албум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 28 Feb 2024 12:27:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png албум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се исполни големиот сон на Антониа Гиговска: На 3. март голема промоција на нејзиниот деби-албум „2001“ https://arhiva.vistina.com.mk/se-ispolni-golemiot-son-na-antonia-gigovska-na-3-mart-golema-promotsija-na-nejziniot-debi-album-2001/ Wed, 28 Feb 2024 12:26:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340469

И конечно дојде време, еден од најголемите сонови на младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска се исполни. На 3. март, Антониа и официјално ќе ви го претстави нејзиниот прв албум, на кој ќе се најдат сите нејзини 15 композиции. Албумот симболично носи наслов „2001“, по годината во која е родена таа. На овој носач на звук ќе се најдат 15 композиции, од кои повеќето се дело на продуцентот Лазар Цветковски, потоа Дарко Димитров, а има и песна на големиот Кире Костов... Промоцијата на албумот на 3. март ќе биде на првиот кат на трговскиот центар „ Скопје Сити мол“, каде ќе биде организирано и дружење со Антониа и сликање, а она што е најважно, верните фанови албумот ќе го добијат бесплатно и тоа на усб-картичка со ликот на Антониа и насловот на песните... „Би сакала да ве повикам сите оние кои што вистински ја сакате и слушате мојата музика, да дојдете на мојата промоција на мојот прв албум „2001" и да се дружиме во „Скопје Сити Мол“ на 3. март на главниот влез во 18:00 часот. Ќе пееме, ќе се сликаме и ќе си добиете по едно албумче! Се надевам дека ќе ве видам во што поголем број“ - порачува младата ѕвезда. Инаку на промоцијата ќе има и кутија за собирање паричини средства за младото момче Лео. „Албумот нема да се продава, но ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба и собраните средства ќе одат за лекувањето на Лео. Да му помогнеме да застане на нозе и повторно да се радува на животот“ - вели Гиговска“. фото:приватна архива]]>

Концертна промоција на албумот„ KEYF“ на Васил Хаџиманов Бенд https://arhiva.vistina.com.mk/kontsertna-promotsija-na-albumot-keyf-na-vasil-hadhimanov-bend/ Tue, 27 Feb 2024 13:19:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340326

Еден од највлијателните „jazz fusion“ состави на Балканот, Васил Хаџиманов Бенд, го претставуваат својот нов студиски албум со наслов „Кејф“ (Keyf).

Оваа исклучителна група на музичари веќе долги години ја воодушевува публиката ширум светот со својот единствен звук и енергија, а нивниот нов албум повторно нѝ носи интересни музички гости, иновативни аранжмани, автентична звучна естетика и како и досега, креативни експерименти со различни музички стилови и ритми.
Албумот „Keyf“ е осми студиски албум на бендот и објавен е во дигитален и CD формат од страна на хрватската издавачка куќа Croatia Records.
Содржи девет песни продуцирани од Васил Хаџиманов, Марко Периќ и Тони Китановски. Музичките нумери како насловната „Keyf“, но и „Gypsy“, „Afghan Samba“, „Helidoro’s Recipe“, „Mente Pura“, ќе ги потсетат сите љубители на добрата музика на тоа зошто Васил Хаџиманов Бенд својата музика ја изведува на сцените ширум светот и зошто токму нивната музика во Србија е прогласена за уметничко дело со национална вредност.
Снимањето и продукцијата на албумот се: Gdi For The Arts i Croatia Records.
Васил Хаџиманов е музичар со единствен сензибилитет. Како пијанист, композитор, аранжер и педагог, тој е незаменлива врска на регионалната џез сцена и поединец кој во себе носи дел од своите предци кои, секој на свој начин ги обележија музичките простори на Балканот.
Потпирајќи се на богатото искуство во областа со фолклорот, Васил Хаџиманов е автор кој правилно ја сфати пораката од своите предци и таа инспирација ја преточи во автентичен музички исказ.
]]>

Бијонсе во ултра провокативно издание се враќа на сцената: Интимата ја покри со најминијатурните парчиња (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bijonse-vo-ultra-provokativno-izdanie-se-vraka-na-stsenata-intimata-ja-pokri-so-najminijaturnite-parchina-foto/ Wed, 14 Feb 2024 08:40:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338600

Кога повеќето помислија дека Бијонсе целосно се повлекла, а потоа со еден потег докажува дека ѝ нема рамен и дека може да привлече внимание како никоја друга. Бијонсе, која вчера присуствуваше на Супербоул во Лас Вегас, каде се појавија и нејзиниот сопруг Џеј-Зи и нивната ќерка Блу Ајви Картер, го промовираше својот нов албум „Act II“ со две кантри песни „Texas Hold'Em“ и „16 Carriages“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Познатата пејачка која е по потекло од Тексас сака да ги истакнува своите корени, а тоа го прави и во начинот на облекување, па на неодамна одржаните Греми награди се појави во кантри стил. И на новите фотографии има кантри елементи како каубојски шешир, но провокативноста засенила сè останато. Бијонсе позирала во мини блејзер, со огромни метални обетки, во метален градник налик на корсет и со минијатурен метален детаљ на интимната зона. Овој дел по дизајнот наликува на срце и повеќе откривал отколку што прикривал.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Beyoncé (@beyonce)

На тој начин настанала една од најпровокативните фотографии на Бијонсе, а бидејќи само што започна промоцијата на албумот, допрва треба да се очекуваат големи изненадувања. Фановите на Инстаграм велат дека не можат да дојдат до здив поради овие фотографии, како и дека никој повеќе не размислува за Супербоулот и главната ѕвезда на финалето, Ашер, поради промоцијата која ја приреди Бијонсе. фото:Instagram printscreen/ beyonce]]>

Во музичкото темпо на Михаил Парушев јасно стои дека: „Од генот не се бега!“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-muzichkoto-tempo-na-mihail-parushev-jasno-stoi-deka-od-genot-ne-se-bega/ Wed, 17 Jan 2024 09:11:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335204

Од македонската музичка ризница се издвои албумот „Агол“ на Михаил Парушев, авторско дело на познатиот музичар кој е добро познат на балканските простори според својот талент, но и марливост…Секој кој ја следи музичката сцена знае добро кој е Михаил Парушев кој со албумот „Агол“ не остава рамнодушност, ниту миг за здодевност, напротив – после секој такт со нетрпение го очекувате следниот кој пак ве води во некои нови музички сфери… Михаил Парушев свири на ударни инструменти, а воедно е и композитор. Роден е во Скопје во 1976 година, во семејство на музичари. Интерес за ударните инструменти покажал на четиригодишна возраст. Почнал да свири на тапани на шестгодишна возраст. Член е на бендот „Леб и сол“, а работи и преку активностите на групата наречена „Парусион Груп Ансамбл“. Во 1990 година е прогласен за најдобар тапанар на Скопскиот рок фестивал. Истата година се запишува во Музичкото училиште „Илија Николовски Луј“ на студии по класични ударни инструменти. Михаил Парушев дипломирал и на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот во Скопје. Од 1989 година настапува низ светот во друштво на различни професионални музичари – Октавјан, Сет, Алсар Коџабашија, Влатко Стефановски Трио (1998), Проект Злуст (2000), Стринг Форсис, Бла Бла Бла, Д.Н.О., Владимир Мараш (албуми „Under kamenom“, 2001 и „10/8“, 2010), Пангеа, Игор Безгет Биг Бенд, Глобална заедница (Sound Unity), Валерија Николовска Бенд, Joe & Maya Collectiff, сесии со – Bryan Bettie, Wei Tan, Nantha Kumar , Оливер фон Есен, Гијан Синг, Имер Траја Бризани, Бата Божаниќ, Реџи Воркман, Матија Дедиќ, Шарад Сриваства, Иван Бејков, Ѓоко Груевски, Џијан Емин и… Парусион Груп Ансамбл се – Зоран Костадиновски (електрична гитара), Дамир Имери (клавијатури), Дарко Мучев (бас), Михаил Парушев (тапани); Сенад Усеин (труба), Петар Христов (кларинет, сопран сакс), Михајло Михајловски (виолина), Сања Смилеска (виола), Фјола Исмаили (виолончело) Како „последица“ од карантините за време на короната се изнедри и албумот „Агол“… – Пандемично се затворивме дома до полудување. Смирување со медикаменти не ми успеа, па морав да го вклучам стариот компјутер. Подготовки за композициите од 2017 година, кои ги имав оставено за некое подобро време. Време што мене многу ми требаше, зашто бев цело време во авион и во автомобил, возејќи се од Порторож до Косовска Митровица преку Скопје за да ги стигнам настапите со другарите од Македонија до Словенија. Настапував насекаде, а најмногу низ просторите на поранешна Југославија. На 9 март 2020 бевме принудени да ја прекинеме турнејата со Игор Безгет (Словенија), Џое Пандур (Хрватска) и Тихомир Поп Асановиќ. Слетав во Скопје и решив да си седам дома. По некое време добив инспирација да си ги потсредам композициите за поголем состав, како ансамбл. Успеав да направам пет дела и додадов две стари, што ни се хитови во бендот од претходните настапи, вели Михаил. На албумот „Агол“ има седум авторски композиции со модерен етнофјужн балкански џез, што јас порано го викав – „no jazz music“. „Про рок оро“ е првата композиција, што е фина тема и ритам што наликува на македонското „Елено моме“ со додатни експериментални хармонии. Втората е „Бразилијан ан“, едно мало интермецо што мене и другите членови на ансамблот ги повлече кон бразилските хармонии и слободата во импровизациите. „Сатурус“ е композиција што содржи лет кон Сатурн, па звучи како да си слетал на некој балкански аеродром, каде што се слушаат и народните кларинети и трубите на инспиративниот Ферус Кинг (Мустафов), кој ми е огромна инспирација. Афро-ритмите и импровизациите на инструментите се посветени на трубата на Алек Гроби, кој физички нѐ напушти. „Етнос“ е посветена на македонскиот народ и на сите тажни и сиромашни народи кои се веселат на тажни мелодии и бавни ритми. Тешко интро до современа точна ритмика во секциите од стринговите до брас секциите. „Петкана на оро“ или „Петкана денсинг“ беше мојата слепа прабаба, која сакаше да игра Пајдушка, која е во 5/8. Шестата композиција е трагање по среќата, која јас долго ја барав, а ја најдов во Македонија. „Searching“ (Трагање) ја посветувам на мојата љубов Елена, што ми ја роди ќерката Ирис, цвет најубав на светот. Седмата, „Елтера“ е моја стара композиција што има веќе 10 верзии и конечно се сними во студио, му раскажа Парушев на Тони Димков за „Културен печат“. „Албумот „Агол“ е снимен за многу кратко време во студиото „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски. Ние деветтемина успеавме да се подготвиме за кратко време. Станува збор за врвни и искусни музичари, кои во групата се веќе 18 години, вели Парушев. Потекнуваш од познато музичко семејство, дали тоа на еден начин ќе ја одреди твојата музичка иднина? – Јас сум горд на мојата фамилија Парушеви и сум благодарен за талентот што сум го наследил од нив, но јас музички се развивав во сосема друг правец. Еден период експериментирав со македонската изворна песна, која се негувала во мојот дом. И на албумот „Агол“ има етноелементи, но тоа не е етномузика, тоа сум јас и генетскиот материјал од кој сум направен. Во иднина, можеби, пак ќе се занимавам со тефтерот на Кирил Манчевски, но може да правам нешто ново и неочекувано од мене. Фото: Приватна архива]]>

Габриела Новевска ја најавува промоцијата на албумот „Те кажувајет, Илино моме” https://arhiva.vistina.com.mk/gabriela-novevska-ja-najavuva-promotsijata-na-albumot-te-kazhuvajet-ilino-mome/ Wed, 06 Dec 2023 13:17:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330226

Вокалистката на Националниот ансамбл „Танец“ и групата „Монистра“, Габриела Новевска, ја најавува промоцијата на долго подготвуваниот албум "Те кажувајет, Илино моме". Денот кога албумот ќе биде презентиран е закажан за понеделник 11-ти Декември 2023 година и ќе се случи во кафе бар "Мартини", со почеток во 20:00часот. Од новото музичко парче присутните ќе имаат можност да слушнат три композиции , а ќе бидат презентирани преку жива изведба заедно со музичкиот тим на Габриела сочинет од: Александар Јовевски - пијано (аранжмани), Зоран Костадиновски - електрична гитара, Горан Гешовски - бас гитара, Дарко Илиевски - хармоника, Виктор Филиповски - тапани, Ратко Даутовски- перкусии, Драган Илиев-електрична гитара, Гоце Цоневски- придружен вокал, Даце Николовски- придружен вокал, Петар Механџиски - придружен вокал. Овој проект е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје. фото: Facebook/ Gabriela Novevska]]>

Дојдоа и го засакаа: Српскиот пејач Марко Николиќ пред скопската публика го промовираше својот албум со топ журка https://arhiva.vistina.com.mk/dojdoa-i-go-zasakaa-srpskiot-pejach-marko-nikolik-pred-skopskata-publika-go-promovirashe-svojot-album-so-top-zhurka/ Mon, 27 Nov 2023 12:31:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328752

Српскиот пејач Марко Николиќ сношти на македонската публика и претставниците на медиумите и го претстави својот студиски албум насловен „Доѓи да те волим“. Во одлична атмосфера заедно со својот бенд Марко првично ги отсвире песните од новиот материјал, а потоа, како што рече, отсвире и нешто за душа. Се пееше се', па и една од Тоше Проески, неговиот омилен пејач, а Николиќ ја  запеа и „Македонско девојче“. Присутните на промоцијата, пак, буквално од првиот до последниот такт му возвраќаа со едногласно пеење и овации, а атмосферата навистина необична за една музичка промоција - позитивна, топла, разиграна - едноставно неверојатна. Меѓу нив и познати лица - тука беше Дарио со семејството кому српскиот пејач му го честиташе 40-годишниот музички јубилеј, младата пејачка надеж Ивона Јо, како и Ана Бучевиќ, сопругата на Марко, инаку мотивациски говорник чие присуство беше особено интересно за присутните на промо-свирката, па не се знаеше со кого попрво сакаат да се фотографираат со ѕвездата на вечерта или со неа. Музичката кариера на Марко почнува уште во детството кога во дуетот Мармаја заедно со сестра му Маја Николиќ настапувал по бројни детски фестивали и освоил многу награди ширум цела поранешна Југославија. Завршил музичко училиште во Ниш, каде е и роден, а во 1997 година ги започнува студиите во Грац, каде дипломирал на отсекот Џез и соло пеење. Од тогаш активно компонира и пишува текстови за некои од најголемите музички имиња во соседството како Драгана Мирковиќ, Дејан Матиќ, Бобан Рајовиќ, сестра му Маја, а неговата музика потпишува и бројни ТВ-спотови и документарни филмови. Особено е горд на музиката за документарецот за кралското семејство и дворецот Вадуз во Лихтенштајн. Во 2002 година се сели во Виена каде и денес живее заедно со семејството. Фото: Приватна архива]]>

Ја прашаа Едита Арадиновиќ што мисли за новите албуми на Карлеуша, а одговорот ќе ја збесне Јелена (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ja-prashaa-edita-aradinovik-shto-misli-za-novite-albumi-na-karleusha-a-odgovorot-ke-ja-zbesne-jelena-foto/ Tue, 31 Oct 2023 11:21:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324709

Едита Арадиновиќ откри дека албумите „Алфа“ и „Омега“ не се нејзина шема, како и дека на промоцијата на Јелена Карлеуша отишла само поради нејзиниот продуцент. Сања Вучиќ го објави својот деби албум „Masterpiece“, а на промоцијата што ја организираше се појавија многу членови на српската естрада, меѓу кои и Едита Арадиновиќ. Веднаш по пристигнувањето, пејачката им се обрати на насобраните медиумски екипи меѓу кои и Информер.рс и откри кој албум од колегите најмногу и се допаѓа. - Го немам слушнато албумот на Сања, па не можам да ја истакнам. Меѓу албумите кои најмногу ми се допаѓаат се оние на Александра Пријовиќ, Девита, Теа Таировиќ и Марија Шеровиќ. Ја прашавме и Едита дали и се допаѓа албумот на Јелена Карлеуша.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

- Не мојата „шолја чај“, но таа е луда. Ќе морам да ја слушам за да кажам која песна ми се допаѓа. Бев на промоција за Зоран Бирташевиќ. Јеца е подготвена, никој да не ме разбере погрешно - вели Едита Арадиновиќ за Информер. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Ќерката на Дадо Полумента итно оперирана: Пејачот веднаш се огласи и одложи се  (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/kerkata-na-dado-polumenta-itno-operirana-pejachot-vednash-se-oglasi-i-odlozhi-se-foto/ Wed, 25 Oct 2023 06:59:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323683

Во семејството на Дада Полумента настана општа паника откако беше оперирана неговата постара ќерка Алеа, а пејачот итно се огласи и ја одложи промоцијата на албумот која беше закажана за денеска. Дадо, кој се подготвуваше да издаде албум наречен „Алеа“ како што ја нарекуваат неговата постара ќерка, а ден пред промоцијата ги извести сите дека била оперирана. - Драги луѓе, за жал, поради итната апендектомија на Алеја, принудени сме да го одложиме издавањето на албумот и промоцијата закажана за утре. За датумот на издавање на новиот албум и датумот на промоција ќе ве информираме навремено. Ви благодариме на разбирањето – напиша Полумента. Да потсетиме, Дадо со сопругата Ивона ги има ќерките Алеа и Алија, а од врската со Анамарија Кикош го има синот Доријан. Фото: Принтскрин/Инстагарам/Ата Имаџес]]>

Билјана Дебарлиева во старите албуми најде спомен стар 31 година, па ја навјасаа спомени од тоа далечно време (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/biljana-debarlieva-vo-starite-albumi-najde-spomen-star-31-godina-pa-ja-navjasaa-spomeni-od-toa-dalechno-vreme-foto/ Wed, 11 Oct 2023 07:00:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320538

ТВ водителката Билјана Дебарлиева важи за една од најубавите дами пред телевизиските камери која со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите. Со текот на времето направи промени на себе, ја скрати косата, почна пред камери да носи очила, а со тоа дополнително ја нагласи својата посебност. Во таа природна македонска убавина пред речиси три децении се заљуби и нејзиниот сопруг Јован. Токму на тоа време пред 31 година, кога заппчнала нивната љубовна приказна, Билјана се присети наоѓајќи ретро фотографија од подзаборавените албуми. Таа во кафено фустанче, а тој елегантен до својата сакана. -Кога во албумот ќе си најдеш фотографија од пред точно 31 година и ти навираат спомени за почетокот на една убава приказна, напиша Биле во описот. Во една прилика Дебарлиева за почетоците на љубовта која трае и денес таа вели: -Се запознавме во Охрид, мојот роден град. За време на летниот одмор, сосема случајно се запознавме со сопругот. Јас на гости кај моите братучетки, а тој кај неговите другари охриѓани. И така веројатно требало да биде. Од една сосема случајна средба, тоа прерасна во убава приказна која трае и денес, вели водителката за „Женски магазин“. Билјана и Јован во брак се 29 години, а секогаш годишнината редовно ја прославуваат со здравица меѓу најблиските. Од бракот имаат две деца, ќерката Ана и синот Марко. фото:Fejsbuk/ Instagram printskrin biljana debarlieva]]>

По девет години Џенифер Лопез ја сподели радосната вест, сите и честитаат (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-devet-godini-dhenifer-lopez-ja-spodeli-radosnata-vest-site-i-chestitaat-foto/ Tue, 19 Sep 2023 06:24:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318511

Откако му даде втора шанса на Бен Афлек и повторно застана на лудиот камен, Џенифер Лопез повторно ги израдува своите фанови со убави вести. Познатата пејачка потпиша договор со продуцентската куќа BMG која ќе го објави нејзиниот нов албум наречен „This Is Me... Now“. Среќата на Џенифер Лопез е неизмерна, а таа нетрпеливо чека да види каква ќе биде реакцијата на публиката на тринаесетте нови песни во кои вложи труд, време и сета своја љубов. „This Is Me… Now“ ќе биде нејзиниот прв студиски албум како соло пејачка по девет години и албумот A.K.A. кој беше објавен во 2014 година од продуцентската куќа Capitol Records. - Возбудени сме поради можноста да соработуваме со Џенифер и нејзиниот тим на објавувањето на првиот албум по речиси девет години - изјави Томас Косфелд, извршен директор на BMG. - И двајцата сме возбудени и горди што станавме деловни партнери со Џенифер Лопез на ова долгоочекувано продолжение на нејзината кариера. Јасно напишано со љубов и преку искуство, „Ова сум јас..Сега“ воздигнува и инспирира. Џени се врати во момент од кариерата кога нејзината порака е поголема од кога било – вели претседателот на BMG. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа]]>