албум -коцка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Mar 2018 09:56:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png албум -коцка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дарко Спејко знае како се шири љубов: Кога сите коцки во љубовта ќе ти се наместат… ! (ФОТО + ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-spejko-znae-kako-se-shiri-ljubov-koga-site-kocki-vo-ljubovta-kje-ti-se-namestat-foto-video/ Tue, 06 Mar 2018 09:53:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=15037

Ако мислевте дека веќе ги подзаборавивте - грешите... Сагата за македонските Бред и Анџелина,  Дарко-Спејко и Љупка Митрова продолжува... И тоа со рубиковата коцка на животот. А, мозаикот на  животот Дарко-Спејко очигледно знае како да го сложи и спакува... И тоа верувале или не, во една единствена коцка!
Имено кумановскиот заводник, во последни време страствен љубовник кој до уши  е вљубен во својата понежна половина, модната блогерка Љупка Митрова, има нова љубовна играчка. И тоа не било каква, туку токму онаква, со која целата своја љубов во моментов може да ја спакува така, што како и да ја врти, превртува, отвора, затвора, реди и прередува... повторно е еднакво силна и впечатлива!
А како и не би кога на Спејко и Љупка им се посреќи за кратко време, речиси преку ноќ, сите коцки во љубовта да им се наместат... Тогаш е многу лесно да го овековечиш секој поскауван момент со фотографија, па сите свои слики да ги спакуваш во коцка!  Љубовна, чудесна, магична...  Онаква, каква што за сега има само Спејко, а во неа тој и таа... и нивната љубовна романса!
Ама Спејко не е себичен, па како што својата љубов ја споделува со јавноста преку социјалните мрежи и медиумите, така сега реши истата и да ја шири... Не, да не се разбереме погрешно, „големиот брат“ нема намера да ја дели својата љубов со никого, туку има намера на другите да им покаже како се шири љубов, чувајќи ја сопствената... во албум-коцка!
Затоа Спејко магичната љубовна коцка одлучи да им ја понуди на сите останати... Ем е убав љубовен паметник, ем може да биде сувенир на спомени и потсетник на Вашите незаборавни моменти!
А, еве го, доаѓа и празникот на жената... 8-ми Март е на прагот, па кој знае, можеби токму ваквиот необичен подарок во вид на албум-коцка ќе ја фасцинира и вашата љубов!
Зашто, како што и самиот Спејко вели: Сè што никогаш не сум направил, сакам да го направам со тебе“ или подобро: „Се ' што сум направил со тебе, сакам да го спакувам на едно место и да ти го подарам одново на тебе“!
]]>