александар јовевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 14 Sep 2023 11:08:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александар јовевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Јовевски со музичко – танцова визуелна етно симбиоза во својот – „Александров танц“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-jovevski-so-muzichko-tantsova-vizuelna-etno-simbioza-vo-svojot-aleksandrov-tants-video/ Thu, 14 Sep 2023 11:07:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318037

 „Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет и е проект од национален интерес за Македонија. На носачот на звук „Од колено на колено” се застапени обработки на стари македонски изворни песни, но и авторска музика, творена во духот на македонската традиција, преточена во нов музички израз по кој е препознатлив мултиинструменталистот, композитор, аранжер и автор Александар Јовевски, инаку и лидер на етно составот „Монистра“. Пред концертната промоција на овој негов соло проект, закажана на 19-ти септември во Македонска филхармонија со почеток во 20 часот, овој македонски мултиинструменталисткако своевидна најава за настанот промовираше ново видео од својот проект и тоа со своја авторска песна од него. Се работи за една прекрасна инструментална етно тема, насловена „Александров танц“, во која е содржана мешавина од стилови, бои и звуци... Од оние традиционалните, со изворни инструменти, до оние современите од  кои  како да „извира“ филмската музика, а на моменти дури ја допираат и класиката... Сепак она што е примарното, оригиналното, изворното - македонскиот фолклор, доминира како своевидна подлога, како база на темата, како впрочем и во целиот албумски проект. На сето ова приказната уште поубаво ја обликувал со соодветна визуелизација охридскиот видео - волшебник, режисерот Даниел Јовески, посипувајќи ја со сопствена „видео прашина“ за современата етно магија и визуелно да биде комплетна. И сето тоа слеано во една аудиовизуелна приказна во која бојата на звуците ја милуваат душата, природните убавини на Македонија се прелеваат со впечатливиот колорит на народните носии, ритамот на танцот сплотен со егзотиката и убавините на женското тело го надополнува нежниот но моќен вокал без стихови... Музичко - танцова визуелна симбиоза која ќе ве остави без зборови! Автор на музиката и аранжманот се на Aлександар Јовевски кој свири пијано, кавал и тамбура, вокалот е на Елена Васова,Горан Гешовски е на бас, Ратко Даутовски задолжен за перкусиите. Сето ова е снимано, миксано и мастерирано во студиото „Подрумот“ на Aнгел Ќосев. Продукцијата ја потпишуваат Александар Јовевски и Ангел Ќосев. Видеото, режијата и монтажата  се на веќе споменатиот Даниел Јовески и  Sustain Production, додека  Aнтонио Стојчевски – колекционерот на народни носии е тој кој ги позајмил за снимањето носиите од етничките предели: Средорек, Бојмија и Горна Преспа, а во видеото се појавуват уште и моделите Анастасија Бошковска, Мануела Бошковска и Исидора Стефаноска, додека за современиот танц била задолжена Сара Цветковска. Како звучи и изгледа  етно темата „Александров танц“, проследете во продолжение: ]]>

Александар Јовевски со концертна промоција на албумот ,,Од колено на колено“ https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-jovevski-so-kontsertna-promotsija-na-albumot-od-koleno-na-koleno/ Thu, 14 Sep 2023 10:16:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318007

 „Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес за РМ. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со клавијатури. На носачот на звук ,,Од колено на колено” се застапени обработки на стари македонски изворни, но и авторска музика, творена во духот на македонската традиција но со нов музички израз по кој е препознатлив мултиинструменталистот, композитор, аранжер и автор Александар Јовевски. Покрај тоа што е музички лидер на етно составот Монистра и е дел од речиси сите етно проекти во државата Александар Јовевски со овој нов проект допринесува со уште еден квалитетен музички бисер и музички материјал, за претставување на нашата македонска песна и оро во државата но и надвор од неа, и претставување на народните инструменти кавал, тамбура, канон. На концертот ќе има специјални гости а тоа се етно составот „Монистра“ , еден од најетаблираните етно групи во Македонија , амбасадор на македонската етно музика како во државата така и во светот и гудачки квартет. Повелете на 19-ти септември во Македонска филхармонија со почеток во 20 часот заедно да уживаме во македонската музика создадена од виртуозот Александар Јовевски и „од колено на колено“ да си ја зачуваме македонската традиција и култура. Билети за концертот може да обезбедите онлајн преку продажната мрежа на Купи Карти За Се , www.kupikartizase.com (online или физички во продажни места).]]>

Второ издание на Етно фестивалот „Охрид 2023“ со концерт на Александар Јовевски – „Од колено на колено“ https://arhiva.vistina.com.mk/vtoro-izdanie-na-etno-festivalot-ohrid-so-kontsert-na-aleksandar-jovevski-od-koleno-na-koleno/ Wed, 31 May 2023 12:26:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304546

Истоимениот албум e нов музички етно проект на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес. На концертот ќе бидат застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, како и женски вокали. Истиот ќе биде збогатен со клавијатури, перкусии и бас гитара. На концертот ќе бидат изведени обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај Никола, Изникнало криво крувче, Сношти го видов мамо мори убавото Стојне, Ајде мала Стана болна лега. Ќе биде изведена и авторска музика и тоа шест авторски композиции творени во духот на македонската традиција, но со нов музички израз и тоа: Tамбурски вез, Кавал гали, Игра на инструментите, Длабочина, ЈовАнина и Александров танц. Музиката од овој албум е уште еден нов музички проект во светски размери, со нова модерна музичка нишка, кој ќе создаде една убава енергија и повеќе слушање на македонска музика и испирација за помладите генерации се повеќе да ја негуваат, сакаат и слушаат истата, информираат организаторите.

Етно фестивалот, кој е организиран од Здружението за интегриран развој „Арт Пријатели“ и поддржан од Општина Охрид, ќе се одржи на платото пред НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид со почеток од 20:00 часот. Влезот за сите посетители е слободен.]]>

Александар Јовевски го промовира солистичкиот албум ,,Од колено на колено” во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-jovevski-go-promovira-solistichkiot-album-od-koleno-na-koleno-vo-mkc/ Fri, 09 Dec 2022 13:36:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279408

Во понеделник, 12 декември, со почеток во 19 часот, во кино Фросина (МКЦ) ќе се одржи промоција на новиот солистички албум на Александар Јовевски,,Од колено на колено. На овој музички етно проект (албум) базата е македонскиот фолклортрадиција и идентитет, и е проект од национален интерес во културата.

Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструментикавал, тамбура, канон, женски вокалигудачи, гитари и е збогатено со клавијатури. На албумот ,,Од колено на колено се застапени 4 обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај Никола, Изникнало криво крувче, Сношти го видов мамо мори убавото Стојне, Ајде мала Стана болна лега, меѓутоа има и авторска музика, 6 авторски композиции творени во духот на македонската традиција но со нов музички израз и тоа : Tамбурски вез, Кавал гали, Игра на инструментите, Длабочина, ЈовАнина и Александров танц.

„И покрај тоа што сум музички лидер на етно составот 'Монистра' и сум дел од речиси сите етно проекти во државата, со овој мој нов проект сакам да придонесам со уште еден квалитетен музички бисер и музички материјал, за претставување на нашата македонска песна и оро во државата но и надвор од неа и претставување на народните инструменти кавал, тамбура, канон. Се радувам на промоцијата и со нетрпение чекам јавноста да го слушне мојот најнов проект, вели Александар Јовевски.

Албумот ,,Од колено на колено.  е уште еден нов музички проект во светски размери, со нова модерна музичка нишка, кој ќе создаде една убава енергија и повеќе слушање на македонска музика и испирација за помладите генерации се повеќе да ја негуваат, сакаат и слушаат истата.

]]>

Мијата со роденденска честитка за себе и своите фанови со -„Невидени“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-so-rodendenska-chestitka-za-sebe-i-svoite-fanovi-so-nevideni-video/ Thu, 01 Jul 2021 12:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209298

Македонската пејачка Мијата деновиве го прослави својот роденден. Можеби на дамите не им се бројат и не треба, годините, ама затоа на естрадните уметници им се вројат успесите и песните. Затоа и новата песна „Невидени“, со симболичен наслов кој асоцирана тоа дека многумина не беа во можност речиси две години да ги видат саканите луѓе, доаѓа како своевиден роденденски подарок и за самата Мијата, но и од неа за нејзината публика, обожаватели, следбеници на социјалните мрежи... После сите предизвици, а пред се' здравствени, Мијата одлучи новата животна декада да ја започне весела, во друштво на оние што ѝ ја наполниле душата со убавини, а таа емоција воопшто и не се труди да ја сокрие. „Како да Ви се заблагодарам поинаку на прекрасните честитки, ако не со песна. Многу Ве ценам, вреднувам и благодарна сум за секое Ваше внимание. Повелете нова песна со наслов - Невидени“ - напиша Мијата споделувајќи ја песната на својот Фејсбук. Инаку, „Невидени“ е дело на Александар Јовевски кој ги напишал музиката и аранжманот за песната и Весна Малинова, која е автор на стиховите. Режијата и монтажата на видеото со кое е визуелизирана „Невидени“ се на самата Мијата, а во песната и видеото уште учествуваат: Придружни вокали - Наташа Миха, пиано - Александар Јовевски, ударни инструменти - Ратко Даутовски, гитара - Данијел Маодуш (Хрватска). Микс и мастерингот ги изработил  Дамир Пух, а песната е снимена во „Green Room Sound Studio“ во Скопје. Ако досега не сте ја слушнале и виделе „Невидени“, еве ви уште една можност за тоа: ]]>

Зеле Липовача од „Дивље Јагоде“ сними инструментална преработка на „Македонско девојче“ (Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/zele-lipovacha-od-divlje-jagode-snimi-instrumentalna-prerabotka-na-makedonsko-devojche-video/ Tue, 11 May 2021 07:13:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201973

Фронтменот на „Дивље јагоде“, Сеад Зеле Липовача, сними  гитарска преработка на познатата народна песна „Македонско девојче“. Зеле покрај изведбата на оваа инструментална преработка, сам го направи и новиот аранжман. Токму оваа македонска песна е прва на списокот на оние што ќе се најдат на новиот соло-албум на основачот на „Дивље јагоде“. Во неговиот препознатлив стил, а истовремено емотивен и искрен, баш на начинот на кој треба да се пристапи кон обработката на традиционалните мелодии, Зеле уште еднаш совршено ги комбинираше ориенталниот звук на македонското поднебје и звукот на гитарата. Работниот наслов на новиот албум е „You Are the Wind and I’m the Flame“ и ќе излезе оваа есен. Оваа е негов трет соло албум по последниот албум од 2016 година, „Internal Waves of Love“. Уникатната изведба на песната „Македонско девојче“ не можеше да помине без македонските синови, славните музички браќа Гаро и Диран Тавитјан на тапани и синтисајзер, а на кавал е Александар Јовевски. За песната беше претставено и визуелно уметничко видео, додека официјалното видео наскоро ќе го види светлото на денот и ќе се снима во Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=6BMxgqPMMV8&t=105s Извор: Музика24.мк  ]]>

Васил Гарванлиев пред суд на јавноста на бина во – „СудБина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-garvanliev-pred-sud-na-javnosta-na-bina-vo-sudbina-video/ Tue, 02 Feb 2021 12:58:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187893

Македонскиот евровизиски претставник за 2020 и 2021 година, струмичанецот Васил Гарванлиев, ја објави својата нова песна „СудБина“ со која го најавува истоимениот албум. „Родени голи, сè друго е Суд и Бина. Овој пат приказната на спотот ја раскажав јас“, вели Васил, кој се јавува и во улога на режисер на спотот. Автор на музиката е Александар Јовевски, текстот е на Давор Каракашев, видеото кое е снимено во „Универзална сала“ - Скопје го изработи Ѓорѓи Вацев, кореографија е на Ивана Балабанова и Битрикс. Песната е снимана во студиото „Подрумот“ на Анге Ќосев кој е потпишан и како музички продуцент, а кореографијата е дело на  Ивана Балабанова - Beatrix Dance, додека дизајнер на костимите е Методија Коцев. https://www.youtube.com/watch?v=wEn0j4GWwj8&feature=emb_logo]]>

Елена Андоновска ја визуелизираше својата верзија на „Мома седи на чардакот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-andonovska-ja-vizuelizirashe-svojata-verzija-na-moma-sedi-na-chardakot-video/ Thu, 17 Jan 2019 13:07:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67939

Фолк пејачката Елена Андоновска деновиве ги промовираше во медиумите новиот видео запис за песната „Мома седи на чардакот“, која е уште едно музичко парче од новиот музички проект на Елена и членовите на групата „Седенка“, насловен „Кој што ме чуе да пејам“. Ова е втора песна од албумот која добива видео запис, веднаш по дебитантската „Босо моме“. 
Инаку, проектот содржи десет композиции кои се всушност еден вид кавер верзии, односно преаранжирани преработки на познатите народни песни, испеани од легендарните доајени на македонската народна песна.
Песните се преаранжирани во ново руво од страна на  Александар Јовевски, кои иако задираат во модерениот етно стил, исполнет со современи музички примеси, воопшто не изгубиле од својата оригиналност и автентичност, толку карактеристични за  македонскиот мелос. Напротив, дури и се збогатени со што добиле на својата музичка вредност која соодветствува со духот на модерното доба, што е редок пример во денешново време, во кое царуваат кичот и шундот.
Албумот е снимен во музичкото студио „Подрумот“, а зад  продукцијата стои проверениот мајстор Ангел Ќосев. Видеото е  сниманово амбиентот на скопскиот ресторан Лира, а него го потпишува продукцијата „Арт студио“.
Гости во видеото се и дел од екипата музичари со кои Елена соработувала на снимањето на нејзиниот албум, од кои најголем дел се нејзини колеги од групата „Седенка“, во која таа однеодамна и самат членува.
Инаку Елена Андоновска е професионален музичар, која студирала етнокореологија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Професионално е вработена во Националниот ансамбл за танци и песни „Танец“, а е во брак со својот музички колега Марјан Андоновски.
Како звучи и изгледа  „Мома седи на чардакот“ во изведба на Елена Андоновска проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=nUvWGXhCkTg