александар трајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Sep 2022 08:59:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александар трајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се породи и сопругата на македонскиот фудбалски репрезентативец: Александар Трајковски доби ќерка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-porodi-i-soprugata-na-makedonskiot-fudbalski-reprezentativec-aleksandar-trajkovski-dobi-kjerka-foto/ Fri, 16 Sep 2022 06:03:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267275

Деновиве се породи и сопругата на македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски. Тие станаа родители по втор пат, откако претходно го имаат синот Матеј кој е на петгодишна возраст. Александра овој пат на свет донесе здраво и право женско чедо, а девојчето го доби името Искра.
„Љубов моја, жено кралице ти благодарам што на свет ни донесе една принцеза. Се роди нашата Искра. Со твоето раѓање солзите радосници на мајка ти станаа бисери, тоа е љубов која  голема болка и исцрпеност ја наплаќа со насмевка. Ти благодарам љубов моја, што ме направи  најсреќен и најгорд родител по втор пат. Те сакам“ - напиша македонскиот фудбалски ас во постот покрај фотографијата од породилиштето на која се неговата сопруга Александра и малечката принцеза Искра. Нека им е со среќа приновата на семејството Трајковски, а од среќниот татко Македонија очекува добри игри и нови голови за нови победи! Фото: Инстаграм принтскрин/alextrajkovski8    ]]>

Шок во Палермо: Македонија ја елиминираше Италија на домашен терен https://arhiva.vistina.com.mk/shok-vo-palermo-makedonija-ja-eliminirashe-italija-na-domashen-teren/ Fri, 25 Mar 2022 07:14:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244302

Македонија ја елиминираше Италија во рамките на Квалификациите за СП во Катар. Македонија со голот на Александар Трајковски во 92 та минута, ја исфрли Италија во трката за настап на Светското првенсто. Италијанските фудбалери постојано притискаа, обидувајќи се да стигнат до посакуваниот погодок, но нашите мом;iwa одлично се поставија во шестнаесетникот и не дозволија изненадувања. Последна пречка на Македонија за заминување на СП во Катар ќе и биде селекцијата на Португалија, која со 3-1 славеше над Турција. Во втората минута од судиското продолжение, историскиот гол го постигна Александар Трајковски. Потсетете се уште еднаш на неговата магија, и историската победа која Македонија ја носи на чекор до пласман на Светско првенство.
]]>

„Музиката во македонскиот игран филм: Од Фросина до Лазар“ https://arhiva.vistina.com.mk/muzikata-vo-makedonskiot-igran-film-od-frosina-do-lazar/ Wed, 13 Mar 2019 13:15:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77436

Вечерва, со почеток во 20 часот, во киносалата на Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ на Александар Трајковски, вонреден професор на универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, каде што го раководи Институтот за аудиовизуелни уметности. „Музиката во македонскиот игран филм: од Фросина до Лазар“ на Трајковски претставува прва пообемна музиколошко-филмолошка анализа на македонскиот игран филм. Истражувањата и анализите на Трајковски се дел од неговата докторска теза „Филмската музика како форма на комуникација: музиката во македонскиот игран филм во периодот од 1952 до 2011 година“, која ја одбранил во 2014 година на Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања, под менторство на Ганка Цветанова, која е и рецензентка на книгата. Книгата е во издание на Кинотеката на Македонија, а промоторка ќе биде Ганка Цветанова. Обраќање ќе имаат Владимир Ангелов, директор на кинотеката, и Илинденка Петрушева, уредничка на изданието. Извор: Нова Македонија]]>