александар ристовски-принц – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Jan 2024 08:13:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александар ристовски-принц – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тијана Периќ ќе ве натера да не верувате во туѓите лаги во – „Невера“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-perik-ke-ve-natera-da-ne-veruvate-vo-tugite-lagi-vo-nevera-video/ Tue, 30 Jan 2024 08:12:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336705

По впелатливиот и забележителен настап на последниот „Макфест 2023“ и уште подобриот прием на нејзиниот хит „Бумеранг“ кој се' уште се врти во домашниот радио етер, „Невера” е новата песна четврта по ред на младата и надежна пеачка Тијана Периќ. Автор на песната е  композиторот Иле Спасев кој ги напишал, музиката и аранжманот, а се погрижил и  за миксот и  мастерингот, додека стиховите ги напишал Дени Куртовиќ кој што е млад артист и воедно композитор. Песната е визуелизирана и со видеозапис, а  Тијана повторно одлучи довербата да му ја препушти на проверениот мајстор Александар Ристовски Принц, кој направил еден преубав краток музички филм, во кој Тијана носи креации и накит на македонската модна  дизајнерката Ива Спасовска. „Невера“ е песната која се одлликува со модерен ритам кој веднаш ве тера да танцувате, а мелодијата на прва влегува во уво, иако е нешто поразлично од досегашните песни. Инаку Тијана е студент на Музичката академија - 3-та година. Музиката е нејзина љубов уште од најрана возраст. Од неодамна е и дел од тимот на Урбан ФМ радио каде што со околу 30 тина млади артисти водат радио подкасти во живо на You Tube каналот на радиото, улога во која подеднакво успешно се снаоѓа. Наскоро најавува и дует со еден наш артист, а секако веќе размуслува и за следна песна. Во продолжение слушнете као звучи и проследете како изгледа новото музичко остварување на Тијана, преточено во темата „Невера“. ]]>

По впечатливиот настап на „Макфест 2023“ на Тијана Периќ успехот и се враќа како – „Бумеранг“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-vpechatliviot-nastap-na-makfest-2023-na-tijana-perik-uspehot-i-se-vraka-kako-bumerang-video/ Sat, 04 Nov 2023 09:12:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325418

На годинешново 38-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“ во Штип каде во живо ја отпеа одличната и певлива „Бумеранг“, Тијана Периќ имаше еден од највпечатливите фестивалски настапи. Иако, како што и самата таа вели, ова е нејзино прво претставување пред македонската публика и прво нејзино фестивалско искуство. Инаку, таа настапи со впечатливата креација во црвена боја во придружба на танчерите од „Aqua Dance“ каде ги освои симпатиите и на публиката во салата и на жирито и беше меѓу петте најдобри од првата фестивалска вечер. Ја имаше честа да ја отвори ревијалната вечер и да настапи заедно со многуте наши познати музички ѕвезди. Песната “Бумеранг” ја напиша Ефтимија Јованова, а во тимот на обработка учествуваа и Јован и Иван Јованови. Александар Ристовски – Принц се погрижи за спотот, а пак на сцената на „Макфест“ ја придружуваа танчери од „Aqua Dance“. За изгледот да биде онаков каков што беше , совршено вклопен во комплетната визуелизација на сцената се погрижи Ива Спасовска за креацијата и студио “Диор” од Штип за шминката и фризурата. Презадоволна од својот настап и приемот на песната Тијана уште отсега со сигурност вели дека повторно ќе ја видиме на „Макфест“, во некоја следна прилика, а кој знае, можеби веќе уште следната година. Инаку Тијана зад себе веќе има снимено две балади , „Писмо“ и „Сонувам“, а веќе се подготвува и за снимање на видео  за нејзината следна песна која ја најавува за почетокот на месец декември. Во продолжение, можете го погледнете видеозаписот за макфестовската “Бумеранг” која веќе наголемо се врти во македонскиот радиоетер. ]]>

Кристина Арнаудова по долга пауза се врати на сцената… веројатно – „Засекогаш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-arnaudova-po-dolga-pauza-se-vrati-na-stsenata-verojatno-zasekogash-video/ Sat, 29 Apr 2023 09:11:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300005

По подолга музичка пауза, во петок, на 28 април 2023 година во етерот е пуштена новата песна на македонската поп пејачка Кристина Арнаудова, насловена „Засекогаш”. Музиката и текстот на оваа најнова песна на неготинчанката со скопска адреса на живеење се на нејзината стара соработничка Весна Малинова, додека пак, аранжманот и продукцијата ги потпишува проверениот студиски лисец,  Роберт Билбилов. „Другари, еве ја за вас, и за мене, Засекогаш... Се надевам дека ќе ви се допадне барем половина од она колку што мене ми се допаѓа. Со оглед на тоа дека немам веќе ФБ пејџ, промоцијата ќе оди потешко. Па така секој ваш шер, ќе биде добредојден, како поддршка на Засекогаш, и на македонската музика“ - напишала Арнаудова во своето Фејсбук обраќање до своите следбеници, кои претходно ги информираше: „Конечно, целата моја музика, на сите дигитални платформи. Ако сакате да сум искрена, од кога ја создадов престана да ме интересира да ме има како артист, пеачка, музичар…и сакав тоа да го оставам позади мене, и сосема да се посветам на хуманитарната работа, и децата на кои им требаме. Годинава сфатив дека музиката е голем дел од мене, и не можам да ја отфрлам како да не постои. Затоа ете, дури сега ме има на дигиталните платформи. И затоа и таму ќе ја чуете „Засекогаш“ - порача Кристина. Во промотивни цели, исто така е изработена и фотосесија, со фотографот Стефан Соколовски попознат како  Bad Stef,  чиј дел можете да ја најдете  на нејзиниот Инстаграм профил.
Инаку песната е исто така визуелизирана и со видеоспот за кој  како и многупати досега, бил задолжен Александар Ристовски – Принц. Како звучи и изгледа новата песна на Кристина Арнаудова насловена „Засекогаш“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Бојана Скендеровски објасни што бара од мажот во -„Ми треба“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bojana-skenderovski-objasni-shto-bara-od-mazot-vo-mi-treba-video/ Mon, 19 Dec 2022 07:44:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280543

„Ми треба“ е насловот на новата песна на Бојана Скендеровски, со која таа реши да ја заокружи музичката приказна што годинава во јануари започна да ја раскажува со темата „Зад завесите“, па преку „Среќа и несреќа“ ја продолжи со „Сонце меѓу сенките“. Станува збор за ведра, весела тема со, како што вели Бојана, труби – композиција каква одамна посакувала. Песната веќе стандардно кога е Бојана во прашање ја има во две верзии – македонска и српска (српската е со наслов „Докажи“). Комплетен автор е Саша Милошевиќ – Маре, додека за препевот се погрижи Огнен Неделковски. Видеото, пак, е работено под режисерската палка на Александар Ристовски – Принц, а по сценарио на Васко Скендеровски. Дел од видеото освен Бојана се и многу јавни личности и нејзини драги пријатели. Така, главните улоги ги имаат водителките Маријана Станојковска и Ведрана Ѓорѓевиќ, заедно со актерот Зоран Љутков, а гостуваат и Миле Кузмановски, Ферус Мустафов, Мики Црнокрак, фудбалерот Александар Васовски, Јелена, Ива и Вики… Текстот е феминистички, па затоа песната им ја посветувам на сите жени, мајки, кралици, кои се издржливи, силни и точно знаат што сакаат во животот. Оваа година сакада ја заокружам со една моќна и ведра песна која ќе ги размрда сите, затоа што сите заслужуваме малку забава, уживање и позитивни мисли“,вели Бојана. На синоќешната промоција Бојана освен што на јавноста ѝ ја претстави новата песна, откри дека со исто темпо продолжува и во следната година, како и дека веќе се работи на дует со колега од соседството, но и дека ќе работи на тоа да си ја оствари желбата за солистички концерт. Што тоа на Бојана Скендеровски и треба , што бара во љубовта од мажот, проследете во „Ми треба“ во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Нокаут“ слават јубилеј, 25 години постоење – „Знаеш ли?“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-slavat-jubilej-25-godini-postoenje-znaesh-li-audio/ Wed, 17 Aug 2022 12:51:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263111

Оваа година  групата „Нокаут“ слави 25 години постоење, а јубилејот го одбележува  со голема турнеја низ Македонија и веќе издаде еден сингл „Денес, утре, задутре“. “Набиената агенда на турнејата не го спречи бендот да подготви уште нешто ново за својата публика. Задоволство ни е да го споделиме со вас новиот сингл „Знаеш ли?“ - порачаа од бендот. Автор на музиката е Никола Перевски, кој воедно работеше и на аранжманот. Текстот го напиша Александар Ристовски - Принц, а  миксот и мастерингот ги потпишува  Дарко Димитров кој ги изработил  во неговото студио „Димитрови“. Инаку песната е снимена во студио „НК Продукција“, информираат од тимот на Нокаут, канејќи ве премиерно да ја преслушате нивната „Знаеш ли“? ]]>

Павле Камилоски во автентичен стил ја испеа својата нова песна – „Mia Bella“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pavle-kamiloski-vo-avtentichen-stil-ja-ispea-svojata-nova-pesna-mia-bella-video/ Sat, 14 May 2022 08:42:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250385

„Mia Bella“ е новата песна на македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски, чиишто видео спотови се препознатливи по неговиот боемски шарм и емотивна инспирација. Истата музичката екипа која за Павлеја создаде и претходната тема,  „Универзумот си работи за нас“, ја креираше и „Mia Bella“. Музиката, и аранжманот се дело на Александар Тарабунов, додека текстот е на Ксенија Николова, а режијата на шармантната видеоприказна ја носи Александар Ристовски - Принц. Пост-продукцијата ја изработува студиото на Тарабунов, а непосредноста во гласот на Павле го истакнува неговиот придружен вокал, Сара Пројковска.   Спотовите на Павле се одликуваат со романтична црта и доминантна префинетост, а тоа во неговата „Mia Bella“ пејачот го доловува во друштво на  убавицата Симона Петреска. Во продолжение проследете ја „Mia Bella“: ]]>

Дарио со носталгија по старите добри времиња го истури сиот гнев од душата во баладата – „Какви се ова времиња“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-so-nostalgija-po-starite-dobri-vreminja-go-isturi-siot-gnev-od-dushata-vo-baladata-kakvi-se-ova-vreminja-video/ Fri, 29 Apr 2022 09:34:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248193

Дарио Панковски е еден од ретките македонски музички поп ветерани, кои се’ уште се активни на домашната естрадна сцена. Познат како пејач, а уште повеќе и самиот како автор, кој можеби твори полека, песна по песна, една-две во годината, но како по правило, се’ што ќе напише или станува хит или останува евергрин. Така било отсекогаш, така е последниве години, а таков е случајот и сега, со неговата најнова балада - „Какви се ова времиња?“, која уште на прво слушање претендира да стане безвременска! Една од оние балади кои имаат душа во себе, а се напишани за сечија душа, за секој што во нив ќе се препознае, а во оваа ќе се препознаат многумина... Цели  генерации, „изгубени“ во своите спомени на едни многу поубави и посреќни времиња, кога душата на многу нешта имаше да се радува, освен само на песната. А токму таа, песната останува да не потсетува дека радоста е безлична ако е лажна, украдена,  со пари купена, без среќа стекната... Таква, каква што е најчесто токму во овие несреќни времиња! „Какви се ова времиња?“ е класична гитарска поп балада, налик на една од оние што ги испеа Аки во „Парни ваљак“, само на поинаков начин вокално донесена, која со грст емоции и од срце ќе се пее подеднакво гласно насекаде...И на концертите во големите сали и во кафулињата и клубовите. Песна за животот низ годините и времињата кои се менуваат, а ништо добро не носат...  Затоа и старите спомени вредат многу повеќе, од сите овие празни животи, како што пее и самиот Дарио, кој како и најчесто досега е комплетен автор (музика и текст) и на својата најнова песна. Како соработник кој му помогнала при склопувањето на стиховите е потпишана неговата ќерка Андреа Панковска, додека аранжманот го направил неговиот стар соработник, Кристијан Габроски. Песната е визуелизирана со одлично урбано видео кое го потпишва AleXanDeR, псевдоним зад кој се крије познатиот македонски музичар и режисер на видеоспотови, Александар Ристовски - Принц. Проследете во продолжение со каква носталгија по старите добри времиња Дарио го истури сиот гнев од душата во баладата - „Какви се ова времиња“? ]]>

Бојана излезе од – „Зад завесите“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bojana-izleze-od-zad-zavesite-video/ Fri, 28 Jan 2022 13:16:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236771

Бојана Скендеровски денеска ја промовираше новата песна „Зад завесите“ која ја прати видео запис во режија на едно од најценетите имиња на македонската музичка естрада, Александар Ристовски – Принц, кој со својот ексцентричен и секогаш уникатен стил со доминантни и директно прикажани симболи, на едноставен начин ја пренесува вистинската суштина на меланхолијата на самата песна. Музиката и аранжманот ги потпишува Роберт Билбилов, а текстот е на Ксенија Николова. Приказната за отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди е дел од новиот проект на Бојана, со којшто започнува низата на дополнителни изненадувања, коишто Бојана ќе ги претстави на публиката оваа година. ]]>

Павле Камилоски долго го чекаше тој час за да и запее – „Универзумот си работи за нас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pavle-kamiloski-dolgo-go-chekashe-toj-chas-za-da-i-zapee-univerzumot-si-raboti-za-nas-video/ Thu, 21 Oct 2021 12:45:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224048

Пејачот Павле Камилоски  ја промовирше својата нова песна „Универзумот си работи за нас“. Музиката, аранжманот и текстот ги потпишува неговиот колега и автор,  Александар Тарабунов, кој ја изработил и постпродукцијата. Песната е визуелизирана со црно-бело видео во режија на Александар Ристевски -Принц. Во видеото покрај пејачот главната женска ролја ја има и македонската манекенка и топ модел, долгоногата Бојана Нушкова, која повеќе од убедливо и мошне автентично си ја одиграла својата улога. Во продолжение проследете како звучи и изгледа кога „Универзумот си работи за нас“. ]]>

Елена Велевска низ песна ќе ви раскаже дека – „Овој живот убав е“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-niz-pesna-kje-vi-raskaze-deka-ovoj-zivot-ubav-e-video/ Tue, 07 Sep 2021 08:19:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218231

Македонската фолк пејачката Елена Велевска на крајот на летото реши себе си, а и својата публика да ја почести со нова песна и видеспот. И тоа необична, поразлична од се' што досега фолкерката испеала, зашто новата песна е далеку од чист фолклор, насловена „Овој живот убав е“. Артан Кастрати го направи аранжманот, Орце Зафировски текстот, а за инструменталниот дел се погрижија Мишел Трајковски и Ферчо Мустафов. „Долго време размислував што да и подарам на мојата публика, преслушав многу песни, но ништо не ми се допадна“ - вели Велевска и додава:   „Овој живот убав е” ме освои на прва, неизмерно сум му благодарна на Орце Зафировски кој ја пренесе пораката на вистински начин. И покрај се кое што го живееме, преживуваме колку и да е црно, постои сепак нешто кое ни дава надеж дека утре ќе биде подобро. Со оглед на тоа дека сум мајка, пред се' не смеам да си дозволам деструктивни мисли. На сите ни е тешко, но секој од нас мора најде нешто, што ќе му го направи овој живот убав. Насмевката на моите деца, публиката, сцената, музиката, семејството се само дел од работите кои мојот живот го прават поубав. Се надевам дека на мојата публика ќе и се допадне и песната и пораката што таа ја носи и дека ќе им биде мотивација, досека ја слушаат” - ќе изјави Велевска. Видео спотот е работен под авторско -режисерка палка на Александар Ристовски - Принц. Како звучи и изглледа кога Елена Велевска низ песна и видео тврди дека „Овој живот убав е“, проследетте во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=Lf9mhC9awqw&t=101s]]>