александар мижимаков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Jun 2020 12:29:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александар мижимаков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Тарабунов – Тара патот кој го оди – „Нема крај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-tara-patot-koj-go-odi-nema-kraj-video/ Wed, 24 Jun 2020 12:17:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155436

По пауза од точно пет месеци Александар Тарабунов - Тара има нова песна. Откако кон карјот на јануари годинава  се појави со својата „Сењорита“, македонскиот пејач ниту корона епидемијата не го спречи да го освежи својот репертоар, но и домашната музичка сцена со своето најново музичко парче насловено „Нема крај“. Тара како да насети дека ова лудило нема крај, дека уште долго ќе трае, па реши да неговата музичка кариера да не биде во „лер“ на неопределено време, туку она што како музичка инспирација го носи во себе го вдахна во новата песна во студиото на неговиот колега, пријател и стар соработник, музичкиот продуцент и композитор Роберт Билбилов. Самиот Тара е автор на музиката, а Билбилов вообичаено се погрижил темата „Нема крај“ да ја украси, испегла, дотера и вообличи онака како што најдобро умее - по теркот на светските модерни музички слики. Аранжмаманот заедно го стокмиле со Тара, додека за текстот овој пат се погрижил Зоран Стојановски-Зонде, многу попознат како уметнички фотограф и режисер на модни едиторијали и музички спотови, кому Тара исто така „му асистирал“ во пишувањето на стиховите. За разлика од неколкуте претходни песни, овој пат тара избегал од латино прегратките, па стилски повторно му се вратил на модерниот поп звук, се разбира во кој одлично се вклопила мелодиската линија и неговиот препознатлив „песоклив“ вокал, кој заедно со целата продукциско-звучна слика и дава посебен шарм и шмек на песната која уште на прво слушање, во старт има хитовски предиспозиции.  Видеото е посебна, романтична љубовна приказна со слатка доза на патина, спакувана онака како што Зонде умее тоа да го направи, визуелизирајќи ја приказната во спој на емоции и прекрасни пејсажи, чија режија умешно ја води. Секако, потпомогнат со одличните видеокадри на камерата зад која стои и самиот заедно со Александар Мижимаков - Мижи и дрон камерата на Дарко Данилов. Главен протагонист во видеото покрај самиот Тара е и младиот модел, убавата Сара Дојчиноска, кои вешто го водат дејствието на нивната „лав стори“ на патот кој... „Нема крај“. https://www.youtube.com/watch?v=Gx20cg2hEoE&fbclid=IwAR1aGvcgUJP-0hQ2RkyKL0hwYnRuk5LlcLd4FGNNWe_UuhNjS0CTsC0gjpQ    ]]>

Макфестовска балада Роберт Билбилов ја визуелизираше на некои – „Чудни места“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makfestovska-balada-robert-bilbilov-ja-vizuelizirashe-na-nekoi-chudni-mesta-video/ Wed, 16 Jan 2019 12:39:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67785

На Роберт Билбилов му беа потребни цели девет години за повторно да се врати на „Макфест“ како изведувач, а речиси три месеци за да ја визуелизира својата фестивалска балада насловена „Чудни места“. Како што веќе е познато, музиката и аранжманот ги потпишува самиот Билбилов, додека текстот за песната го напишал Робин Зимбаков, а сето тоа во продукција на „Јust RB production“ на Билбилов.
Волшебната визуелизација на повратничката тема е дело на уметничкиот фотограф и режисер Зоран „Зонде“ Стојановски. Тој и онака магичната исконска локација - античката мегалитска опсерваторија „Кокино“, ја споил со специјалните комјутерски ефекти, што на видеото му даваат филмска, па дури и научно фантастична визура.
Самиот Билбилов заедно со шармантната Росана Стефанова како главни протагонисти во видеото одлично ја одиграле својата ролја, која дополнета со стиховите на песната совршено ја раскажува емотивната приказна која ги искажува внатрешните чувства на авторот.
Се' на се', видеото изработено во 4К технологија, видено низ окото и одличниот избор на кадри на директорот на фотографија Александар Мижимаков го комплетира одличниот спој на музиката, стихови и слика, кој стилизиран во една целина, на уметнички начин ги изразува емоциите на љубовната патина.
Како изгледаат овие „Чудни места“ надополнети со веќе слушнатата музичка тема на Роберт Билбилов, премиерно проследете во продолжение: ]]>