александар петрески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Jan 2024 11:51:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александар петрески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонските музичари Александар Петрески и Тина Русева кои живеат во Германија, имаат своја песна за прекрасниот – „Божиќен ден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-muzichari-aleksandar-petreski-i-tina-ruseva-koi-zhiveat-vo-germanija-imaat-svoja-pesna-za-prekrasniot-bozhiken-den-video/ Fri, 05 Jan 2024 11:51:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333901

Двајцата музичари, Александар Петрески и Тина Русева ја промовираа својата најнова песна „Божиќен ден“, токму како што доликува за овој пеиод од годината. Инспирацијата за создавањето на оваа божиќна песна доаѓа од книгата со трите зајачиња. „Дојдов до идеја да ја напишам оваа божиќна детска песна, во која e даден поглед на среќата која децата ја чувствуваат за божиќните празници или како што се вели, најубавото време во годината. Но дали секое дете исто ја чувствува таа среќа? „На овој прекрасен ден, делиме се’, „Божиќен ден“, носи среќи две волшебни сни, подари ги…“ Јас ја поделив среќата со Тина и таа навистина стана двојна. Со задоволство Ви ја претставувам мојата авторска песна „Божиќен ден“ - вели Александар Петрески. Како што открива тој, музиката е одамна компонирана и создадена, таа претставува стара но оргинална идеја. Додека неговиот син бил бебе, тој често му ја свирел. „Во моментот кога бев  на пат сам да ја довршам новата божиќна песна, сосем случајно ја открив Тина Русева, Македонка од Струмица, која живее во Германија во моја близина. Таа е огромен млад вокален талент и професионалец, кој внесе волшебство во оваа песна. Мојата цел е да оставам препознатливост и музика која ќе трае. Посакувам што поголемо слушање и ширење позитивна и божиќна енергија. За сите деца и за сите возрасни! Сподели ја песната за двојна среќа“ - вели овој  македонски музичар кој живее и работи во Германија. Инаку, музиката, текстот, аранжманот, продукцијата и мастерингот на песната се на Александар Петрески, кој заедно со Тина Русева ги пее и вокалите. Александар се погрижи и за видео продукцијата и видео- записот на неговата нова песна која можете да ја проследите во продолжение. ]]>

Стефан Спироски празнично ја промовираше својата прва авторска песна – „Овој Велигден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-spiroski-praznichno-ja-promovirashe-svojata-prva-avtorska-pesna-ovoj-veligden-video/ Tue, 18 Apr 2023 12:43:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298510

Стружанецот Стефан Спироски празнично ја промовираше својата прва авторска песна „Овој Велигден“ со две верзии, на македонски и хрватски јазик. Тој ја направи музиката заедно со Александар Петрески. Хрватската верзија „Свети Дан” на хрватски јазик ја напиша познатата хрватска пејачка, Антонија Шола. Спироски го истакнува посебното значење на оваа негова прва песна и со посветата на неговата девојка. Видеото за оваа песна го изработи нашиот познат артист Виктор Апостоловски. Истото е снимано во преубавата Глобочица во Струга, а главната улога ја толкува стружанката Ивона Јованова. Како сето тоа звчи изгледа, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Александар Петрески и Марија Цветановска ви ја подаруваат нивната новогодишна музичка – „Снегулка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-petreski-i-marija-cvetanovska-vi-ja-podaruvaat-nivnata-novogodishna-muzichka-snegulka-video/ Tue, 03 Jan 2023 12:43:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282603

Песните, не нибило никогаш познато зошто ги делат на оние за деца и ониое другите, за возрасни… Охриѓанецот Александар Петрески пак за неговата нова композиција „Снегулка“ вели дека е „детска песна испеана од возрасни“… Таа е новогодишна песна испеана од самиот Александар Петрески и Марија Цветановска – која во суштина личи новогодишна детска песна, балада испеана од возрасни вокали. „Кога бев дете, имав преголема желба за снег во зима. Посебно пред Нова Година. Се молев секогаш кога врнеше снегот да се задржи. Во моето рано детство тоа беше почеста појава. Никогаш нема да ги заборавам оние моменти, кога со другарите од училиште си одевме дома низ охридското кале. Посебно мила ми беше рутата низ чаршија навечер! Неколкуте тезги со новогодишни украси, отсликуваа волшебна бајка во невините детски очи. Се' уште во уши ми ѕвонат звуците од честитките… Сето тоа, за кое можам уште многу да зборувам, накратко го опишав во оваа новогодишна детска песна. Испеана е од возрасни вокали, како хибрид, кој би овозможил уживање и на децата и на возрасните. Иако идејата брзо ја реализирав, напорно на останатите финеси работев три месеци и по безброј изведби на кауч е веќе хит во мојот дом“, вели Александар Петрески. Музиката, текстот, аранжманот, продукцијата и мастерингот ги потпишува тој самиот  - Александар Петрески, кој вели дека и е бескрајно благодарен на девојката со ангелски глас - Марија Цветановска. Зад преубавите пејзажи низ Германија и декоративните кадри стои Оливер Петкоски. Зад охридската приказна и видео продукцијата стои Климент Симоноски. „Мојата желба и моето мото се ''making history''. Посакувам што поголемо слушање и ширење позитивна и новогодишна енергија“ - порачува Александар Петрески канејќи ве да ја слушате неговата „Снегулка“ опеана и виуелизирана во видеото во продолжение: ]]>

Кантавторот Александар Петрески за љубовта скриена во прегратки на убавините на Охрид пее прашувајќи – „Која си ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kantavtorot-aleksandar-petreski-za-ljubovta-skriena-vo-pregratki-na-ubavinite-na-ohrid-pee-prashuvajkji-koja-si-ti-video/ Mon, 19 Sep 2022 13:01:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267635

По неколку снимени кавер верзии и преработки на познати песни, со своја авторска музика и текст, младиот музичар од Охрид Александар Петрески, ја промовира неговата најнова песна “Која си ти”. „Со задоволство Ви ја претставувам мојата најнова авторска песна ”Која си ти”. Ја напишав минатото лето, една година ја свирев и пеев за себе, за да по некое време (тоа го правам со најголем дел од песните) по природен пат си добие свој карактер. Музиката, текстот, аранжманот и миксот се мое дело. Голема благодарност до сите кои дирекно и индирекно ми помогнаа да го реализирам овој проект: Климент Симоноски – видео продукција, Ангела Ивановска – модел и Зоран Кречо  (“Krecho Sound Studio”) – мастеринг. Видеото е снимено на неколку локации во магичниот Охрид, кои како и секогаш, нудат бескрајно уживање. Уживајте и вие додека ја следите „Која си ти“ на кантатвторот Александар Петрески (КЛИК ТУКА):  ]]>