александар маџаровска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Apr 2023 08:40:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александар маџаровска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Александар Маџаровски – „Аце Макџинс“: Скопска урбана легенда, основополжник на модата, модните трендови и збиднувања, носител на првите домашни модни брендови… https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-aleksandar-madharovski-atse-makdhins-skopska-urbana-legenda-osnovopolzhnik-na-modata-modnite-trendovi-i-zbidnuvana-nostel-na-prvite-domashni-modni-brendovi/ Tue, 11 Apr 2023 07:44:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297574

Познатиот менаџер на урбан скопски лик, Милорад Цајиќ – Цајо вчеравечер, 10-ти април 2023 година,  на социјалните мрежи објави последен поздрав за скопската легенда и сопственик на брендот Мак Џинс, Александар Маџаровски, во скопските кригови познт како Аце - „Макџинс“, кој ненадејно не напушти во попладневните часови на вчерашниот ден. „Последен поздрав до скопската легенда, сопственик на еден од најдобрите бутици во Скопје „Мак Џинс“, творец на македонскиот бренд на фармерки „Мак Џинс“. Човек кој во секое време знаеше да се постави како помагател, пријател, другар и родител. Почивај во мир Аце Мак Џинс, скопска легендо и еден творците на македонската модна сцена, напиша менаџерот Цајо на социјалните мрежи“. Аце - Макџинс беше вистинска скопска урбана легенда. Еден од творците на модата и модните трендови кај нас заедно со Васе - „Лонѕа“ и Мио Ристиќ, човек кој ги создаде едни од првите домашни џинс брендови во Македонија. При тоа, другар, пријател, кој секогаш помагал и излегувал во пресрет и како спонзор и како човек. Тесно беше врзан со естрадата и естрадните збиднувања, несебично помагајќи ги неретко и финансиски, но најчесто со своите модни креации и парчиња облека ѕвездите од  македонската музичка сцена. Неговите модни ревии и естрадно-модни манифестации исто така се паметат, на кои учествувале голем број подоцна познати македонски мисици, манекенки и модели. „Мак Џинс“ со години наназад произведуваше фармерки, тексас јакни, кошули, тренерки... со висок квалитет. Пред речиси една деценија компанијата започна да ги освојува и пазарите надвор од земјава. Аце беше еден од оние кои имаа слух за урбаниот стил, за новите трендови, за она што доаѓа од светот, па како еден не само од модните пионери туку и луѓе кои беа инволвирани во естрадните трендови знаеше и музичките да ги донесе во Македонија, а при тоа да помогне некои наши имиња да излезат навор од македонските граници. Така на пример, беше првиот човек кој Тамара Тодевска ја прослави надвор  од Македонија кога на самиот почеток на новиот милениум застана зад нејзината заедничка соработка со тогаш мошне популарното белградско поп-рап дуо „187“ кое заедно со Тамара ја сними песната „Секс“, која преку ноќ стана голем урбан хит во целиот регион. Македонската промоиција се случи на култната манифестација „12 Величествени“ каде Тамара и „187“ заедно со балетска придружба ја изведоа песната во преполната „Универзална сала“ и директниот ТВ пренос на МТВ, што предизвика вистинска бура и невидена еуфорија (ВИДЕО-КЛИКНИ ТУКА): Пејачката го имаше како втор татко, па со такви зборови и се прости од него... Од Аце - Макџинс на социјалните мрежи се простуваат и многумина други негови познаници, пријатели, другари, соработници, меѓу кои многу и од познатите скопски естрадни и урбани ликови.
„Викендов се чувме после повеќе од 20 години. Се изненадив. Нормално, нашол број и ми се јави, не ме барал по фејсови. Кога го видов бројот, знаев кој е, истиот од '98. Се договоривме понеделнички да се видиме и да сработиме аранжман за песна на Малинова. Човек од збор си беше, ме зачуди што не се чувме.
Аце, една од средишните фигури во модата и естрадата кога таа беше во подем. Помагаше на секого, нон стоп со идеји, амбиции и ентузијазам. Дружби, работа и многу заебанција. Не можеше да не го сакаме сите“ - споделил на својот Фејсбук профил музичарот и режисер на видеоспотови Александар Ристовски - Принц.
„Исклучително харизматичен маж, полн со позитивна енергија... едноставно не ми се верува... почивај во мир  Аце Макџинс“ - споделил зборови на сочувство познатиот скопски угостител Армандо Чаволи -  сопственик на ретсоранот „Рулет“.
„Почивај во мир голем човеку“ - со овие зборови од Аце Макџинс кусо се прости Сетафани Борсова – Стојановиќ, некогашната манекенка, модел и поранешна мис на Македонија.
„Почивај во мир братче наше Аце Макџинс... нека ти е лесна земја“ - се прости од својот пријател познатиот скопски сопственик на агенција за обезбедубвње, Наско Муриќ.
„Аце - Макџинс... Скопска урбана легенда, еден од творците на модата и модните трендови кај нас, човек кој ги создаде едни од првите домашни џинс брендови во Македонија. При тоа, другар, пријател, кој секогаш помагал и излегувал во пресрет и како спонзор и како човек... Нека ти е светол патот до вечноста пријателе... Таму горе, меѓу ангелите Господови“ - напиша Антонио Димитриевски уредникот на Вистина.ком.мк, кој долги години беше пријател и соработник на разни проекти, манифестации и ивенти со починатиот Александар Маџаровски!
]]>