александар џамбазов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Jan 2024 11:12:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png александар џамбазов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов раскажа анегдота на две години од смртта на својот татко: „Ова на мајка ти нема да и го кажеш, така?“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-raskazha-anegdota-na-dve-godini-od-smrtta-na-svojot-tatko-ova-na-majka-ti-nema-da-i-go-kazhesh-taka-foto/ Thu, 25 Jan 2024 10:01:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336227

Времето лета, реченица која многу често за слушаме за повеќе нешта, особено за тоа кога некој одамна го нема меѓу живите, а ние чувствуваме како да сме го изгубиле вчера. На денешен ден пред две години почина легендарниот диригент и композитор маестро Александар Џамбазов. Неговиот син, шоуменот Игор Џамбазов како и минатата година на годишнината од смртта на татка си и неговото заминување во вечноста, тој со емотивна прошетка по сеќавањата се потсети на него и денот кога тој почина. Поточно, Игор се присети на една анегдота од детството, а за крај прати и порака до вечноста:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

-Две години без тебе стари. Ко два дена. Ама и како две столетија истовремено. Ти си мојот тато. Иако многу ретко те викав така. Уште од моите први улоги и снимања се договоривме дека ќе се викаме "колега". Се сеќаваш? Ти и јас во нашиот тегет Фиат 1300, чекаме на црвено на семафорите кај "Рубин кармин". На пешачкиот премин поминува една исклучително згодна жена. Ти ја измерка од глава до пети, ме погледна и ми рече: "А? Како теткава? Згодна е?" Веројатно сакаше да ја провериш мојата машкост, иако имав само седум-осум години. Јас, како од пушка одговорив: "Да". Ти ми се насмеа и се издиша истовремено. Ја изгледавме теткицата се додека не се изгуби во толпата. Кога конечно тргнавме ми кажа: "Ова на мајка ти нема да и го кажеш, така?" А јас ти одговорив: "Е нема де, нели сме колеги". И така станавме колеги. До крај. И засекогаш ќе останеш мојот омилен колега. Колега за сите времиња. П.С. Тања и јас сме добри. Тераме. Тука се' е по старо. Писмените се срамат дека се писмени. Неписмените се трудат да бидат уште понеписмени. И уживаат во тоа. Се' на се' стари, ништо не си пропуштил... заврши тој. фото: Instagram printscreen/ igordzambazov]]>

Игор Џамбазов со емотивна прошетка по сеќавањата на денот кога татко му – маестро Александар Џамбазов почина: „Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш“ https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-so-emotivna-proshetka-po-sekavanata-na-denot-koga-tatko-mu-maestro-aleksandar-dhambazov-pochina-mediokritetite-i-ponatamu-ni-dirigiraat-po-sopstveni-partituri-a-nie-bozhem-odbivame-da-s/ Wed, 25 Jan 2023 10:52:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285693

Македонскиот мултиталент, актер, водител, пејач, писател, шоумен... и што ти уште не, Игор Џамбазов, имаше причина за двојна тага. Онаа љубовната, која никако не минува откако неговата љубена Илина Арсова замина за Америка и ова другата, природна за секој кој изгубил некој свој најблизок... Во случајов, Игор  својот татко, маестро Александар Џамбазов, на чија годишнина од неговото заминување во вечноста, тој со емотивна прошетка по сеќавањата се потсети на него и денот кога тој почина. Игор како што го дал Бог, во свој стил, јавно на социјалните мрежи  му се обрати на својот татко на денот на годишнината од неговото заминување, со монолог кој колку да е невообичаен за вакви прилики, сепак  сурово реален.  Во зборовите во кои има многу вистина, Игор со две - три  реченици ја опиша годината која помина без неговиот татко, кому му го порача она што за овие 365 дена без него го виде, слушна, доживеа и почувствува: „Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал.  Сигурен сум дека си добар таму горе. И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас. Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил. Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш. Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки. Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот...“ - му напиша синот на својот покоен татко во пораката која кој знае... Можеби на некој волшебен начин и ќе отпатува таму некаде горе... до вечноста. Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>

Игор Џамбазов со еден од неговите најубави рефрени се потсети на роденденот на неговиот неодамна починат татко Александар: „Довидување, маестро мој…“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-so-eden-od-negovite-najubavi-refreni-se-potseti-na-rodendenot-na-negoviot-neodamna-pochinat-tatko-aleksandar-doviduvanje-maestro-moj-video/ Thu, 03 Feb 2022 09:44:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237421

Македонија и македонската јавност неодамна се прости од еден од најпознатите македонски композитори и диригенти, великиот Александар Џамбазов. И уште болката не стивнала, раните ниту оддлеку не почнале да зацелуваат, душата не се смирила, а срцето се' уште не го оплакало,  дојде денот на кој да беше жив, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. За жал, овој роденден не го дочека за малку, но затоа пак неговиот син, познатиот актер, водител и шоумен Игор Џамбазов не го заборави важниот датум. По последното испраќање во вечноста на маестро Џамбазов, Игор се повлече во своето старо прибежиште, Дојран, каде ја минува зимата. При тоа се сети дека денес е роденденот на неговиот покоен татко, великиот маестро кој има напишано безброј песни како за деца, така и за возрасни, од кои најзастапени се токму оние фестивалските шлагери од седумдесеттите испеани како самостојни песни или фестивалски рефрени. Со гитарата в рака и токму со еден од најубавите рефрени на маестро Александар Џамбазов, синот се присети да го одбележи денот на неговото раѓање, па Игор го отсвире и отпеа еден од најубавите шлагерски рефрени на покојниот композитор - „Довидување“. Песна испеана на македонски јазик од легендарната Јосипа Лисац кога била многу млада и немала ниту 20 години кога ја извела оваа тема на еден од Скопските фестивали на забавна музика, на кој и самиот маестро Џамбазов бил диригент. „Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. Ова е еден од неговите најубави рефрени... Довидување, маестро мој...„ - напишал Џамбазов покрај споделеното видео на кое во чест и сеќавање на роденденот на својот неодамна починат татко, на маестро Александар му ја отпеа најубавата песна.
Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>

Познатите се простија од маестро Џамбазов: „Бескрајно му благодарам на животот што те имав како свој музички татко“ https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-se-prostija-od-maestro-dzambazov-beskrajno-mu-blagodaram-na-zivotot-shto-te-imav-kako-svoj-muzichki-tatko/ Wed, 26 Jan 2022 08:06:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236239

Почина македонскиот композитор, диригент и аранжер, маестро Александар Џамбазов. Веста за заминувањето на маестро Џамбазов ја соопшти неговиот син, Игор Џамбазов. Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии. Познатите преку социјалните мрежи се простуваат од маестро Џамбазов. Калиопи -Чичко Ацо мој… Маестро, Бескрајно му благодарам на животот што те имав како свој музички татко… Патувај мирно кон бесконечноста…Те сака твоја Опи, напиша Калиопи покрај објавата од фотографијата од Александар. Каролина Пејачката објави фотографија со маестро Џамбазов, а во описот напиша: -Што муабет си направивме овде....Почивај во мир наш маестро, кроток и добар чичко Ацо. Илина Арсовз -Ние вака ќе си се памтиме, насмеани и ведри, а Маестро секогаш спремен со неисцрпна колекција на анегдоти и вицови. Вечна ти слава, еден и единствен, напиша Илина покрај фотографијата на која е заедно со Игор и Александар Џамбазов. Тамара Тодевска Весна Бејби Петрушевска -единствениот маестро за мене во мојот живот,кроток,мил, зборлест,духовит,вечно вљубен во својата Анче,постојано загрижен за своите Тања и Игор...што седења сме си имале пред Војна болница кога Игор имаше проблеми со здравјето,колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа шро бев многу љубопитна.Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал…те сакам мој мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор!!!! @igordzambazov@tatjanadzambazova моето најдлабоко сочуство, чичко Ацо баци ми ја Анче, напиша македонската актерка. Пере од Нокаут Ќе останеш моја вечна инспирација и како родител и како композитор. Твојот посвоен син…Слава ти Вечна слава маестро Џамбазов. фото: принтскрин/инстаграм]]>

Почина маестро Александар Џамбазов https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-maestro-aleksandar-dzambazov/ Tue, 25 Jan 2022 11:30:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236140

Почина македонскиот композитор, диригент и аранжер, маестро Александар Џамбазов. Веста за смрта на Александар Џамбазов преку социјалните мрежи ја објави неговиот син Игор Џамбазов. Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години… од денес, конечно со својата Анче… Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој, пишува Џамбазов на социјалните мрежи.
Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на над педесетина награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори. Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии. Александар Џамбазов беше зет за ќерка на легендата и еден од основоположниците на македонското глумиште, славниот Петре Прличко, чија ќерка Анче Џамбазова, односно сопруга на Александар и мајка на Игор Џамбазов беше исто така позната македонска глумица. Покрај Игор со неа маестро Џамбазов ја има и ќерката Татјана, која долги години живее надвор од Македонија. Ангелите нека ти го осветлат патот кон вечноста... Почивај во мир маестро!]]>

Маестро Џамбазов – сениор конечно ја запозна „снашката“: Се знае ли сега „кој ќе пее по ноти“, а кому ќе му „планинарат по… живци“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/maestro-dzambazov-senior-konechno-ja-zapozna-snashkata-se-znae-li-sega-koj-kje-pee-po-noti-a-komu-kje-mu-planinarat-po-zivci-foto/ Wed, 23 Dec 2020 08:12:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182142

Игор Џамбазов и Илина Арсова, уметникот и сестраната спортистка, актерот, водител и пајач и планинарката... Љубовна идила на 2020-тата, македонската „ Love story“  на годината која барем за малку не оттргна од сивилото, песимизмот, изолацијата, апатијата и безнадежноста кои најгрдата година во новиот милениум досега, ни ги донесе. Љубов на прв поглед или внимателно подготвувана романса, подгревана со години, за да се случи во вистинско време... Сеедно, важно навидум неспоивото, споено како со „супер лепак“ и беспрекорно функционира, како швајцарски часовник, како Голф двојка... Барем засега... А веројатно и отсега и дај Боже и за навека! Дека работата станува сериозна, па од авантура полека се претвора во „љубовна бура“ која ги допира сите сетила и сериозно „се заканува“ по бурата на чувствата, да огрее сонце на вечноста, наговестуваат многу нешта. Кога си со некого 24/7 и заедно правите се' живо редум, освен она што едниот не може за разлика од другиот, како качувањето по карпи за Игор или компонирањето песни за Илина, доаѓа време да се запрашате една раработа: Кога спротивностите веќе толку се привлекуваат, дали не е време заедништовото и да се озакони? Иако парчето хартија ништо не значи, сепак, можеби на некој начин повеќе обврзува? А првиот чекор кон таквиот чин е... да се запознаат родителите на вашата втора половина, посилна или понежна сеедно! Токму затоа, по сите изминати месеци љубовна дружба со својата друшка, Игор Џамбазов реши да ја запознае Илина со татко му... Познатиот и признат, реномиран композитор и диригент, маестро Александар Џамбазов. Трилатералната средба, случајна или намерна, спонтана или „наместена“,  закажана или „апансас“... сеедно, се случила на Водно. На врвот кај крстот, нешто подолу кај жичарницата или во подножјето на едно од познатите ресторанско-мотелски прибежишта, кај еден од старите јатаци на Игор? - засега не е познато. „Конечно реализирана долгоочекуваната трилатерална средба на Водно, помеѓу @maestrodzambo, @ilina_arsova и дечкото без брада“ - напиша Игор на својорт Инстаграм профил.   Блиска средба од спонтана природа или наменска од „оној вид“ и има ли зошто, наскоро ќе покаже времето. Како се одвивала средбата, по кој протокол, кој кому што му кажал и што го прашал, какви се првите впечатоци... не се знае. Всушност се знае, ама тоа си знаат само оние што на Водно се сретнаа. Она што е познато е само дека маестро Џамбазов - сениор, конечно ја запозна „снашката“. Се знае ли сега „кој ќе пее по ноти“, а кому ќе му „планинарат по... живци“? - е всушност дилемата која најмногу ја мачи оваа нација, за дадената ситуација!    ]]>

„Мама и тато на свадбата“: Игор Џамбазов покажа фотографија од големиот ден на неговите родители(фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mama-i-tato-na-svadbata-igor-dzambazov-pokaza-fotografija-od-golemiot-den-na-negovite-roditeli-foto/ Fri, 25 Jan 2019 08:16:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69188

Нашиот актер и шоумен, Игор Џамбазов, веќе извесен период е доста активен на социјалната мрежа Инстаграм каде не ретко објавува фотографии од своето секојдневие, но и такви од минатото. Во низата ретро фотографии кои постојано осамнуваат на неговиот профил се најде и таква од свадбата на неговите родители, композиторот и диригент Александар Џамбазов и неговата мајка, бардот на нашето глумиште – Анче Џамбазова. Повеќето од неговите следбеници искажаа почит за племенитите уметници, а на Игор му порачаа дека е „плукнат“ на татка си Александар.
 
View this post on Instagram
 
Мама и тато, на свадбата...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Во неколку интервјуа во домашните медиуми Игор има изјавено дека љубовта на Анче и Александар била голема, трпелива и раскошна. Имено, кога маестро Александар ја запросил Анче од нејзиниот татко, легендарниот Прличко, тој на идниот зет му рекол дека Анче досега ја проселе важни луѓе како амбасадори и конзури, па не ја давал за музичар.
Во една прилика таткото на Игор по загубата на неговата сакана Анче има изјавено: -Кога си отиде Анче и јас отидов, тука сум само онака, кажа во една прилика маестро Џамбазов. Инаку, Анче Амбазова почина на 30 септември 1997 година во Скопје.]]>