Александар Ристовски – Принц – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Apr 2023 12:02:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Александар Ристовски – Принц – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Калиопи и Жељко Самарџиќ четиридецениското пријателство го крунисаа со дует – „Знам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-i-zhelko-samardhik-chetiridetseniskoto-prijatelstvo-go-krunisaa-so-duet-znam-video/ Thu, 20 Apr 2023 05:36:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298866

Калиопи Букле и Жељко Самарџиќ четиридецениското пријателство го крунисаа со дует наречен „Знам“, а вчера, среда 19-ти април во Белград  се одржа регионалната промоција на истиот. Нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил се јавува како комплетен автор на песната. Тој е композитор на музиката, го напиша текстот  и го потпишува аранжманот, па додека говорела за создавањето на песната, Калиопи дури и се расплакала, бидејќи како што вели оваа песна буди посебни емоции. Во интервју за насобраните медиумски екипи, пејачката открила дека оваа песна за неа е посебна: „Штом ја слушнав песната за прв пат, сфатив дека тоа е повеќе од песна. Такво чувство ми се случи кога првпат ги слушнав „Бато“ и „Црно и бело“, сега ми се случува кога ја слушнав „Знам“, почнала да раскажува Калиопи со солзи во очите и додала: „Солза ти дојде од страна, кога имаш солза не плачеш, туку емоциите ти излегуваат од една солза. Тоа е исконско чувство, нема врска со нешто од секојдневието, животот нè втемели во машина. Оваа песна ме успори малку и тоа навистина ми требаше. И јас во последните неколку години, како и сите ние, доживеав работи кои не натераа да размислуваме за себе и за другите. Да споделиш песна со некого е да споделиш душа“. На самата промоција на песната беше промовиран и видеоспотот за истата чија режија и комплетна реализација ја потпишува Александар Ристовски - Принц. Промоција ќе има и во Македонија, а истата ќе се одржи на 25-ти април точно напладне, со почеток во 12 часот во во еден од култните скопски места за аудиофилите, „Аудиокултура“ лоцирана во скопската населба Тафталиџе. Во меѓувреме слушнете како звучи и изгледа кога Калиопи и Жељко заедно во дует пеат - „Знам“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Нокаут“ ќе ве провозат на својот „рингишпил низ годините“ во музичкиот времеплов – „25“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-ke-ve-provozat-na-svojot-ringishpil-niz-godinite-vo-muzichkiot-vremeplov-25-video/ Fri, 07 Apr 2023 06:27:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297115

Групата „Нокаут“ со публиката го споделува новиот сингл “25” (Двасет и пет). Од „Нокаут“ велат дека не застануваат тука. „После 25 години време беше да направиме ретроспектива на сѐ што сме оставиле зад нас, за Вас, преку нова песна и видео спот. Да ве потсетиме на убавите ‘90ти години кога почнавме со Нокаут и кога наместо официјални спотови вртевме видео записи од настани по ТВ студијата, музички емисии, топ листи, бинго шоуа… “Buckle up”, времепловот кон ‘90тите тргнува, велат од „Нокаут“ претставувајќи го видеото кое го потпишува Александар Ристовски - Принц. Автор на музиката и аранжманот е Дарко Димитров, а текстот е на Игор Џамбазов. Како звучи и изгледа музичкиот времеплов на „Нокаут“ претставен преку „рингишпилот на годините“ насловен  едноставно само со бројка - „25“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>