александар русјаков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Jan 2023 13:39:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александар русјаков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков е книга на месец февруари во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/hotel-megu-dve-vojni-od-aleksandar-rusjakov-e-kniga-na-mesets-fevruari-vo-bibliotekata-braka-miladinovtsi-skopje/ Mon, 30 Jan 2023 13:06:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286500

Наградуваниот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е избран за книга за месецот февруари во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Со делото, кое ја освои наградата „Пегаз“ (за најдобар необјавен роман во 2021 година) и е добитник на „Рациново признание“ за 2022 година, библиотеката ја продолжува својата голема кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори. На 7 февруари (вторник) во 19 часот во библиотеката ќе се одржи разговор со писателот Русјаков, а на 25 февруари (недела) е закажана средбата во Клубот на читатели, на која ќе се дискутира романот.
Разговор со авторот и Клубот на читатели се редовни активности од нашата кампања, кои во февруари ќе му бидат посветени токму на Александар Русјаков и неговиот интересен и наградуван роман. „Хотел меѓу две војни“ е достапен во сите наши библиотеки – се вели во објавата на библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје.
„Хотел меѓу две војни“ е историографска метафикција посветена на култната љубовна приказна за Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Прикажани во вителот на бурните историски настани на Балканот и во Европа (пред сè, многубројните војни од првата половина на ХХ век), судбините на Мустафа и Елени се претставени преку вештите меандрирања помеѓу биографските факти и многубројните реминисценции и психолошки портретирања на ликовите.  ]]>

Нашата историја во 80 епизоди: „Налеј налеј“ во серијата „Македонија“, која власта не сакаше да биде снимена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nashata-istorija-vo-80-epizodi-nalej-nalej-vo-serijata-makedonija-koja-vlasta-ne-sakashe-da-bide-snimena-video/ Mon, 13 Jul 2020 11:35:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158537

Со доаѓањето на власт на СДСМ пред четири години запреа сите проекти кои беа поврзани со македонската историја и со важни личности.Една од нив е и серијата „Македонија“ која почна да се снима но снимањето беше прекинато. Се раскинаа договорот со продуцентот Јадран Филм, а по сценарио на Александар Русјаков. Беа планирани 80 епизоди во кој низ разни човечки и љубовни приказни ќе беше доловена и македонската историја. Снимањето беше предвидено да биде во Македонија, Хрватска, Бугарија, Грција, Франција, Русија, Австрија, Италија и други држави. Го опфаќаше периодот помеѓу 1870 па се до 1952 година. Продуцентот Јадран Филм врз основа на приложеното сценарио веќе имаше склучено дистрибутерски пред договор со најголемата дистрибутерска куќа во Европа, така што освен пред македонските гледачи оваа серија заедно со македонската историја во неа ќе се најдеше пред Тв екраните на повеќето земји во Европа. Првата епизода се однесуваше на гемиџиите. Во пансион во Париз, каде како млади студенти во Швајцарија, се собираат и ги договараат солунските атентати, Кирков и Шатев се вљубуваат истовремено во газдарица на пансионот каде се сместени, младата годпоѓица Мадлен. Таа го одбира Кирков, кој подоцна загинува во солунските атентати. Заедно со нив ја пее “налеј, налеј”. Пет години подоцна Шатев, одкако добива амнестија, се враќа од заточеништво од Африка и оди во Париз да и ја соопшти веста за смртта на Кирков, а таа му кажува дека во меѓувреме немала друг маж и го чекала Кирков да се врати. Ова е спот од песната “Налеј налеј” од која никој не може да остане рамнодушен без да му дојде наплив на емоции. Во спотот доминираат снимки од првата епизода каде Павел Шатев е преставен и како млад гемиџија и како возрасен пред неговата смрт прогонуван од комунистичкиот режим. „Љубов моја, целиот живот мислам само на тебе…. Те сакав жив …. А те мразам мртов. Зар таа те сакаше повеќе од мене? Зар нејзината прегратка е потопла од мојата? А ти..ти истрча да те прегрне толку страсно, толку силно и …..засекогаш. Те мразам како што ги сакав твоите бакнежи,твоите допири и шепот….Зошто ме остави за неа,засекогаш ? Зошто? Која е Македонија? Што е Македонија?“ -прашуваат во серијата главните актери. https://www.youtube.com/watch?time_continue=106&v=zQxFRZ65034&feature=emb_logo Извор: Република.мк  ]]>