ако утре ме нема – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Aug 2022 12:25:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ако утре ме нема – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо ДНК ја доби најголемата награда што еден артист може да ја има (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-ja-dobi-najgolemata-nagrada-shto-eden-artist-moze-da-ja-ima-foto/ Thu, 11 Aug 2022 08:43:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262202

Статуетки и разни наградни признанија секако се гордост и среќа за еден артист, кога се добиваат дома, па уште подраги и кога се од надвор. Сепак, ништо не се мери со сатисфакцијата која еден уметник ја добива од публиката, особено преточена во збор, пеење на стихови, громогласен аплауз, чекање на бис на настап... Владимир Блажев или попознат како Панчо Шорти –ДНК неодамна заедно со композиторот Лазар Цветковски ја создадоа песната „Ако утре ме нема“ која за ултра кус период стана вистински хит кој се пушта во дискотеки, кафилиња, радио станици, има стотици илјади прегледи на интернет каналот Јутјуб и се пее во еден глас.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Дополнително песната им се допадна и на соседите, па деновиве осамна и преработката на српски јазик „Ако сутра ме нема“ испеана од Џенан Лончаревиќ. Но, Панчо ја доби најголемата награда како еден од авторите на музиката и текстот. -За мене, ова е најголемата награда што еден артист може да ја добие. Ви благодарам!, пишува Панчо за коментарите кои ги добива од публиката. „Уфф ме растури песнава психички скроз ме искина! Браво!“, „Браво“, „Песна за милион години“... А како песна која се слуша на „рипит“, пуштете си ја „Ако утре ме нема“. Кога и медиумите тоа го забележуваат и објавуваат за пошироката маса, веруваме дека им  е уште подраго. фото:Инстаграм/Панчо Шорти/ Стефан Рајхл]]>

„Ако утре ме нема“ на ДНК доби српска верзија испеана од Џенан Лончаревиќ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ako-utre-me-nema-na-dnk-dobi-srpska-verzija-ispeana-od-dzenan-loncharevikj-video/ Mon, 08 Aug 2022 09:32:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261771

„Ако утре ме нема“ е последната и најнова песна на r&b дуото ДНК која уште по излегувањето стана хит кој се пушта во сите дискотеки, се врти по радиостаниците, а растат и прегледите на интернет каналот Јутјуб. Панчо и Лазар Цветковски кои ја потпишуваат музиката, а Панчо и текстот, се особено горди што ова нивно дело го отпеа на српски јазик популарниот поп-фолк пејач Џенан Лончаревиќ. Препевот пак, го направи Сергеј Ќетковиќ, а звучи доста оригинално на првосоздаденото. За само два дена песната на Јутјуб има над сто илјади прегледи и доста ласкави коментари на оние кои само слушаат, но не обрнуваат внимание на авторството и тоа дека песната е препеана од македонски јазик, па сите заслуги отидоа кај Џенан. Сепак, се најдоа и такви во коментари под видеото да потсетат дека песната е на македонското дуо ДНК и е преработка, а песната првично е македонска. Вака или така, на нашите автори им одговара слушаноста, па Панчо и Лазар авторските права ќе ги добиваат од две земји. Во продолжение преслушајте ја „Ако сутра ме нема“. фото:Јутјуб принтскрин]]>

Јубилеен концерт за 20 години ДНК со промоција на новата „Ако утре ме нема“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/jubileen-koncert-za-20-godini-dnk-so-promocija-na-novata-ako-utre-me-nema-video/ Thu, 09 Jun 2022 20:00:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253803

R&B дуото ДНК со гордост ви го најавува јубилејниот концерт насловен „20 години ДНК“, кој е закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“. Концертот ќе значи заокружување на едно убаво и големо поглавје во кариерата на дуото, но и одбележување на постоењето на домашната музичка сцена на Панчо и Андреј. Билетите за претстојната музичка дружба во продажба ќе бидат пуштени веќе од понеделник 13 јуни, точно напладне и тоа преку продажната мрежа на Мк.тикетс. Со оглед на тоа дека Панчо и Андреј слават 20-годишен јубилеј, во првите 20 дена, односно во периодот од 13 јуни до 2 јули, билети ќе се продаваат по следниве цени: ВИП 800 денари, ВИП коњопој 800 денари, фан пит 200 денари и седење (трибини) 350 денари. Веќе од 2 јули цените ќе бидат следни: ВИП 1000 денари, ВИП коњопој 1000 денари, фан пит 350 денари и седење (трибини) 450 денари. - Ние сме луѓе од народот и да можеме да си го дозволиме тоа, ако целиот концерт ни е покриен од спонзори, верувајте не би ни наплаќале влезници, а така е затоа што се чувствуваме должни за сите 20 години поддршка што ја добиваме од целата наша публика. Сакаме некако да им возвратиме на сите и секој еден да може да си дозволи да биде присутен на концертот на 3 декември. Цените на билетите можеби се ниски, но ние сме убедени дека овој наш гест не е потценување на нашата работа, туку само гест на почит кон публиката која е со нас цели 20 години, едногласни се Панчо и Андреј. Освен што беа соопштени деталите за концертот, на денешната прес-конференција се случи и медиумската промоција на темата „Ако утре ме нема“, чија официјална промоција се случи вечерва на Јутјуб каналот на ДНК. „Ако утре ме нема“ е тема зад која стои веќе стандардната екипа – Панчо и Лазар Цветкоски, овој пат засилена од неверојатниот Џамбо Агушев, кој замеша прсти во аранжманот. Видеото, пак, е работено со Кристијан Теодоров, режија и камера, и Владимир Митревски -Ѓуле, монтажа и боја. ]]>