александар поповски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 24 Aug 2021 07:36:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александар поповски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Миа Костова во „Фејсбук војна“ сама против „сите“, а најмногу против „партиски доктори“ и функционери: „Ќе ги замолам партиските полтрони со трајна фризура да не ме ставаат во уста“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-kostova-vo-fejsbuk-vojna-sama-protiv-site-a-najmnogu-protiv-partiski-doktori-i-funkcioneri-kje-gi-zamolam-partiskite-poltroni-so-trajna-frizura-da-ne-me-stavaat-vo-usta-foto/ Tue, 24 Aug 2021 07:31:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216452

Новите рестриктивни Ковид мерки на Владата и Комисијата за заразни болести не само што се „ќорец во празно“ кој не дава никакви ефекти, зашто ем се небулозни, нехумани, нечовечки, селективни, понижувачки… ем тотално задоцнети. Или што би рекол народот: „После свадба, чуму тапани“, зашто мерки требаше да има уште во мај-јуни, кога вирусот „мируваше“. Ниту ПЦР тестови за влез, ниту вакцинален картон или било каков друг доказа за вакцинација или прележана корона, ниту бутур... Границите беа ширум отворени, влегуваше и излегуваше, кој како стигне, се правеа свадби од по 500 души, журките и концертите по туристичките места, а и насекаде низ Македонија беа пуштени на најјако... Ама тогаш на Заев, Филипче и останатите од Владата им се чинеше дека така треба... Или поточно, така им чинеше!? И сега кога „водата дојде до носот“ - радикални мерки. Ем без смисол и логика, ем без ефект. Уште една поделба на народот на покрај веќе постоечките:  национални, верски, етнички, партиски, социјални... На вакцинирани и невакцинирани. Како да сме во среден век... На „лепрозни“ и оние другите, од другата страна на ѕидините! Народот врие, социјалните мрежи експлодираат, а на нив пак поделби... На „ваши“ и „наши“... на оние кои бесмислено, упорно ја бранат Владата, премиерот, министерот за здравство и останатата свита и нивните „килави“ одлуки и мерки оние кои „рафално ги решетаат“... Со изјави, написи, постови, примери, искуства, научни докази...факти.  И меѓу едните и меѓу другите, ликови од најразлична фела, па дури и оние од лекарската, партиски послушници или пак јавни и естрадни личности. Една од оние кои се најгласни, но веројатно и најхрабри е секако македонската ТВ водителка и инфлуенсерка Миа Костова, која се чини дека е во „Фејсбук војна“ и тоа  сама против „сите“, а најмногу против „партиски доктори“ и функционери. По „преписката“ со министерот за здравство Венко Филипче и нејзината прочуена констатација: „„Пола докторска фела се смее на теорииве новокомпоновани, он упорен со истиот муабет како пијан на слава у 5:15 сабајле. Дај докторе замини, почнавме да зеваме“,  која одекна не само на социјалните мрежи туку и во медимумите, послушниците на „империјата“  веднаш се најдоа (само)повикани да (и) го возвратат ударот. Миа Костова отворено му го „плесна“ на Филипче: „Пола докторска фела се смее на теорииве новокомпонирани, а тој упорен со истиот муабет како пијан на слава у 5 и 15 сабајле… дај докторе замини, почнавме да зеваме“! – Вистина.мк (vistina.com.mk) Така во Фејсбук преписките се најде постот на извесна неидентификувана персона потпишана под псевдонимот „Лусила“  која ја подбра Миа, но многу повеќе со лични навреди отколку со некакви факти за или против владините ковид мерки. Нејзиниот пост на својот официјален Фејбук профил, веројатно за да покаже активност, ама повеќе и лојалност, веднаш го споделил Александар Поповски -  главниот координатор на Центарот за комуникации на СДСМ, кусо коментирајќи го со едно: „Win“  или во превод: „победи“! Арно ама Миа не би била Миа да не е „Фејсбук змија“ која за секој „отров“ има „противотров“, па на партискиот координатор му возврати, така што секој што гледа отстранаќе рече: „Аууууу... Ова болеше“! Имено, русокосата јавно на ѕидот на својот Фејсбук го прозва Поповски истакнувајќи го со фотографија и коментар во кој директно му се обраќа: „Ќе ги замолам партиските полтрони со трајна фризура да не ме ставаат во уста, или да одиме да поспамаме во кометари, ние, што си имаме други гледишта на работите без да сме платени за тоа. Александар Поповски, зашто пиле? Со оваа слика и фризура?“ Патем, Миа ги предупреди своите следбеници да внимаваат на кој доктор му веруваат при читањето на споделените Фејсбук постови, а на оние што наместо да лечат пациенти, лечат комплекси на социјалните мрежи, како и на политичко-партиските полтрони платеници им порача дека воопшто не им се плаши, зашто став и свое мислење имала и ќе го има навек, како што самата напишала:   Фото: Социјални мрежи  ]]>

Дури и „нивните“ се против нив: „Единствено што можам да прифатам е реновирање на Универзална сала“ – обзнани режисерот Александар Поповски https://arhiva.vistina.com.mk/duri-i-nivnite-se-protiv-niv-edinstveno-shto-mozam-da-prifatam-e-renoviranje-na-univerzalna-sala-obznani-reziserot-aleksandar-popovski/ Tue, 04 Aug 2020 09:03:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161640

Распишаниот конкурс за идејно решение  за некаков „културен парк со летна сцена“ на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би била урната, што градската власт на чело со скопскиот градоначалник Петре Шилегов неодамна го пушти за да го „опипа“ пулсот на јавноста, очигледно им се „дупна“ уште уште при самото лансирање. Јавноста едноставно експлодираше жестоко застанувајќи во одбрана на културниот скопски храм, на светилиштето на уметноста кое очигледно скопјани, и не само тие, немаат намера да дозволат да биде срамнето со земја и заменето за зелена трева. Илјадници обични граѓани уште при самата помисла за уривање на „Универзална сала“ категорички му рекоа НЕ на Шилегов. Најпрвин преку социјалните мрежи и медиумите, а сега и преку граѓанската иницијатива насловена: „Солидарни за срцето на Скопје“ која осамна на Фејсбук страницата „Градот убав“.  Граѓаните, сите добронамерници, се повикуваат во четврток, на 6 август 2020 година, во 20.00 часот да се соберат на протест пред платото на „Универзална сала“ во што поголем број, за и јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради личните бизнис интереси на урбаната мафија! Рамнодушни не останаа ниту истакнатите музички, естрадни, драмски, балетски, фолклорни.... уметници, автори, културни дејци, организатори, ивент или културни работници... кои оставиле дел од својот живот, работа и кариера во таа сала или својата егзистенција ја обезбедувале токму преку организацијата или непосредното учество на разни соллистички или групни настапи на нејзината сцена. Колку е „сулуда и промашена“  воопшто и помислата, а камо ли идејата или решението за уривање на „Универзална сала“, покажува и фактот што дури и „нивните“ застанаа против нив! Така, реномираниот македонски режисер Александар Поповски, кој важи за поддржувач на СДСМ и актуелната власт од која дури беше и поставен за претседател на Управниот одбор на Македонскиот народен театар (МНТ), но, набргу потоа, како што објави на прес конференција, не сакајќи да биде дел од тонењето на оваа институција, си даде оставка и замина за Марибор - Словенија, каде стана  уметнички директор на драмата во мариборското „Словенско народно гледалишче“, на својот Фејсбук профил напиша: Емотивно помнење или бројки и сметки „Моментот со Универзалната сала е нешто што му припаѓа на просторот на емотивното помнење. Тоа е за мене многу посилно од сите аргументи базирани на бројките и пресметките со кои се оправдуваат идеите за уривање или преместување на Универзалната сала. Тие емотивни моменти ги создаваат легендите и митовите. А легендите се важни затоа што од нив се направени приказните. А без приказните нема за што да раскажуваме во часовите додека седиме собрани околу огнот. Затоа не се согласувам со никакво рушење на приказната. Таа приказна зборува за еден момент кога светот беше солидарен со несреќата која го задеси малиот град Скопје и неговите жители. Таа е првата компонента на емотивното помнење. Втората е она со што сиве овие години беше исполнета Универзаланата сала. Сите оние момементи споделени со сите оние уметници кои настапија во тој простор. Заедно овие две емотивни помнења или приказни го прават овој објект посебен и како таков единствено што можам да прифатам е негова реновирање. Како дете кое паднало во кал, да се избања, исчисти, дотеар и исчешла. Тоа е се што на Универзална сала и е потребно“. Извор и фото: Фејсбук]]>