александар митевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 10 Sep 2022 08:30:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александар митевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кики од „Дајте музика“ сними преработка на „Лео“ од Калиопи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiki-od-dajte-muzika-snimi-prerabotka-na-leo-od-kaliopi-video/ Sat, 10 Sep 2022 08:30:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266285

Една од најпознатите песни на Калиопи – „Лео“, доби преработка од Кики Мукаетова, позната на пошироката јавност од детскиот серијал „Дајте музика“ и по учеството на Детска Евровизија 2021 година како дел од „Green Forces“. Во нејзин автентичен стил песната не носи на едно ново искуство, а сепак не враќа назад во времето. Спотот е снимен на повеќе локации низ Скопје и совршено го отсликува патувањето на Кики со „Лео“ и ни ја дава нејзината верзија од приказната. Кики отвори и своја веб-страница www.kiki.mk, на која може да се најдат интересни детали за нејзиниот живот и кариера. За сите што сакаат подобро да се ја запознаат Кики, веб-страницата е вистинското место за тоа. Токму таму таа сподели и детали од работата на оваа преработка. „Калиопи ја обожувам. Мојата генерација често ги пее „Обои ме“, „Црно и бело“,„Дали ме сакаш“... но, не знаев дека „Лео“ е првиот успешен сејугословенски хит, како што ја нарекуваат песната“ - појаснува Кики, велејќи дека авторите дале зелено светло за да се преработи песната иако оригиналната матрица ја немало, па Александар Митевски морал да усними се од почеток. Како звучи кога Кики пее за „Лео“ , проследете од видеото во продолжение: ]]>

Митевски и Дац старата добра „Марина“ ја прекрстија во Ангелина, па музички ја пелцуваа со – „Вакцина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-starata-dobra-marina-ja-prekrstija-vo-angelina-pa-muzichki-ja-pelcuvaa-so-vakcina-video/ Mon, 26 Apr 2021 12:50:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200542

Македонското актерско-музичко дуо Драган Спасов Дац и Александар Митевски, го промовираше своето ново музичко парче насловено „Вакцина“. Се работи за комичен кавер, преработка  на песната „Марина“, големиот италиански и светски хит  од 1959 година на тогаш мегапопуларниот  Роко Граната. Текстот е на Александар Митевски и Драган Спасов. Во придружба се дувачкиот состав „Брастет“, Војче Петрушев (хармоника), Илија Филиповски (виолина) и Боби Јоргушески (пијано). “На денешен ден, 24 април лани, ја промовиравме „Корона чао“ и токму на годишнината од оваа песна ви подаруваме нова. „Вакцина“ е кавер на светски познатата „Марина“, во придружба на нашите музички пријатели, направена за добра забава. Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов. Благодарност до нашата публика која е цело време со нас во целиот пандемиски период, а ние продолжуваме да и возвраќаме со многу љубов, позитивна енергија и насмевки”, велат Дац и Александар. Останува да видиме дали и „Вакцина“ како „Корона чао“ ќе го „пецне“ сега веќе бившиот бугарски премиер Бојко Борисов, кој мака мачи да состави нова влада. https://www.youtube.com/watch?v=b1jM6HI49ck]]>

Митевски и Дац со макфестовската песна се обидоа да се врати она наше време, а и тебе – „Ѓавол да те земе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-so-makfestovskata-pesna-se-obidoa-da-se-vrati-ona-nashe-vreme-a-i-tebe-gjavol-da-te-zeme-video/ Thu, 24 Sep 2020 12:47:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168526

Минатиот викенд во Штип се одржа 35-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“, а помеѓу учесниците беа и  дуото Драган Спасов Дац - Александар Митевски кои настапија со песната „Ѓавол да те земе“. Дац и Митевски имаа забележителен настап, а  на сцената беа придружувани од дувачкиот состав „Brasstet Скопје“. Неуморни и секогаш расположени за дружба, веднаш по завршувањето на фестивалот, закажаа промоција на видео спотот за макфестовската „Ѓавол да те земе“, а таа се одржа пред неколку дена во клубот „Tribeca“ во Скопје. Музика и  овој пат ја напиша Александар Митевски, текстот  е заедничко дело на Митевски и Дац, додека  аранжманот го потпишуваат Иле Спасев и Горан Илиевски.  Музички продуцент е Иле Спасев, а веќеспоменатиот дувачки состав „Брастет Скопје“ гостува во песната и спотот, а во која покрај нив уште свират: гитари - Иле Спасев, виолина - Илија Филиповски,  бузуки - Трајче Ставревски,  кларинет - Момчило Митровски. Видео спотот како и обично кога се песните на дуото Митевски - Дац во прашање и овој пат го изработила екипата на „Pikado Creative Collective“ видеопродукција. https://www.youtube.com/watch?v=kpO6BJDJvOU&feature=emb_logo    ]]>

Митевски и Дац ја нацртаа својата музичка – „Слика“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-ja-nacrtaa-svojata-muzichka-slika-video/ Fri, 19 Jun 2020 13:16:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154722

Популарното музичко дуо, составено од актерот Драган Спасов - Дац и кантавторот Александар Митевски  неодамна на својата фан-страна ја промовираа новата музичка „Слика” која е создадена со нивните пријатели - музичари и визуелизирана со видеоспот. Тие последниов период исполнуваа “карантински” преработки на познати хитови, евергрини и свои песни, заедно со гости пријатели и по маратонски 54 изведби во период од два месеци, сега повторно ги израдува своите фанови со нова авторска музичка тема и видео. „Драга наша публико, бевме со вас во целиот карантински период, ви пеевме, ве забавувавме, снимавме, слушавте, гледавте, пеевте со нас. Сè со цел да шириме позитивна енергија и љубов и да ви ги направиме деновите полесни. Во тој период, некаде на почетокот на април, во ситните часови, во карантин и на полна месечина, се роди една песна во која веруваме сите ќе се пронајдат. Ве оставаме да уживате во оваа наша нова љубовна приказна“ – вели популарното македонско дуо. Новото видео заедно во реализација на „Пикадо креатив колектив“ и екипа музичари тие го снимија во „новопосадената“ зелената градина на покривот на ГТЦ Скопје, а атмосфера наликува на онаа од подобропознатиот ни „полициски час”. Погледнете го нивното ново видео  за „Слика” со како што самите Александар и Дац умеат да кажат, „песна откината од душата и срцето”: https://www.youtube.com/watch?v=SVELDt7YUa4&feature=emb_logo]]>

Зоран Миладинов со моќна изведба и видео за македонската патриотска песна – „Кога падна на Пирина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoran-miladinov-so-mokjna-izvedba-i-video-na-makedonskata-patriotska-pesna-koga-padna-na-pirina-video/ Thu, 18 Jun 2020 13:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154480

Деновиве јавноста има можност да ужива во една од најмоќните изведби досега на патриотската песна „Кога падна на Пирина”, овој пат во фантастична изведба од страна на оперскиот пејач Давид Миладинов. Давид Миладинов важи за извонреден вокал кој што има дипломирано на Факултетот за Музичка Академија на отсек соло пеење, а во моментов е на Магистерски кај професорот Борис Трајанов. Тој досега има учествувано на голем број натпревари по оперско пеење во повеќе земји низ Европа, каде што добил неколку први, но и втори награди. Покрај оперското пеење, Миладинов на македонската сцена е присутен и со песни во забавен стил. Зад себе ги има песните “Едно лето”, “Тивки писма”, “Не верувам во грев”. Во 2018-та година Давид имаше можност да учествува на престижниот фестивал “Макфест” кој се одржува во неговиот роден град Штип. Тој настапи со една одлична композиција насловена “Тој сон нека потрае”, со која што имаше доста впечатлив настап и влезе во финалето на фестивалот. Откако беше промовирано видеото за „Кога падна на Пирина“, Давид за  македонските медиуми открива дека постојано му пристигнуваат пораки и коментари со пофалби за неговата изведба и за изработката на спотот. Голем број Македонци не останаа рамнодушни и заплакаа додека ја слушаа неговата изведба на оваа песна која важи за една од најемотивните македонски песни со патриотска содржина. “Огромна благодарност до маестро Зоран Џорлев за звукот на виолината да го долови чувството на отчукувањето на македонското срце и секако за искористената матрица” - напишал Миладинов. Aранжманот на песната е заедничко дело на  Александар Митевски и Зоран Џорлев, а видеото го изработила Ин продукција. Како сето тоа звучи и изгледа проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=53&v=e1z7DB8IqLo&feature=emb_logo]]>

Митевски, Дац и Благој Нацоски со порака на солидарност и љубов во новата македонско-италијанска верзија на – „Уште ми фалиш / Mi manchi ancora“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-dac-i-blagoj-nacoski-so-poraka-na-solidarnost-i-ljubov-vo-novata-makedonsko-italijanska-verzija-na-ushte-mi-falish-mi-manchi-ancora-video/ Mon, 13 Apr 2020 12:48:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144720

Александар Митевски и Драган Спасов -Дац, музичко актерското дуо кое ја воскресна и продолжи нишката на современи шансони, срцепарателни балади кои со тек на времето како по некое непишано правило стануваат евергрини, на својата макфестовска тема „Уште ми фалиш“ и деновиве и дадоа нова димензија. Поттикнати од корона пандемијата која го погоди целиот свет, но во Европа најмногу Шпанија и Италија, двајцата уметници решија истата песна да ја надополнат со уште еден вокал. Овој пат оперскиот глас на нашиот со нашиот еминентен тенор Благој Нацоски кој живее и работи во Џенова, Италија. Тројцата одново заедно ја отпеаја  „Уште ми фалиш“ на македонски и италијански како порака на солидарност и љубов во овие тешки времиња низ кои минува светот, па и македонскиот и италијанскиот народ, претворајќи ја песната во безвременска, песна за сите генерации. Како звучи сега, вака отпеана песната чии стихови се своевидна ретропективна на животот и  младоста, на сите остварени и неостварени љубови, желби, мечти, младешки сништа… без оглед кои сме и што сме, колку сме познати или успешни, исполнети и реализирани личности, на кои животот и премрежјата што ги носи времето во вака тешки мигови, подеднакво ни се закануваат на сите. Слушнете и погледнете ја новата македонско-италијанска верзија на „Уште ми фалиш“ или „Mi manchi ancora“... https://www.youtube.com/watch?v=UcZwcOsXCmA&fbclid=IwAR3YjDM8TIL_HN4BlAIxcH0UUZUYLZkV_cnrynCB28_7TPnQaEVOKq9iSLI&app=desktop  ]]>

Митевски и Дац ќе ве прошетаат низ „улицата на љубовта“ во – „Љуби ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-kje-ve-proshetaat-niz-ulicata-na-ljubovta-vo-ljubi-me-video/ Thu, 05 Dec 2019 12:24:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122591

Со песните „Цреши охридски“ и  „Уште ми фалиш“ и наградите кои ги собраа на годинешниве фестивали „Охрид фест – Охридски трубадури“ и „Макфест“, Александар Митевски и актерот Драган Спасов – Дац го промовираа новото музичко дуо на домашната естрада, но и специфичниот стил на изведба и музичкиот правец кој го почнаа: љубовно - боемски поп. Музика која ги допира чувствата и ги разнежнува срцата на сите генерации, но се чини на неа поемотивно реагираат повозрасните, иако ниту младите вљубени души не се имуни на романтиката која ја содржат нивните песни. По инстант успехот на првите две, Митевски и Дац ја промовираа и третата нивна заедничка песна во истиот стил, која носи наслов „Љуби ме“ и претставува обид да се направи своевидна ода за љубовта, нешто кое во многу што на музичарот и актерот им успева и им оди од рака. Вообичаено, музиката е на Митевски, стиховите им се заеднички со Дац, а аранжманот го потпишува Бобан Василевски, кој ги направил и миксот и мастерингот на песната, која деновиве беше промовирана заедно со видеото во скопскиот кафе бар „Мартини“. Кога сме кај видеото и овој пат екипата од видеопродукцијата „Пикадо креатив колектив“ се потрудила со мал буџет да направи голема работа, па во спотот кој ја следи лириката на стиховите, преовладува емоцијата наместо материјалниот раскош или скапите видео ефекти. Видео кое апсолутно соодветствува како на стилот, така и на зборовите за она што се пее во песната. Во видеоспотот одново е применет стариот проверен рецепт од претхонота песна („Уште ми фалиш“), па во него се појавуваат дузина познати македонски уметници од разни бранши, секој во своја функција, со своја ролја и значење, а сепак никој да не биде вишок во ниту еден кадар! Впрочем, за да не ви раскажуваме како сето тоа заедно спакувано изгледа и звучи, проследете самите што се случлува на „улицата на љубовта“ на Митевски и Дац, каде единствената и најважна животна девиза е... „Љуби ме“! ]]>

Компонирал за половина естрада, пеел со многумина, од Трифун Костовски до Дац… ама овој дует на Александар Митевски му е најдраг (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/komponiral-za-polovina-estrada-peel-so-mnogumina-od-trifun-kostovski-do-dac-ama-ovoj-duet-na-aleksandar-mitevski-mu-e-najdrag-video/ Wed, 23 Oct 2019 08:54:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114078

Александар Митевски повеќе од 25 години е на македонската музичка сцена. Што како соло пејач, што во разни дует - комбинации, автор кој компонирал и пишувал стихови за половина наша естрада, ги направил најубавите навивачки химни, како „Кометал - шампионе“ или „Македонија навива за вас“, му посветил песна на своето родно Скопје, пишувал музика за детски песни, фестивали, реклами, џинглови, добивал десетици награди... Со еден збор, комплетен автор и музички продуцент. Последните успеси и фестивалски награди на „Охрид фест - Охридски трубадури“ и „Макфест“ годинава се само доказ повеќе за кажаното. Но, од се што досега напишал и компонирал, од сите негови испеани песни, од сите дуети еден му е дефинитивно најдраг. Оној со неговата ќерка Мања, која очигледно ги наследила уметничките гени на тато. Уште од малечка во студиот кај него, од песните на „Славејчињата“, преку сопствената изведба на светките хитови, Мања покажува дарба, и тоа не само за пеење, туку за уметност воопшто. Висока и стројна, оваа млада тинејџерка иако скромна и ненаметлива како и нејзините родители, оние што ја  познаваат, знаат дека таа е мултиталент. Со тато Александар на училишните приредби и патронати на своето училиште или заедно со младата екипа свои врсници и компањонот на тато, актерот Драган Спасов - Дац во мјузиклот  за деца „Земја во која не се стигнува“, сеедно... Мања го покажува и својот талент и својата желба и страст за пеење. Патем, нејзината младешка убавина не останала незабележана, па нејзиниот лик и става можете да ги видите и на рекламните плакати, паноа и билборди. Мања е и модел, дел од рекламите за тинејџерската мода, прикладна за врсниците на нејзина возраст. А тато Александар, со едно  видоклипче во вид на музички времеплов ја потсети и неа и себе си и сите други, како музички растеше и созреваше неговата мала принцеза во вистинска убавица. Од детско гласче до вокал кој ветува иако има уште простор и време да се развива. https://www.youtube.com/watch?v=QG9KhlOVpbM]]>

Росана на емотивниот тобоган на годините со макфестовската – „Спомени“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/rosana-na-emotivniot-tobogan-na-godinite-so-makfestovskata-spomeni-video/ Tue, 22 Oct 2019 12:53:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114040

По долгогодишна пауза, Росана Сариќ Тодоровска се врати на сцената. И се врати на музиката ако така може да се каже, зашто воопшто и никогаш не ја оставила засекогаш. Освен што пеењето како нејзина професионална определба беше на „стендбај“. Но токму авторот Александар Митевски и годинешниов „Макфест 2019“ доволно силно го притиснаа црвеното копче, кое одново ја вклучи волјата и желбата Росана одново да запее на фестивалската сцена. Песната на Митевски емотивна, стиховите уште повеќе, како времеплов низ спомените. И не случано е одбран и стилот и текстот на песната, како што не е случен ниту изборот на изведувачот, кој за својата брилјантна вокална интерпретација ја доби годинешната макфестовска награда. Но, дека Росана е класа пејач не е ниту непознато ниту нешто ново. Она што малкумина знaеја дека во нејзината макфестовскa „Спомени“ пее и некој друг заедно со неа. Нејзиното второ јас, нејзината друга половина, сестрата близначка Маријана Новачевска, која живее во Австралија, но кусиот престој во родната Македонија го искористи во песната да ги испее придружните вокали... Росана и Маријана заедно, како некогаш на „Макфест“. Не баш исто како во „Признавам“, ама признавам исто толку добро и убедливо, емотивно и величествено. Затао и како што вели самиот автор на песната А. Митевски: „Спомени“ е емотивен тобоган низ кој тон по тон, нота по нота, стих по стих... се лизгаат сите овие изминати години! https://www.youtube.com/watch?v=RKJ0Uj97Gck]]>

Дац и Митевски со песна што лечи срца скршени, за едни очи како – „Цреши охридски“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dac-i-mitevski-so-pesna-shto-lechi-srca-skrsheni-za-edni-ochi-kako-creshi-ohridski-video/ Wed, 11 Sep 2019 11:19:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106217

„Цреши охридски“ е една од највртените и една од песните која имаше најдобар прием кај публиката на штотукузавршениот фестива во Охрид, „Охрид фест - Охридски трубадури 2019“. Впрочем и првата награда од жирито и втората награда од истата таа публика доволно говори за тоа каква експресија и емоции и пренесоа авторот Александар Митевски кој во дует со актерот Драган Спасов-Дац ја изведоа истата на фестивалот. Дац и самиот воодушевен од приемот на песната на својот Фејсбук профил објави: Како што веќе споменавме, музиката, текстот и аранжманот се на  Александар Митевски, миксот и мастерингот ги направил Бобан Василески, хармониката ја свири  Војче Петрушев, гитарите Бобан Василески. Видеоспотот во вид на емотивна разгледница на градот бисер е производ на  „Мега продукција“ од Охрид. https://www.youtube.com/watch?v=lpL8Gax6LnE]]>