се појавуваат на различни македонски телевизии со национална фреквенција. Обете згодни, стројни, шармантни… на прв поглед слични, а сепак различни. Едната русокоса, другата црнка. Александра Овчарска е дел од екипата која ја работи магазинската програма на ТВ Алфа, а Елена Манојловски пак, е презентерка на временската прогноза на  ТВ Телма.  Иако двете со семејни обврски, Елена оддамна реализирана како сопруга и мајка, Александра однеодамна со веренички прстен на раката, сестрите се и исклучително блиски меѓу себе, па често се заедно и се дружат! Затоа русокосата Александра од ТВ Алфа, реши на посебен, себесвојствен и мошне оригинален начин да и го честита јубилејниот 40-ти роденден на сестра и' Елена од ТВ Телма. Помалата сестра направила избор од најубавите заеднички семејни фотографии од детството, па една по една ги прикачила на јажето за сушење алишта со дрвени штипки, како своевиден времеплов.  Враќајќи се назад во времето, на паташествието низ заедничките спомени, под секоја фотографија Александра напишала неколку реда за она што го чувствува кон својата повозрасна сестра. Навраќајќи се на најзначајните и најубави мигови од нивното детство и заедничко растење, секоја слика носи своја порака, за тоа колку помалата и е благодарна на постарата сестра за се$ што направила за неа, на што се$ ја научила, и покажала, ја израдувала, ја утешила... И го трасирала патот кон неизвесната иднина низ кој самата таа прва се пробивила. Дузина спомени, измешани со грст емоции, бескрајно многу љубов и само една роденденска порака... Оригинална, најубава и најсилна на свет. Но, да тргнеме по ред: „Денеска и е роденден на сестра ми“ - ја започнала својата фото сторија во вид на роденденски пораки и честитки Александра... „Само јас знам како е да ја имаш најдобрата сестра на свет, затоа што те имам тебе“... „Овде за да ме покажеш, си се сокрила ти“... „Не постои поголема поддршка од твоето те сакам“... „Ме научи дека поделеното чоколадо е послатко“... „Ме научи дека љубовта е неисцрпна“... „Ми покажа дека многу работи можам сама“... „секогаш ќе бидеш моето второ „Јас“... Добро, понекогаш и прво...“ „Се родив со веќе најдобар пријател и не морав да го барам“... „Ми покажа дека секоја болка се ублажува со здрав разум и силно срце“... „Ти си мојата згодница сестрица“... „Која ме научи како да ги толкувам туѓите, но и свои грешки“... „Среќен роденден“ - ја завршува својата фото сторија во вид на роденденска честитка до саканата сестра, ТВ водителката. Иако на дамите не им се бројат годините, постарата сестра, презентерката на временската прогноза на ТВ Телма сама ги откри заблагодарувајќи се на честитката. Кога е веќе така, и од нас ... Среќна 40-ка! Или како што самата славеничка порачала: „Немам 40... Имам триес-десет!“]]>

Уште една македонска ТВ водителка се сврши: Александра од „ТВ Алфа“ замина на скијање, а заврши со веринчки прстен (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-makedonska-tv-voditelka-se-svrshi-aleksandra-od-tv-alfa-zamina-na-skijanje-a-zavrshi-so-verinchki-prsten-foto/ Mon, 14 Feb 2022 08:29:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238829

Уште една македонска ТВ личност е на прагот да стане од девојка жена или поточно нечија сопруга. Александра Овчарска, или попозната како Бела Александра, ТВ водителка на утринската програма на ТВ Алфа замина на скијање на Копаоник, а заврши со веринички прстен на раката. Таа и нејзиното момче Саша имаа романтичен викенд во познатиот српски скијачки центар, кој заврши со понуда за брак! Имено, нејзиното момче, отсега и вереник и потенцијален сопруг и зет во семејството, ја изненадил водителката со веренички прстен. Како точно изгледал чинот на запросување не опишале ниту обајцата, но едно е сигурно: Идниот младоженец го искористил заедничкиот зимски викенд, па во предвечерјето на празникот на вљубените  Св. Валентин, го направил (пред)брачниот чин - ја побарал водителката за жена. Ниту Александра, ниту нејзиното момче, кој инаку работи во една шведска Ај Ти конасалтинг компанија, не ја обзнанија јавно свршувачката, ама затоа пак среќниот момент прва го објави сестрата на водителката, која исто така е ТВ лице, презентерката на временската прогноза на Телма, Елена Манојловски. „Посакувам да сте секогаш вака среќни и заљубени Санулка моја ми го разубавивте денот, месецот годината ма животот“ - напишала среќната сестра споделувајќи ја фотографијата на која во прегратките на зетот, идната невеста гордо го покажува свршеничкиот прстен од ски терените на Копаоник. Епа, Бела чао... од моминскиот живот секако и добредојде на прагот на брачниот клуб... Нека е со среќа! Фото: Фејсбук принтскрин/Sasha Vuksanovich/Елена Манојловски]]>