алцхајмер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 24 Jul 2023 12:23:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png алцхајмер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еспресото можно делотворно оружје против Алцхајмерова болест https://arhiva.vistina.com.mk/espresoto-mozhno-delotvorno-oruzhje-protiv-altshajmerova-bolest/ Mon, 24 Jul 2023 12:23:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311359

Пиењето кафе eспресо би можело да има значајно влијание врз спречувањето на Алцхајмерова болест, посочува ново истражување на Универзитетот на Верона, Италија. Со години науката кафето го поврзува со здравствени опасности. Сепак, неодамнешни истражувања покажаа дека умереното консумирање кафе може да има и корисно влијание врз здравјето. Истражувачите од Универзитетот откриле дека eспресото посебно ја спречува акумулацијата на тау-протеин, којшто е поврзан со Алцхајмеровата болест. Со други зборови, тоа го прави собирањето на споменатиот протеин помалку штетно за мозочните клетки. – Овие наоди даваат увид во невропротективниот потенцијал на еспресо кафето. Овој напиток којшто често се конзумира, е извор на природни соединенија што имаат корисни својства, вели д-р Маријапина Д’Онофрио. За потсетување, на почетокот на минатата година беа објавени загрижувачки резултати од истражување за деменцијата спроведено во 195 земји. Со тоа, се предвидува дека таа болест ќе ги зафати умовите на 153 милиони луѓе ширум светот до 2050 година, што е околу три пати повеќе отколку во 2019 година. Ова е поврзано со трендовите на факторите на опасност – вклучувајќи дебелина, дијабетес, ниско образование и пушење. извор:курир.мк]]>

Науката најавува нова ера на лекувањето на Алцхајмеровата болест https://arhiva.vistina.com.mk/naukata-najavuva-nova-era-na-lekuvanjeto-na-alchajmerovata-bolest/ Wed, 30 Nov 2022 12:46:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278015

По десетлетија неуспех, сега науката најавува нова ера на лекувањето на Алцхајмеровата болест – најчестиот облик на деменција. Се работи за експерименталниот лек „Леканемаб“ (Lecanemab). Лекот делува во раните фази на болеста. Самиот процес е насочен кон тн. бета-амилоид – супстанција што се акумулира во мозокот на луѓето со оваа болест. Истражувачкиот институт „Алцхајмер’с ресрч УК“ наведува дека резултатите од истражувањето се значајни. Еден од водечките светски истражувачи, кој стоеше зад целата замисла, проф. Џон Харди смета дека ова е историско достигнување и дека е оптимист за лекувањето на оваа болест. Професорката Тара Спајрс-Џонс од шкотскиот Универзитет во Единбург, појасни дека резултатите се огромен успех во истражувањата за Алцхајмеровата болест. Испитувањата опфатиле 1.795 доброволци со рана фаза на болеста. Инфузии на „Леканемаб“ им се давале на секои две недели. Резултатите, претставени на конференција во Сан Франциско и објавени во „Њу Ингланд журнал“, посочуваат дека тоа не е чудотворен лек, но е делотворен. Во истражувањето учествуваа бројни институции. Болеста продолжува да влијае на капацитетот на мозокот на луѓето, но со забевен пад за една четвртина во текот на 18 месеци од третманот. Дали „Леканемаб“ навистина ќе ја промени ситуацијата со Алцхајмерова болест? За ова има дебата меѓу научниците и лекарите. -Тоа е мал ефект врз болеста. Не е драстичен, но е прифатлив за мене, вели проф. Спајрс-Џонс. Податоциве веќе се проценуваат од регулаторите во САД кои наскоро ќе треба да одлучат дали „Леканемаб“ може да биде одобрен за поширока употреба. Фармацевтските компании „Ејсаи“ и „Биоген“ планираат следната година да почнат со процесот на одобрување во други земји. -Тоа е скромно, но ни дава надеж дека следната генерација лекови може да биде подобра, истакна д-р Сузан Колхас од Велика Британија. Д-р Елизабет Култхард вели дека луѓето имаат просечно шест години независен живот штом почне тоа когнитивно оштетување. -Забавете го тој пад за една четвртина и тоа засега може да значи дополнителни 19 месеци самостоен живот, но сѐ уште не знаеме точно, додаде Култхард. Научниците, исто така, нагласија дека амилоидот е само еден дел од сложената слика на Алцхајмеровата болест и не треба да стане единствена точка на интерес на лекувањето. (МИА)]]>

Актерот Крис Хемсворт откако ги дознал резултатите од крвните анализи изплашен реши да ја паузира кариерата https://arhiva.vistina.com.mk/akterot-kris-hemsvort-otkako-gi-doznal-rezultatite-od-krvnite-analizi-izplashen-reshi-da-ja-pauzira-karierata/ Mon, 21 Nov 2022 12:36:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276785

Актерот Крис Хемсворт најави дека ќе направи пауза од актерството откако дошол до шокантно здравствено откритие во текот на снимањето на својата серија „Limitless“. Хемсворт во текот на снимањето на една епизода од серијата дознал дека поради комбинации на гени, има речиси 10 пати поголема шанса да добие Алцхајмерова болест, а сега најави пауза од актерството. Во последната епизода од серијата, актерот се занимавал со грижата на крајот на животот и соочувањето со смртта, што вклучувало интервјуа со луѓе кои работат на палијативна нега. Тој објаснил дека снимањето на серијата го поттикнало да поминува повеќе време со своето семејство.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Chris Hemsworth (@chrishemsworth)

„Тоа навистина поттикна нешто во мене да посакам да земам малку слободно време. А откако завршивме со снимањето, ги довршувам нештата за кои веќе бев договорен. Кога ќе ја завршам турнејата оваа недела, одам дома и ќе имам многу слободно време. Ќе бидам со децата и со својата сопруга“, рекол актерот. За потсетување, ѕвездата на „Thor“ во една епизода од серијата „Limitless“ во која истражува начини за продолжување на животот и борби против стареењето, дознала дека има две копии од генот APOE4, по една од секој од своите родители, што значи дека има зголемена предиспозиција за развој на Алцхајмерова болест.
 
„Ги зедоа сите мои крвни наоди и направија бројни тестови, а планот беше да ми ги кажат резултатите пред камера и потоа да разговараме за тоа како можат да се подобрат работите“, рекол Хемсворт. фото:Instagram]]>