албум промоција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Jun 2022 12:28:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png албум промоција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Музичка промоција на „Забранети луѓе“ од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен https://arhiva.vistina.com.mk/muzichka-promocija-na-zabraneti-lugje-od-dzez-vokalistot-dzon-ilija-apelgren/ Wed, 22 Jun 2022 12:28:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255648

Џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен денеска во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во Скопје сити мол ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и претставува своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел од џез- и рок-музичарите за време на пандемијата со Ковид-19. Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чија главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на карантините и мерките за заштита за време на пандемијата. Меѓу нив се Благоја Антовски – тапани, Игор Атанасоски-Харе – гитара, Трајче Велков – труба, Калина Велковска-Кали – вокал, Зоран Костадиновски – гитара, Крле – вокал, Кирил Кузманов – саксофон, Џоле Максимовски – бас-гитарист, Андреа Мирческа – контрабас, Иван Петровски – гитара, Полина Тасева – сопран, Петар Ренџов – гитара, Гордан Спасовски – пијано, Арбен Бени Шаќири – вокал и Џон Илија Апелгрен – вокал. Апелгрен, покрај тоа што е автор на книгата, се јавува и како фотограф на црно-белите портрети на музичарите. Како што соопштија од издавачката куќа, предговорите на книгата ги напишаа музичките новинари Бранка Костиќ-Марковиќ и Ненад Георгиевски, како и фотографот Драги Неделчевски. -Објавувањето на книгата има солидарен, односно хуман аспект, за поддршка на музичарите чиишто ангажмани беа на најголем удар за време на пандемијата. Со купување примерок од „Забранети луѓе“ им се помага токму ним – на забранетите луѓе, се наведува во соопштението на „Арс Ламина“.]]>

На платото пред МКЦ: Промоција на албумот „Dzijan Emin & Magical Orchestra – Live in Ohrid“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-platoto-pred-mkc-promocija-na-albumot-dzijan-emin-magical-orchestra-live-in-ohrid/ Sat, 15 May 2021 07:40:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202526

Денес, сабота 15 мај 2021 год. во 14.00 часот на платото пред МКЦ, во рамки на петтото издание на манифестацијата Today It’s All About Jazz Vol.5. е закажана промоцијата на албумот „Dzijan Emin & Magical Orchestra – Live in Ohrid“. Албумот e првенче на ЗЏМ Рекордс, и претставува албум снимен во живо на концертот одржан во Антички театар, 2019 година. Магичниот оркестар кој изведува авторски композиции на матичниот диригент на ЗЏМ Биг Бендот, оркестратор, композитор и мултиинструменталист Џијан Емин, е составен од членови на ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот и гудачи од Македонската Филхармонија. Со онлајн стриминг на концертот Dzijan Emin & Magical Orchestra – Life in Ohrid на 30 април беше одбележан и Меѓународниот ден на џезот.]]>

Двојна промоција: „Иста судбина“ и „Смртник“ https://arhiva.vistina.com.mk/dvojna-promocija-ista-sudbina-i-smrtnik/ Thu, 25 Mar 2021 13:48:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196037

Оваа сабота, на 27 март 2021 година со почеток во 18.00часот,  закажана е промоцијата  на заедничката песна „Иста Судбина“ на Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова. Истата ќе се одвива во рамките на промоција на  новиот албум на штипскиот рокер, Роберто Поп Димитров, насловен како „Смртник. Настанот ќе се одржи во  просториите на „Дом на млади“  во Штип, каде пред новинарите и јавноста ќе бидат претставени обата проекта. ]]>