Алцхајмерова болест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Jul 2023 12:11:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Алцхајмерова болест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Губењето на видот може да биде ран знак за Алцхајмерова болест https://arhiva.vistina.com.mk/gubeneto-na-vidot-mozhe-da-bide-ran-znak-za-altshajmerova-bolest/ Mon, 17 Jul 2023 12:11:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310506

Слабеењето на видот може да биде знак за когнитивно опаѓање, според американски лекари и научници, кои велат дека овие наоди би можеле да помогнат во рано откривање состојби како Алцхајмеровата болест. Тимот научници предводени од Џошуа Р. Ерлих од Универзитетот во Мичиген откриле дека „објективно измереното оштетување на видот е поврзано со поголема инциденца на деменција“. Но, бидејќи се смета дека повеќето такви оштетувања може да се спречат, напорите за „приоритизирање на здравиот вид“ би можеле да бидат важни за оптимизирање на падот на умствената функција, истакнуваат стручњаците по прегледувањето на податоците за речиси 4.000 луѓе на возраст од 71 година и повеќе, од Националната студија здравјето и стареењето (НХАТС), што се спроведува во САД од 2021 година. „Поголемиот дел од оштетувањето на видот кај постарите возрасни лица може да се спречи или едноставно, проблемот сè уште не е решен со интервенции како очила или операција на катаракта“, соопшти истражувачкиот тим. Операцијата на катаракта го намалува ризикот од деменција, според наводите, а оптимизирањето на видот може да спречи до 100.000 распространети случаи на деменција во САД. Извор: Курир.мк]]>

Најраните знаци на Алцхајмеровата болест може да се видат во очите https://arhiva.vistina.com.mk/najranite-znatsi-na-altshajmerovata-bolest-mozhe-da-se-vidat-vo-ochite/ Mon, 27 Mar 2023 12:00:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295235

Почетните знаци на Алцхајмеровата болест може да се појават во окото на пациентот, посочуваат најновите истражувања во САД. Стручњаци од Институтот за невродегенеративни болести во Бока Ратон, Флорида, и Медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес, Калифорнија, испитувале како окото може да помогне во дијагностицирањето Алцхајмерова болест пред да се појават симптомите. Научниците собраа примероци од ретината и од мозочното ткиво од 86 лица кај кои се појавило тоа заболување. До мигот кога помнењето и однесувањето се засегнати, болеста е веќе напредната, според наводите. Наодите се евидентни и кај луѓе без минимални когнитивни симптоми. – Нашето истражување е прво што обезбеди длабински анализи на протеинскиот профил и молекуларните, клеточните и структурните ефекти на Алцхајмеровата болест врз човечката ретина и како тие одговараат на промените во мозокот и когнитивната функција. Овие промени во мрежницата се поврзани со промени во деловите на мозокот одговорни за помнењето, движењето и перцепцијата на времето, изјави авторката на трудот, Маја Коронио-Хамауи, професорка по неврохирургија и биомедицински науки во „Седарс“. Ако лекарите ја идентификуваат болеста во нејзините најрани фази, се вели, луѓето потоа би можеле порано да се сосредоточат на здрав начин на живот и да ги контролираат факторите на ризик, како што се висок крвен притисок, холестерол или шеќер, посочува истражувањето. (МИА) Извор: Курир.мк]]>

Пиењето чај штити од Алцхајмерова болест https://arhiva.vistina.com.mk/pienjeto-chaj-shtiti-od-alchajmerova-bolest/ Wed, 26 Sep 2018 13:04:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49868

Пиењето чај е поврзано со намалување на ризикот од влошување на умствените способности кај повозрасните луѓе, па и кај оние кои имаат генетски предиспозиции за Алцхајмерова болест, се наведува во ново истражување објавено на „Сај-Блог“. Само една чаша црн, зелен или каков било чај на ден кај лицата со над 55 години, го намалува когнитивното влошување за 50 отсто. Важно е само чајот да биде сварен од листовите, истакнуваат стручните лица. – Нашите испитувања даваат значајни сознанија за превенција од деменцијата. Дури и најсовремените медикаменти за неврокогнитивни заболувања како деменцијата, не го даваат саканиот резултат, а и сегашните превантивни стратегии за нејзино спречување се далеку од задоволителни, смета д-р Фенг Ли од Кина. Истражувањето опфатило 957 кинески државјани, кои биле следени во период од две години.]]>