Александар Војнески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Feb 2024 11:04:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Александар Војнески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лара Иванова не е сама: Ова е момчето на македонската поп пејачка со кое е во четиригодишна љубовна врска https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-ne-e-sama-ova-e-momcheto-na-makedonskata-pop-pejachka-so-koe-e-vo-chetirigodishna-lubovna-vrska/ Fri, 09 Feb 2024 11:01:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338196

Младата пејачка Лара Иванова по макфестовската дует-песна „Бела“ со Пајак која стана не само мегахит туку и видеофеномен со над 25 милиони прегледи на Јутјуб и самата се вивна кон врвот на популарноста во друштво на најголемите македонски поп ѕвезди од помладата генерација. Зачестија радио и ТВ гостувањата, нејзиниот лик осамна насловниците на порталите, се почесто почна да дава изјави и интервјуа, рапидно порасна бројот на нејзините настапи, а потоа се појавија и нејзините нови песни... Со еден збор Лара после „Бела“  естрадно се етаблира. И додека јавноста, особено онаа во која помладата публика го наоѓа својот интерес, почна да открива и дознава многу работи за  кариерата на „распеаната балерина“, љубопитноста ја надмина професијата, па многумина, особено помлади момчиња почнаа да се интресираат и за приватноста на долгоногата поп пејачка. Оние што ја знаат одблизу и се во нејзиното најтесно опкружување многу добро знаеја дека Лара Иванова не сама кога се емотивното дружење и љубовта во прашање.  И тоа не е сама оддамна, зашто пејачката е во во четиригодишна врска иако истата не ја споменува и не сака многу јавно да ја експонира. Токму деновиве таа и нејзиното младо момче Александар Војнески прославија четири години од нивната „љубовна романса“ со фото-колаж на Инстаграм, на кој се собрани фотографиите  од најразличните заеднички моменти кои ги вљубените гулапчиња ги поминале заедно. Фотоколажот осамна на Инстаграм профилот на младиот љубовник кој на „важниот датум“ го објави на своето стори и шеговито напиша: „4 години ја трпам“! При тоа изразувајќи ја својата љубов со додаден емотикон на срце! Инаку момчето на Лара е исто така музичар, виолинист и со пејачката се во емотивна врска отприлика од нејзината 16-та година. Тој своето музичко образовние го започнал на седум годишна возраст во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Првите години од изучувањето виолина  станале клучни за тој не само да развие огромна љубов кон музицирањето, туку и понатаму да одлучи дека патот на музиката преку виолината е токму неговата идна професионална и животна определба. Тој сега е на студии по виолина при Музичката академија во Љубљана, Република Словенија. Праксата еден на друг јавно да си ги честитаат значајните датуми со колаж заеднички фотографии преку нивните Инстаграм профили, всушност не е познато која ја започнал, иако и Александар на Лара, а и таа нему  на сличен начин му го честиташе роденденот... „Роденденско момче, те сакам“ - напиша тогаш Лара која неодамна објави две нови песни. Едната со наслов „Ме сакаш кога ме немаш“ и оваа последната, дуетот со Јосиф „Сите светла“. А што се однесува до љубовта со колегата, која сега е на преточена во љубов на далечина... Белким километрите нема да бидат причина да се случи она непишано правило: „Далеку од очите - далеку од срцето“, па оваа принудна дистанца само ќе ја зацврсти нивната љубовна романса! Фото: Фејсбук и Инстаграм/aleksandarvojneskii/_lara.iv_
]]>