актери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Feb 2024 11:31:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png актери – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Видеото на Слобода Миќаловиќ и Иван Босиљчиќ предизвика хаос на социјалните мрежи: „Никој не може да ме убеди дека немало ништо меѓу нив“ (ВИДЕО)  https://arhiva.vistina.com.mk/videoto-na-sloboda-mikalovik-i-ivan-bosilchik-predizvika-haos-na-sotsijalnite-mrezhi-nikoj-ne-mozhe-da-me-ubedi-deka-nemalo-nishto-megu-niv-video/ Thu, 22 Feb 2024 11:27:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339772

Слобода Миќаловиќ и Иван Босиљчиќ по трет пат глумат вљубен пар во филмот „Јорговани“, а видеото во кое пеат е хит на социјалните мрежи. Премиерата на филмот „Јорговани“ ќе се одржи на 27-ми февруари како дел од натпреварувачката програма на 52. Меѓународен филмски фестивал - ФЕСТ, а од 29-ти февруари ќе го започне својот кинематографски живот, најпрвин во кината низ Србија. Но, хаос на Интернет деновиве направи видеото во кое овие двајца актери го пеат хитот „Јорговани“, кој одамна го отпеаја Весна Змијанац и Дино Мерлин. Во тој клип, музичкиот хит води до емотивна катарза во кафеаната, а кулминацијата е кога Иван Босиљчиќ вели: „Тишина, сега малку таа.“ Познато е дека и Иван Босиљчиќ и Слобода Миќаловиќ имаат фантастични вокални способности. Соработката помеѓу Босиљчиќ и Миќаловиќ започна пред многу години во хит серијата на Здравко Шотра „Ранетиот орел“, продолжи во ТВ серијата „Непобедиво срце“, а ова ќе биде нивна трета филмска средба. Но дали само филмска?
@cica_2611 Sloboda Mićalović i Ivan Bosiljčić film " Jorgovani" #fypp #fypシ゚viral #viralvideo #fyp #fyppp #balkantiktok #balkan #cica_2611 #music #viraltiktok #trending #new ♬ original sound - 💫𝙲𝚒𝚌𝚊_𝟸𝟼𝟷𝟷💓💞🤍
Зашто, она што го привлече вниманието се коментарите на социјалните мрежи. И тоа на сите, од платформата Х, преку Инстаграм, ТикТок до Фејсбук, коментарите се слеваат со денови и се од ипот:„Овие двајца отсекогаш ми биле подобар пар отколку со нивните партнери.„ Несудени во животот, меѓусебно судени!“, „Како само летаат искри“, „Никој не може да ме убеди дека немало ништо меѓу нив“...! Фото: film Jorgovani/Košutnjak film/ТикТок/cica_2611]]>

Бејби-бум во 2023 на македонската јавна сцена: Еве кого сe’ посети штркот изминатите месеци (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bejbi-bum-vo-2023-na-makedonskata-javna-stsena-eve-kogo-se-poseti-shtrkot-izminatite-mesetsi-foto/ Sat, 13 Jan 2024 08:50:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333392

Во изминатава година, јавната сцена и светската и домашната, се подмлади. Штрковите слетаа во многу домови и ја донесоа неизмерната среќа, семејствата се зголемија, а во најубавите улоги настапија голем број пејачи, актери и водители, спортисти. Мајки, татковци, баби, дедовци... На глобалната сцена најмногу внимание предизвика Парис Хилтон, која доби две бебиња во иста година, додека пејачката Ријана и супермоделот Наоми Кембел станаа мајки по втор пат. Кон крајот на годината бевме пријатно изненадени и воодушевени од тоа што и Марија Шерифовиќ се оствари во улога на родител. Нејзиниот син Марио го виде свелото на денот во Америка, со помош на сурогат мајка, а пејачката се уште не може да се совземе од среќа. Кај соседите во Србија исто така пристигнаа многу бебиња... И кај нас во Македонија годината беше плодна и дарежлива. Радосните вести го преплавија и јавен живот, па изминатите 12 месеци објавивме и честитавме за приновите на многу јавни личности. Повеќето беа летни и есенски бебиња, но генерално во секој месец од годината доаѓаше ново бебе. Веќе на почетокот на годината односно на 31-ви јануари, татко по вторпат стана ракометниот голман Борко Ристовски. Сопругата Нина се породи се породи на државната клиника и на свет донесе женско бебе кое го доби името Анастасија, а малиот Душан стана поголем бато. Викторија Јаначковиќ, една нашите најпознати манекенки и некогашна миисица, на 26.01.2023 година Викторија на свет донесе здраво и право девојче, кое го добило името Никита. Следен меѓу спортистите кој се израдува на втора среќа во месец февруари беше и ракометарот на „Вардар“ и македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов стана татко по вторпат. Неговата сопруга Деница на свет донесе машко бебе. Во месец април повторно штркот донесе бебе во светот на спортот каде немаше пауза од убави вести. Па така, татко по третпат стана македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски кој по двата сина доби ќерка. Принова за првпат дојде и во семејното гнездо на поранешната новинарка на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, Марија Петровска. Роди син во Словенија– здраво машко чедо кое го носи името Домен. Во истиот пролетен месец, татко стана и младиот пејач Филип Пешевски. Прво, па машко за Филип и мама Ирина, а пејачот до последно криеше се’ од приватноста, па приновата за јавноста беше изненадување како гром од ведро небо. Пред старот на летото и музичката двојка Филип Нуне и Мими Јовановска станаа родители за прпат. Пејачката во една приватна клиника во Скопје на свет донесе живо и здраво машко бебе кое го доби името Никола. Во редот каде штркот имаше бебе за носење беше и адресата на пејачот Даниел Кајмакоски и неговата втора сопруга Марина кои станаа родители. На 30-ти април на свет дојде машко бебе на кое мама и тато му го дадоа името Стефан. Во месец јуни татко по четврти пат стана и пејачот Никола Перевски- Пере. Со доаѓањето на бебето Инес женското царство на музичарот стана уште поголемо. Уште една музичка брачна двојка се оставари во улогата на мајка и татко. Антониа Гиговска и музичарот Роберт Спасенцовски во месец јули станаа горди родители на бебето Киан. Од музичарите со принова се израдува и македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски и неговата избраничка, планинарката Ирина Дишовска, станаа родители за првпат на синчето Јосиф. Како родители се остварија и познатиот македонски хип-хоп музичар Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа Неделковска која роди син. Меѓу најбогатите на свет беше пејачот Маријан Стојановски кој доби трето дете. По Вероника и Петар, сопругата Наташа му ја роди и ќерката Кирјана. Цветаше и полето на актерството. Македонскот актер, водител и пејач Жарко Димоски ги изненади своите следбеници, барем оние што не знаеја, дека станал татко за првпат. Жере и неговата сопруга Андреа преку специјална фотосесија обзнанија пред јаноста дека станале родители на машко бебе. Радосна година беше и за пејачот Јордан Митев кој по шест години брак, со неговата сопруга Славица станаа родители за првпат. Јордан на Фејсбук објави дека станал татко на женско, а убавата вест ја доби додека беше на голема турнеја низ Австралија. Пред крајот на годината во светот на актерите се роди наследничката на актерката Емра Куртишова и актерот Петар Стојанов. Малата Лена стана нивниот универзум и им го смени животот. И за крај, токму пред прагот на Новата 2024 пристигна уште едно женско бебе. Кристијан Станковски или едноставно Бомбакис стана татко на ќерка која е Бисерчето на елката од Новата година! Да се живи и здрави сите! фото: Instagram printscreen/ Facebook/acibademsistina]]>

Доминација на црвен килим на Сараевски филмски фестивал: Ана Стојановска го носеше најсексапилниот фустан од кој погледот кон неа останува фиксиран (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dominatsija-na-tsrven-kilim-na-saraevski-filmski-festival-ana-stojanovska-go-noseshe-najseksapilniot-fustan-od-koj-pogledot-kon-nea-ostanuva-fiksiran-foto/ Fri, 18 Aug 2023 07:41:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314204

Најновото дело на Милчо Манчевски, филмот „Кајмак“, беше прикажан на 29. Сараевски филм фестивал во програмата „Open Air“, каде што ќе присуствува и дел филмската екипа. Ана Стојановска која е препознатлива по филмовите на Манчевски и актуелна по последниот, „Кајмак“, беше меѓу глумиците што го привлекоа вниманието на црвениот килим на сараевскиот фислмски фестивал. Ана едноставно кажано доминираше со својот минималистички, но ултра впечатлив стајлинг. Таа избрала црн асиметричен фустан со топ од горниот дел и длабок пресек кај струкот и колговите, што дополнително ја нагласи нејзината вита става. Ана чекореше заедно со режисерот Милчо и колегата Филип Трајковиќ, движејќи се меѓу нив како божица кон која погледот се фиксира. Ана на секоја од премиерите на „Кајмак“ знае модно да издоминира играјќи на карта на провокација, но сосема умерана и соодветна на нејзиниот темперамент и приликата каде се појавува. Актерката периодов е доста ангажирана и за емисијата „Во радиус“ заедно со колегата Дритон Вејсели, а се прикажува на МТВ. Во однос на „Кајмак“ наскоро ќе има и американската премиера, во рамки на 33-тиот фестивал „Синеквест“ во Калифорнија од 15 до 30 август. Се работи за еден од најголемите независни фестивали на американскиот континент. До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали. фото:Инстаграм принтскрин/Ана Стојановска]]>

Најпосле е постигнат договор меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли: Пресврт во најдолгото холивудско судење https://arhiva.vistina.com.mk/najposle-e-postignat-dogovor-megu-bred-pit-i-andhelina-dholi-presvrt-vo-najdolgoto-holivudsko-sudene/ Fri, 28 Jul 2023 06:20:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311857

Дури и веста за судскиот спор меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли се чини стара поради тоа што веќе долго време кружи низ медиумите, сепак вистината е една - спортот е реален и конзистентен. Според странските медиуми, се ближи наводниот крај на најпознатиот холивудски судски процес, а главни актери се поранешните сопружници, актерот Бред Пит и актерката Анџелина Џоли. Причината е винарија во Франција, а како што пишува „Дејли мејл“, двојката наводно донела одлука која никој не ја очекувал. Имено, тие решиле да ја прекинат агонијата и да се согласат на посредување кое би можело да го реши нивниот спор. Документите за спорот со лозјата, кои датираат од минатата недела, покажуваат дека и двете ѕвезди се согласиле на посредување како алтернативен метод за решавање на спорот за винаријата Шато Миравал, наместо да одат на суд. Анџелина Џоли изјавила дека е подготвена да учествува во преговорите, пишува споменатиот весник. Да потсетиме дека холивудскиот актер Бред Пит ја обвини својата поранешна сопруга, актерката Анџелина Џоли и нејзината поранешна инвестициска кампања дека организирале непријателско преземање на семејното лозје. Анџелина и Бред во 2008 година купиле удел во замокот Миравал, на југоистокот на Франција, за 25 милиони евра, каде што се венчале шест години подоцна, а сега поради тоа се тужат. Поточно, на суд се од 2016 година кога се разделија. Според последните информации, Пит ја обвини поранешната сопруга дека го продала својот дел на руски олигарх и покрај нивната усна согласност да не го продаваат својот дел без согласност на другиот. Според правните документи до кои дошол The Blast, тие тоа го правеле тајно, под контрола на рускиот олигарх Јуриј Шетлер. Додека тој зазема една страна, актерката ги карактеризира постапките на Бред како несериозни и злонамерни и истакнува дека Пит го „ограбил“ лозјето Шато Миравал, трошејќи милиони долари за реновирање на базенот и студиото за снимање, тврдат адвокатите кои го тужат актерот. Компанијата „Нувел“, преку која Џоли претходно имаше удел во француска винарија, пред судот во Калифорнија истакна дека Пит и неговите партнери ѝ должат повеќе од 350 милиони долари. Компанијата соопшти дека тие „се ангажирале во сè побезобразни акции за да ја задржат контролата“ врз Миравал, додека наводно ги заплениле неговите средства. Во обвинението се наведува дека Пит се однесувал како „разгалено дете“ додека се занимавал со „флагрантна проневера“. фото:Инстаграм принтскрин/Профимедиа]]>

По жестоката битка Херд му плати милион долари на Џони Деп, а актерот веќе испланирал на што ќе ги потроши  (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/po-zhestokata-bitka-herd-mu-plati-milion-dolari-na-dhoni-dep-a-akterot-veke-isplaniral-na-shto-ke-gi-potroshi-foto/ Thu, 15 Jun 2023 07:58:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306358

Актерот Џони Деп откри дека ќе ги потроши парите од спогодбата со неговата поранешна сопруга Амбер Херд на пет различни добротворни организации. Херд конечно му плати на актерот од „Пиратите од Карибите“ 1 милион долари (1,4 милиони австралиски долари) од парите што му ги должеше по нивната жестока петмесечна правна битка. Деп ја доби својата тужба за клевета против неговата поранешна сопруга во јуни 2022 година, при што поротата утврди дека Херд го клеветела во нејзиниот авторски текст во „Вашингтон пост“ од 2018 година, каде таа рече дека била физички и емоционално малтретирана. На актерот му беа доделени 10 милиони долари (14,1 милиони АУД) како компензаторна отштета и 5 милиони долари (7,3 милиони АУД), подоцна намалени на 365.000 долари (538.896 американски долари) за казнена отштета. Поранешниот правен тим на парот се договори и осигурителната компанија на Херд конечно му плати на актерот 1 милион долари, со што случајот беше завршен. Според CNN, извор открил дека Деп избрал да ги потроши парите на пет добротворни организации, вклучувајќи ги Make-A-Film Foundation, The Painted Turtle, Red Feather, Tetiaroa Society и Amazonia Fund Alliance. Изворот исто така изјавил за TMZ дека Деп го избрал здружението „Painted Turtle and Tetiaroa“ за да им оддаде почит на неговите херои – основачите Пол Њуман и Марлон Брандо. Кога Херд објави дека ќе му ја исплати сумата на својот поранешен сопруг во декември, таа тврдеше дека тоа не е признавање на вина, туку шанса конечно да продолжи понатаму. Фото: Принтскрин/Профимедиа/Мајкл Ројнардс]]>

Авантура во радиус: Актерката Ана Стојановска и Талат од „Преспав“ се пар (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/avantura-vo-radius-akterkata-ana-stojanovska-i-talat-od-prespav-se-par-foto-video/ Mon, 29 May 2023 07:20:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303943

Ана Стојаноска и Дритон Вејсели, Вам попознат како Талат од хит серијата „Преспав“ се пар, актерско-водителски пар. Нивната врска е вистинита и тоа како водителско истражувачка двојка во новата доку-серија насловена „Радиус“. Од минатата недела, авантурите на Ана и Дритон може да ги гледа целата нација, а веруваме дека овој актерски тандем, а и авантуристичката тема, дополнително ги прави атрактивни. Првата македонска доку-серија ги раскажува автентичните приказни од Балканот. Секоја епизода е нова авантура, ново патување низ два града, две села или два региони во гранична област помеѓу Македонија и секоја од нејзините соседни земји. Ана блеска со својата компетитивност и подготвеност за акција. Таа е ранобудник со иницијатива секогаш подготвена за нови откритија. Наспроти неа го имаме Дритон кој е повеќе „турни ме да кинисам“, со телефонот во рака постојано го бара пократкиот пат до целта, а попатно неизбежно ги открива местата со најдобра храна. Не може да не ги засакате поради нивната уникатност, снаодливост и свежиот хумор. Приказните во секоја епизода се оние кои не поврзуваат но и не прават посебни, поврзани се со културното наследство, традициите и вредностите кои се заеднички за народите на Балканот, вкусната храна и прекрасната природа на регионот, како и луѓето во чии животи и професии се препознава важноста на минатото, но и погледот кон заедничката иднина. Првата епизода, во која Ана и Дритон ja истражуваат магијата на традиционалното занаетчиство и рачните изработки во Скопје и Призрен веќе е достапна на платформата Глеј и на Јутјуб каналот Радиус. ]]>

Бен Афлек призна дека со Мет Дејмон делеле иста банкарска сметка: „Ни требаше за игри, пиво и аудиции“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ben-aflek-prizna-deka-so-met-dejmon-delele-ista-bankarska-smetka-ni-trebashe-za-igri-pivo-i-auditsii-foto/ Fri, 24 Mar 2023 10:30:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294940

Актерите Бен Афлек (50) и Мет Дејмон (52) открија дека делеле иста сметка во доцните 80-ти години кога биле тинејџери. И двајцата ја наполниле сметката со пари од улоги и ја користеле за аудиции и играње игри. Во тоа време тие беа цимери и на секој начин си помагаа да успеат во актерската кариера. – Сакавме да бидеме таму еден за друг. Беше како: „Нема да бидеш сам. Нема да бидам сам. Ајде да го направиме ова заедно – откри Афлек за време на гостувањето во подкастот на Бил Симонс. Мет сепак додал дека било невообичаено да се делат парите. Се додека еден од нив има пари, знаеле дека нема да им ја прекинат струјата. – По една улога во Џеронимо имав околу 35 илјади во банка. Му реков: „Мирни сме една година“, изјави Мет. Актерите додале и дека имаат правила за земање пари од сметката. Десет долари дневно ги користеле за играње игри, а останатите пари за аудиции. – На крајот си дозволивме да се обидеме да купиме пиво, но тоа никогаш не ни успеа – опиша Дејмон. 30 години подоцна, банката каде што имале сметка е затворена, но Дејмон и Афлек сè уште работат заедно. Неодамна соработуваа на филмот Air во режија на Бен. – Ми се допаѓа да работам со ова момче. Сакам да се дружам со него – заклучил Афлек. Фото: Принтскрин/Профимедиа]]>

Неџла за првпат го покажа новородениот син (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nedhla-za-prvpat-go-pokazha-novorodeniot-sin-foto/ Thu, 16 Mar 2023 12:08:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293737

На 18 јануари се роди синот на актерската двојка Бурак Озџивит и Фахрие Евџен, а среќната вест ја пренесоа турските медиуми. Сепак, парот не се огласуваше на мрежите речиси два месеци, туку си дозволи целосно да се посветат на новиот член на семејството. Синот на Бурак и Фахрие,Каран, доби помал брат, Керем и покажа дека е исклучително грижлив. Пред неколку дена гордата мајка се врати на социјалните мрежи, а сега конечно го покажа и помалиот син- делумно. Имено, таа објави фотографија од семејниот дом на која се гледа како ужива во убавиот ден во својот двор додека друштво и прави бебето кој дреме во количката. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Со години не се појавиле на исто случување: Холивускиот заводник не дојде на Оскарите само за да не се сретне со поранешната сопруга (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/so-godini-ne-se-pojavile-na-isto-sluchuvane-holivuskiot-zavodnik-ne-dojde-na-oskarite-samo-za-da-ne-se-sretne-so-poraneshnata-sopruga-foto/ Wed, 15 Mar 2023 11:16:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293464

Оскарите се најважниот настан во годината во филмската индустрија, па не е чудно што на оваа церемонија ги гледаме најголемите фаци на Холивуд во нивните најдобри изданија, но оваа година со отсуство на две големи имиња од светот на филмот. Во прашање се актерот Вил Смит, кому не му беше дозволено да дојде на прославата бидејќи по минатогодишниот напад на водителот Крис Рок, му беше изречена забрана за тоа, а мега познатиот Том Круз, чие отсуство привлече многу внимание бидејќи неговиот филм „Top Gun: Maverick“ доби шест номинации. Според Дејли Мејл, Круз не сакал да се појави на Оскарите поради многу бизарна причина. Имено, извори блиски до актерот тврдат дека Том избегнал да присуствува на церемонијата за да не мора да ја сретне поранешната сопруга Никол Кидман од која се разведе пред 20 години.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tom Cruise (@tomiicruise)

„Том не беше таму бидејќи таа беше таму, а тој не сакаше да налета на неа“, тврди еден од изворите блиски до Круз, додека друг извор рекол дека неговото отсуство не било од лична природа, туку дека тоа не се вклопи во неговиот распоред, пренесува story.hr. По разводот Том Круз и Никол Кидман со години не беа видени на исти настани, а на Оскарите таа дојде во придружба на нејзиниот сопруг, музичарот Кит Урбан.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Vogue Australia (@vogueaustralia)

Инаку, Никол и Том беа во брак 11 години, што е и најдолгиот од неговите три брака (пред Никол беше со актерката Мими Роџерс, а по Никол со Кејти Холмс). Заедно посвоија две деца, а бидејќи беа еден од најпознатите парови во Холивуд, нивниот развод изненади многумина. Самите не зборуваат за разводот, но долго време се шпекулираше дека разводот дошол затоа што Никол повеќе не можела да го поднесе зголемениот притисок на Скиентолошката црква, на која и припаѓал Том, и водела битка за своето ментално здравје. фото:A.M.P.A.S. / PictureLux / Profimedia/Instagram]]>

Двајца турски актери и една пејачка жртви на земјотресот во Туција, а загинаа и нивните најблиски (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dvajtsa-turski-akteri-i-edna-pejachka-zhrtvi-na-zemjotresot-vo-tutsija-a-zaginaa-i-nivnite-najbliski-foto/ Mon, 13 Feb 2023 11:32:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288592

Меѓу жртвите од земјотресот во Турција се објавени имиња и на двајца познати актери и една пејачка. Станува збор за турскиот актер Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга, познатата пејачка Зилан Тигрис. Веста јза нивната трагична смрт ја потвдија турските медиуми, кои пишуваат дека се пронајдени под рушевините на деветокатницата во Дијарбекир. Спасувачите со часови слушале галсови и повици за помош, но кога конечно ги пронашле тие веќе биле починати од хипотермија. – Нашиот колега Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга музичар Зилан Тигрис ги загубија животите. Многу ни е жал. Наше сочувство до сите. На сите негови фанови им посакуваме трпение, се вели во соопштението од Синдикатот на актерите. Загината под урнатините беше и познатата турска глумица Емел Атичи, која имаше епизодна улога во серијата „Горка земја“ . Таа загина во катастрофалниот земјотрес во Турција, во градот Адана, а покрај неа беше пронајдено и телото на нејзината ќерка Ханде. фото:Инстаграм принтскрин/Твитер]]>