александар николовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 Jul 2022 10:09:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александар николовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мицкоски на средба со Орбан: ЕУ интеграциите се неопходни, но достоинствено и со зачувување на идентитетските обележја на народот https://arhiva.vistina.com.mk/mickoski-na-sredba-so-orban-eu-integraciite-se-neophodni-no-dostoinstveno-i-so-zachuvuvanje-na-identitetskite-obelezja-na-narodot/ Mon, 25 Jul 2022 10:09:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260048

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор др. Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски денес во посета на Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан. На средбата се разговараше за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакна ставовот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ дека интеграцијата е неопходна, но таа да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот. Забележано беше дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси. Претседателот Мицкоски нотираше дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси. Исто така нотирани беа и предизвиците од мигрантската криза која е проблем како за Македонија, така и за ЕУ.]]>

Почина Александар Николовски, познат македонски музичар, џез трубач и професор по труба https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-aleksandar-nikolovski-poznat-makedonski-muzichar-dzez-trubach-i-profesor-po-truba/ Wed, 08 Dec 2021 10:43:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230419

По кратко боледување на 48 годишна возраст почина џез музичарот, трубач и професор по труба Александар Николовски. „Александар Николовски работеше како наставник по труба во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј, со голема љубов и посветеност кон инструментот и учениците, за да ги насочи и запознае со музиката и светот од другата страна на животот,поблескавата. Беше тивок и свој, без многу муабети, ишаретите ни ги кажуваше преку очите или гримаса и се беше јасно. Воглавно една добрица од човек,колегијален и секогаш спремен за убави нешта“ - се вели во дел од соопштението од колективот. Александар Николовски свиреше со голем број џез и латино бендови. Настапуваше на голем број музички џез фестивали со разни музичари и музички формации. Тој потекнува од музичко семејство, чии родители Благоја и Марија Николовски беа познати и признати македонски музички уметници, а неговата сестра Сузана долгогодишен музички соработник во програмите и емисиите на МРТВ. Еден од неговите последни настапи беше на минатогодишниот „Џез фестивал 2020“ во Куманово, од чиј извадок се простуваме од прерано згаснатиот живот на македонскиот музички уметник. Вистина.ком.мк  искажува длабоко жалење за загубата и изразува искрено сочувство кон семејството... Нека ти е светол патот кон вечноста Алек! ]]>