алан форд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 Nov 2020 08:55:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png алан форд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Снеже Велков има рецепт за патот до успехот: „Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш“!!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-ima-recept-za-patot-do-uspehot-ako-sakash-da-pobedish-ne-smeesh-da-izgubish-foto/ Mon, 23 Nov 2020 08:55:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177288

Сите убави, (а Бога ми и неубави) нешта прво се случуваат во мислите. Вашите или туѓи, во зависност што замислувате, што посакувате, кон што се стремите, што целите... Или кому што му мислите и тој вам! Пото стапува не сцена реализацијата, акцијата, валоризацијата, материјализацијата... Како и да е, старата опортуна теорија на спротивности за тоа на што почива светот и животот, на идејата или материјата, се' уште е во постојана борба помеѓу идеалистите и материјалистите. И додека едните мечтаат, сонуваат, мислат, си замислуваат, измислуваат... другите, нивните идеи ги материјализираат. И тоа легално... или илегално, сеедно, важно е дека ретко кој има и „умна глава и полни џебови“ во исто време, а при тоа да не позајмил, украл, ископирал, измамил... туку се' сам да смислил и комплетно реализирал! Но нејсе, како да дојдете до иделаната формула за успех многумина размислувале и книгуи пишувале, а за една од нив се фати и нашата позната ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков...
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

„Мисли и збогати се“ се вика четивото што и го привлекло вниманието и ја залепило за неговите страници... Случајно или со предумисла, згодната Снежа ја грабнала книгата в раце и не се двои од неа додека не ја простудира. „Сите убави нешта прво се случуваат во мислите. Напишана е од Наполеон Хил во 1937 година и уште важи како пучно четиво за луѓе кои имаат намера да успеат и да не звршат во масата на просечни вработени. Мисли и збогати се" е впрочем управување со своите мисли преку методи, преку приципи преку себеспознавање со единствена цел да ги надминете пречките кои викаат дека тоа што сте го замислиле е невозможно и да стигнете до посакуваната цел...“ - е поентата на четивото „на среќата“, кое живо ја заинтересира Снеже Велков. „Низа инспиративни приказни за луѓе кои успеале а припаѓале на просечните луѓе, инспративни мисли и насоки дека шансата не доаѓа секогаш завиткана во убава хартија, туку некогаш е сосема спротивното, некогаш шансата доаѓа како проблем.... И фактот дека сите генијални идеи на почетокот изгледаат како комплетна лудост“ - пишува Снеже раскажувајќи ја целта и поентата на книгата. Арно ама, едно е на хартија, друго е во пракса... Едно е напишано во книга, друго не учи животот... Особено што секаде не важат подеднакво истите правила, колку и да се универзални. Зашто на толку проблеми, ако истите биле скриени шанси, да беше така како што пишува, до сега ќе бевме Швајцарија на Балканот! Патем, генијалци и генијални идеи овде отсекогаш имало... Впрочем и Тесла и Пупин имаат македонска жица, македонски корени во потеклото... Ама за жал нам до ден денес ни останала само лудоста. Затоа  поентите и принципите од книгата кои Снеже Велков ја фасцинирле, овде или многу малку важат или воопшто не важат. Како на пример, оние од типот:
  1. Ако сакаш да успееш, мора точно да знаеш што сакаш!
  2.  Формалното образовиени не учи на се', освен на тоа како да го примениме и да направиме пари...
  3. Погрешно е дека знаењето е моќ... Знаењето без конкретна примена кон конкретна цел, не значи ништо.
  Овде многу повеќе важат принципите и поентите или поточно уренебесните мудрости од култниот стрип Алан Форд и неговите легендарни ликови:
  1. Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш!
  2. Кој ќе ја изгуби добивката, тој ќе ја добие загубата!
  3. Еден за сите - СЕ' за еден!
  4.  Подобро да живееш 100 години како милионер, отколку еден месец во беда. 
  5. Ние ништо не ветуваме... А тоа и го исполнуваме (Партија на вистината).
  6. Подобро жива кукавица, отколку мртов херој...      
И уште цела низа други „мудрости“... Но, тоа не значи дека не треба да читате книги... Па макар и онаа што убавата водителка Снеже Велков ја воодушевила и од се' срце ви ја препорачува. Впрочем, добро е да прочиташ, а уште подобро е да издадеш книга, отколку да издадеш пријател, сопствениот народ или татковината, што, како што ви е веќе познато, овде не е редок случај! Најважната поента во книгата што ви ја препорачува  Велков вели: „Мислата е таа која ќе те насочи каде сакаш да одиш, а акцијата ќе те однесе до целта“. Колку умеат да мислат они е што не водат, видовме од нивната „акција“... До душа тие си ја постигнаа целта, а нас не (не) одведоа... до никаде! А, кој ни е виновен, кога не „ги прочитавме“ на време!       Затоа, читајте... Книги или стрипови, сеедно, важно е да се чита и од прочитаното четиво да се извлечат најважните поенти и поуки. Тоа сакаше убавата водителка Снеже Велков да ви го каже. Ние за крај, ќе ви кажеме уште една поента од легендарниот стрип: „Купете и цвеќе на саканата жена... патем, не заборавајте ја и сопствената“! Не знаеме само дали и министерот Венко Филипче читал Алан Форд?            ]]>

Алан Форд – владина екипа https://arhiva.vistina.com.mk/alan-ford-vladina-ekipa/ Fri, 07 Sep 2018 11:18:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46909

Оваа СДС влада неодоливо потсетува на стрипот Алан Форд.  Премиерот и неговите министри се плукнати ликови од култниот стрип за ТНТ бандата од таинственото скривалиште во њујоршката цвеќарница.
Број еден, Гервасиус, Јеремија, Грунф, сир Оливер, Боб Рок, Алан Форд... Поедни министри, вицепремиери од владата на СДС, градоначалникот или директоротна фондот за иновации да речеме, зарем не ви личат со своето дејание на овие стрип ликови? Ама која е бандата? ТНТ... Онаа од Алан Форд?
И дали во нив некого ќе препознаете и кого? Наше е само да ви ги претставиме. Идентификацијата е ваша работа. И да, секако... Секоја сличност – е случајна! Само претставувањето на бандата е намерно. Онаа, ТНТ од култниот стрип. Се' друго, не е ништо лично!
-Број 1 – е лидерот. Првиот човек на ТНТ бандата. Секогаш има „широка рака“ и разбирање кога се парите во прашање. Оние што треба да ги земе само за себе, секако. Човек кој знае како да го добие она што сака. Се прави „глув“, а всушност многу лесно доаѓа до информации, служејќи се со уцени! Податоците ги црпи од  „блокчето“ во кое се запишани „сите гревови на светот“: кој, што, кога, каде, колку, кому... Ама баш сите гревови -  освен неговите! Зошто тој е безгрешен! Впрочем, тоа и судот го има потврдено!
-Гервасиус Твинклминклсон – е позамашна личност. Корпулентна. И физички и по функцијата. Полициска! Извонредно способен и подвижен, ама само во сон! Прв човек во бандата, веднаш до Број 1! Акциите ги планира длабоко размислувајќи со затворени очи! Ги отовра само во случај прекршокот или делото да го направил некој од некоја контрабанда! Пред да изгради кариера, работел како општински чиновник. Откако ќе се здружи и зближи со Број 1 станува... она што ќе посака!
-Јеремија – синоним за умирање од сите можни познати и непознати болести. Секогаш заедно со шефот е во „длабоко размислувње“ за идните планови. Одвреме - навреме доаѓа во конфликт со повлијателните поединци од бандата, при што секогаш го извлекува „подебелиот крај“. Омилено место за излегување му се аптеки и веледрогерии. Непрестано бара пари за лекови, ама не ги добива... Не, барем јавно!
-Сир Оливер – познат по прекарот: „Повеќе лопов, отколку џентлмен“, иако обожава да се претставува како ова второво. Поточно, да глуми  џентлмен. „Економијата“ на големо и мало ја има во малиот прст.  Личност  позната по тоа што „доброволно ја напушта другата страна“, заради „недоразбирање“ со власта. Секогаш е поврзан со „препродражба“ на скапа стока, која по некое чудо, секогаш завршува кај најбогатите.
-Грунф – Најинвентивниот член на бандата. Секогаш е подготвен за нови изуми. Подготвен е за мали пари да измисли се’: од игла до локомотива! Се во служба  на Број 1.  Се истакнува со носење на маички со натпис: „Идеите секогаш ваши – парите секогаш наши“!
-Боб Рок – саркастичен тип, секогаш исто облечен. Не бега од акција, ама по правило ќе ја „по*ака“. Затоа и неретко е предмет на исмевање, што го доведува до очај, па утехата ја бара во други нешта. Во дружба со Суперхик, на пример, ноторен алкохоличар, антихерој кој краде од сиромашните за да им даде на богатите!
-Алан Форд – „наивен младич“ со строен стас, залижана коса и љубител на понежниот пол. Момче од кариера кое случајно ќе влета во бандата, но ќе се покаже како клучен играч... За нејзината пропаст и неуспех во се’ што фатиле да направат, се разбира!  ]]>